Перформанси, економичност и управување како автомобил

Transit Custom е придвижуван од напреден дизел мотор, кој може да ви понуди перформанси и економичност во различни комбинации. За да се обезбеди моќ под хаубата како и изврсно управување, фордовите инжињери не беа поштедени од напор. Додека разновидните ECOnetic технологии обезбедуваат да потрошувачката е што поекономична, со минимални CO2 емисии. За максимална ефикасност, има широк спектар на ECOnetic модели со избор од кратко (L1) или долго (L2) меѓуоскино растојание со 2700кг, 2900кг или 3100кг бруто маса на возило. 


  • Моќ

    Потполно новиот Transit Custom ви овозможува да изберете колку моќ ви треба и кое ниво на економичност. Може да бидете сигурни дека има комбинација која одлично ќе ги задоволи вашитебарања.

    Моќен и ефикасен дизел мотор

    Transit Custom доаѓа со напреден и економичен 2.2 Duratorq TDCi дизел мотор, со шест степен мануелен менувач и погон на предни тркала. 

    Постојат три нивоа на моќност од кои може да изберете: 100 КС/310 Nm, 125 КС/350 Nm или 155 КС/385 Nm. За било која опција да се одлучите, вртежниот момент и испорака на вртежниот момент се подобрени, за возилото да ви понуди моќност во изобилство независно дали е товарено или не – дури и кога поаѓате.

    И, комбинирано со Ford ECOnetic технологиите, моторот ги спушта трошоците за поседување, го намалува влијанието врз животната околина и ги исполнува строгите Еуро Ниво 5 стандарди.

  • Управување

    Transit Custom комбинира неверојатно возење, управување и прецизно ракување со извонредна стабилност и контрола независно од натовареноста. Всушност, нуди слично ниво на уживање како кај Ford автомобилите.

    Контролирана забава со добро подесена шасија

    Прецизно подесена шасија, значително зајакната кај предната и задната оска, носи одлични нивоа на стабилност и контрола. Бенефитот е зголемен, благодарејќи на оптимизираната ултра-крута структура на возилото.

    Максимална тракција за поголема контрола

    Контролата на векторот на моментот реагира на патот 100 пати во секунда. (33 пати побрзо одколку да трепнете) Користејќи ги овие информации, ја балансира количината на моќ испорачана до секое од двете предни тркала. Ова го максимизира држењето на патот и го заоштрува управувањето, помагајќи во секаков вид на свиоци.

  • Економичност

    Transit Custom постигнува извонредна економичност. ECOnetic моделот испорачува ниски CO2 емисии дури до 162г/км*. Како и самиот економичен мотор, голем број на ECOnetic технологии се комбинираат за да се постигнат овие извонредни резултати.

    Користете помалку гориво користејќи Ауто-Старт-Стоп

    Кога вашето комбе е во мирување, како на семафор или додека чекате во редица, оваа опционална технологија автоматски го исклучува моторот (додека сеуште обезбедува струја за важните направи како климатизацијата и радиото) каде потоа повторно го уклучува во истиот момент кога ќе одлучите да појдете. Овој систем е екстремно ефективен доколку поголемиот дел од вашето возење се одвива во град, каде може да ја скрати потрошувачката до 10% (потрошувачката во град).

    Паметен начин да се наполнат батериите

    За разлика од конвенционалните системи, паметното регенеративно полнење ги полни батериите кога е потребно и кога е возможно, избегнува да ги полни додека ја притискате гас педалата. Ова може да помогне да додатно ја намалите потрошувачката и издувните гасови.

    Контрола на забзувањето ќе ви помогне да возите поекономично

    Оваа иновативна нова опција ја контролира стапката на заврзување на возилото прилагодено според тоа дали е товарено или делумно товарено. Како резултат може да очекувате да се намали потрошувачката до 15% зависно од вашиот стил на возење. Оваа технологија може исто така да помогне да се намали количината на абење и трошење на моторот, кочниците, пневматиците и други компоненти.

    Индикатор за промена на брзина за поголема економичност

    Индикатор на инструмент таблата ви кажува кога е потребно да се промени брзината за најдобра економичност. Едноставно но ефективно за да ви помогне секое патување да биде поекономично.


    * Наведените бројки се за ECOnetic модел со кратко меѓуоскино растојание опремен со ограничувач на брзината на 100 км/ч.

Bookmark & Share