Сериозно безбеден и сигурен

Од помош при поаѓање во угорнина до систем кој може да ги повика итните служби за вас при случај на незгода: Transit е опремен со долга листа на технологии кои ќе ви го олеснат животот. Возилото исто така вклучува широка палета на системи кои ве чуваат вас и вашето комбе од било која несакана евентуалност па дури и од нај упорните крадци.

  • Помош на возачот

    Emergency Assistance во сообраќајна несреќа

    Во несакан случај на сообраќајна несреќа, наградуваната Фордова SYNC Emergency Assistance опција се активира преку отворање на воздушното перниче или при сопирање на дотокот на гориво од пумпата. Се додека вашиот мобилен телефон е поврзан со  SYNC, технологијата може да го користи за директно да ги повика службите за итна помош, давајки им важни информации, како вашите GPS координати, и ви овозможува на вас да разговарате со нив.

    Напреден систем кој ќе ви помогне да останете во вашата лента

    Ако оцени дека вие несакајки ја напуштате вашата лента, системот за Предупредување за држење на лента може преку вибрации во воланот и прикажувајки визуелно предупредување да ве извести за вашето напуштање од коловозната лента. Автоматски ќе се деактивира при брзини помали од 70 км/ч за да не ви пречи при градско возење а има и опција да мануелно се деактивира.

    Системот за будност на возачот ве предупредува кога ќе забележи дека сте уморни

    Системот за Будност на возачот  константно го набљудува вашето однесување во возењето и е дизајнирано да забележи било какви промени кои би можеле да бидат предизвикани од страна на замор. Ако детектира дека сте се помалку подвижни, икона за предупредување се појавува на дисплејот која ви сугерира дека треба да направите пауза. Форд  доби престижна  Euro NCAP Advanced Reward за оваа технологија.

    Светла кои се вртат кога и вие се вртите

    Системот за Будност на возачот  константно го набљудува вашето однесување во возењето и е дизајнирано да забележи било какви промени кои би можеле да бидат предизвикани од страна на замор. Ако детектира дека сте се помалку подвижни, икона за предупредување се појавува на дисплејот која ви сугерира дека треба да направите пауза. Форд  доби престижна  Euro NCAP Advanced Reward за оваа технологија.

    Додатна контрола при поаѓање на угорници

    Доколку го активирате страничниот индикатор за вртење или при паркирање оваа карактеристика ќе го направи процесот побезбеден. Предните светла ја осветлуваат страната на која сакате да свртите за да имате подобрена видливост при вртењето.

    ESC ви помага да останете под контрола без разлика на условите

    Системот за помош при тргнување во нагорнина привремено спречува да се вратите наназад кога поаѓате по угорница. Системот работи така што одржува притисок на системот за кочење до 3 секунди, давајки ви повеќе време и контрола додека го движите вашето стапало од кочницата до педалата за гас. Исто така системот е корисен кога застанувате или поаѓате на лизгави површини.


     

     

     

  • Безбедност

    Ја одржува вашата приколка безбедно во лента

    Контрола против нишање на приколката (TSC) детектира кога вашата приколка бега од својата траекторија и ја намалува брзината на Transit за да го реши проблемот, правејки го влечењето по контролирано. Го забавува возилото со намалување на влечната сила на моторот и постепено зголемувајки го притисокот на кочниците на сите тркала.

    Предупредување за итно сопирање 

    Системот за Предупредување за итно сопирање (EBL) автоматски ги вклучува сите трепкачи за да ги обавести останатите учесници во сообраќајот дека извршувате нагло сопирање.

    Додатна моќ за итно сопирање 

    Системот за Помош при итно сопирање (EBA) му помага на Transit Custom да постигне максимум ефективност на сопирање во итна ситуација. Системот чувствува колку ја притискате сопирачката и автоматски го зголемува притисокот доколку е потребно. За и повеќе се скрати дистанцата на запирање, новиот заден хидраулички засилувач создава дополнителен притисок на задните сопирачки за време на ургентно запирање кога ABS системот е активиран.

    Континуирана заштита против превртување 

    Системот за Спречување на превртување (ROM) го набљудува Transit Custom и идентификува опасни услови за возење кои можат да предизвикаат превртување. Системот тогаш го активира ESP системот да интервенира, да ја контролира брзината и да ја поврати стабилноста.

    Возачки и соваозачки, странични и предни воздушни перници

    Новиот Transit е достапен со возачки и совозачки, странични и предни воздушни перници. Напредни сензори се позиционирани на клучни точки да обезбедат брза и контролирана реакција. Исто така, постои можност за исклучување на совозачкото воздушно перниче. Додека е исклучен, ќе биде прикажано предупредување за самото перниче. 

    Максимум држење на патот со минимален напор 

    Нашиот напреден систем за Контрола на влечењето (TCS) го елиминира непотребното вртење на тркалата во место и ви го дава најдоброто можно држење на патот, перформанси и стабилност, токму тогаш кога ви е најпотребно. Системот константно ја набљудува и ја прилагодува моќта која е испорачана до индивидуалните тркала на возилото обезбедувајќи максимален контакт и држење на патот кога забрзувате.

    Контролна опција која се прилагодува на вашиот товар

    Приспособлива контрола на товарот (LAC) го прилагодува  ESP системот според тоа дали вашиот Transit Custom e товарен или нетоварен. Ова обезбедува контрола и стабилност во сите услови на натовареност. 

     

     

     

  • Сигурност

    Може да одберете кои врати да ги отклучите а кои да ги заклучите

    Transit има далечински систем за централно заклучување како стандрад, Овој нов систем за заклучување е побезбеден од било кога. Тоа е затоа што вие можете да отворите една индивидуална врата без автоматски да ги отклучите другите. Другите врати остануваат безбедно заклучени, се додека не го активирате копчето на возачката врата. Впрочем вие може да го користите ова копче за да го контролирате закључувањето или отклучувањето на сