Нови нивоа на заштита

Потполно новиот Transit Custom поставува нови стандарди за комерцијално возило заштитувајки ги своите патници и пешаците. Впрочем, тоа е првото и едниствено возило во својот сегмент што некогаш го постигнало максимумот од 5 звезди за безбедност од Euro NCAP. Тоа е исто така првото комерцијално возило кое има добиено Euro NCAP Advanced награди за своите технологии. Тоа се две иновативни технологии: Предупредување за Држење Лента и Ford SYNC® со Emergency Assistance, кој може  да ги повика службите за помош во случај на незгода.


  • Помош за возачот

    Emergency Assistance во сообраќајна несреќа

    Во несакан случај на сообраќајна несреќа, наградуваната Фордова SYNC Emergency Assistance опција се активира преку отворање на воздушното перниче или при сопирање на дотокот на гориво од пумпата. Се додека вашиот мобилен телефон е поврзан со  SYNC, технологијата може да го користи за директно да ги повика службите за итна помош, давајки им важни информации, како вашите GPS координати, и ви овозможува на вас да разговарате со нив. Emergency Assistance ја освои наградата за Најдобра Мобилна Иновација во Автомотивниот транспорт или алатка при Глобалните Награди за Мобилна телефонија 2012.

    Додатна контрола при  поаѓање на угорници

    Системот за помош при тргнување во нагорнина привремено спречува  да се вратите наназад кога поаѓате по угорница. Системот работи така што одржува притисок на системот за кочење до 3 секунди, давајки ви повеќе време и контрола додека го движите вашето стапало од кочницата до педалата за гас. Исто така системот е корисен кога застанувате или поаѓате на лизгави површини.

    Напреден систем кој ќе ви помогне да останете во вашата лента

    Ако оцени дека вие несакајки ја напуштате вашата  лента, системот за Предупредување за држење на лента може преку вибрации во воланот и прикажувајки визуелно предупредување да ве извести за вашето напуштање од коловозната лента. (Можете да ги подесите вибрациите на едно од трите нивоа на осетливост).

    Системот за Будност на возачот ве предупредува кога ке забележи дека сте уморни

    Системот за Будност на возачот  константно го набљудува вашето однесување во возењето и е дизајнирано да забележи било какви промени кои би можеле да бидат предизвикани од страна на замор. Ако детектира дека сте се помалку подвижни, икона за предупредување се појавува на дисплејот која ви сугерира дека треба да направите пауза. Форд  доби престижна  Euro NCAP Advanced Reward за оваа технологија.

    Предупредување за итно сопирање

    Системот за Предупредување за итно сопирање (EBL) автоматски ги вклучува сите трепкачи за да ги обавести останатите учесници во сообраќајот дека извршувате нагло сопирање. 

  • Безбедност на возилото

    Безбедност од 5 звезди за да ве заштитат

    Потполно новиот Transit Custom е првото и единствено комбе во својот сегмент кое ја освои максималната оцена од 5 звезди од водечката организација за безбедност Euro NCAP.

    ESP ви помага да останете под контрола без разлика на условите

    Електронската програма за стабилност (ESP) константно го набљудува движењето на вашето комбе. Системот чувствува било какви девијации од вашата линија на движење, и при излизгување автоматски ја корегира вашата позиција на патот, помагајки ви да ја задржите контролата над возилото. Технологијата исто така помага да се намали патот на сопирање во критични ситуации.

    Контролна опција која се прилагодува на вашиот товар

    Приспособлива контрола на товарот (LAC) го прилагодува  ESP системот според тоа дали вашиот Transit Custom e товарен или нетоварен. Ова обезбедува контрола и стабилност во сите услови на натовареност. 

    Континуирана заштита против превртување

    Системот за Спречување на превртување (ROM) го набљудува Transit Custom и идентификува опасни услови за возење кои можат да предизвикаат превртување. Системот тогаш го активира ESP системот да интервенира, да ја контролира брзината и да ја поврати стабилноста.

    Ја одржува вашата приколка безбедно во лента

    Помош против нишање на приколката (TSA) детектира кога вашата приколка бега од својата траекторија и ја намалува брзината на Transit Custom за да го реши проблемот, правејки го влечењето по контролирано. Го забавува возилото со намалување на влечната сила на моторот и постепено зголемувајки го притисокот на кочниците на сите тркала.

    Максимум држење на патот со минимален напор

    Нашиот напреден систем за Контрола на влечењето (TCS) го елиминира непотребното вртење на тркалата во место и ви го дава најдоброто можно држење на патот, перформанси и стабилност, токму тогаш кога ви е најпотребно. Системот константно ја набљудува и ја прилагодува моќта која е испорачана до индивидуалните тркала на возилото обезбедувајќи максимален контакт и држење на патот кога забрзувате.

    Побезбедно кочење, со товар или без

    Тransit Custom ги комбинира анти-заклучувачки сопирачки (ABS) со системот за електронско пренасочување на сопирање (EBD), распоредувајќи го напорот при сопирање помеѓу предницата и задницата, зависно од тоа дали возилото е товарено или не. Резултатите се ефективно сопирање и стабилност при вртење, од особена важност кога сопирате во средина на свијок и подобрена и пократка патека на сопирање без разлика на условите.

    Додатна моќ за итно сопирање

    Системот за Помош при итно сопирање (EBA) му помага на Transit Custom да постигне максимум ефективност на сопирање во итна ситуација. Системот чувствува колку ја притискате сопирачката и автоматски го зголемува притисокот доколку е потребно. За и повеќе се скрати дистанцата на запирање, новиот заден хидраулички засилувач создава дополнителен притисок на задните сопирачки за време на ургентно запирање кога ABS системот е активиран.

    Напреден airbag систем

    Потполно новиот Transit Custom е достапен со воздушна завеса, возачки, патнички и странични воздушни перници и со подобрен систем на активација.

    Максимална заштита со супер-јака надоврешна школка

    Целосно новиот Transit Custom е првиот Transit  со школка која содржи ултра високо јак челик од бор. Бор и други високи или ултра високо јаки видови на челик составуваат повеќе од 40% од школката вклучувајки делови на патничката безбедносна келија. Ова го прави екстремно лесен и отпорен на судири. Дизајнот на школката исто така е оптимизиран, користејки преку 4500 компјутерски симулации и 30 тестови на судар со вистински возила.

  • Безбедност

    Побезбеден далечински систем за централно заклучување

    Transit Custom има далечински систем за централно заклучување како стандрад, Овој нов систем за заклучување е побезбеден од било кога. Тоа е затоа што вие можете да отворите една индивидуална врата без автоматски да ги отклучите другите. Другите врати остануваат безбедно заклучени, се додека не го активирате копчето на возачката врата. Впрочем вие може да го користите ова копче за да го контролирате закључувањето или отклучувањето на сите врати на возилото.

    Брави против пробивање на вратите

    Сите брави на вратите се заштитени со против пробивен штит дизајниран да спречи тие да бидат скршени со бушење или со пробивање.

    Напредниот преклоплив клуч го прави централното заклучување два пати побезбедно

    Нов напреден преклоплив клуч го прави Transit Custom двојно потежок за крадење, поради тоа што приемникот има два канала, што значи дека е буквално невозможно крадец да го скенира и ископира кључот. Овој неподесувачки клуч со повторно полнење  е и водоотпорен за да ги поднесе стресовите на работната средина.

    Целосно челична преграда ги држи крадците надвор

    Со полна висина и должина, челична преграда ги спречува крадците да имаат пристап до вашиот товарен простор при провалување во кабината. Исто така има и безбедносна улога, заштитувајки ве од удар од вашиот товар или алат во случај на незгода.

    Две високи нивоа на опции за аларм

    Потполно новиот Transit Custom е достапен со опционален периметарски аларм систем, кој е активиран ако вратите или хаубата се насилно отворени. Пософистициран Thatcham Category 1 алармен систем е исто достапен. Овој систем автоматски се активира кога ќе го заклучите возилото и моќен алармирачки звук е емитуван ако насилно се влезе, возилото е подигнато или сензорите за движење забележат било какво движење внатре.

    Додатен, независен помошен аларм

    Додатен помошен звучен аларм е достапен кој доаѓа со Thatcham аларм опцијата. Ова ќе ја активира сирената кога алармот е активиран. Има своја батерија па така ќе се активира дури и ако некој го извади акумулаторот.

Bookmark & Share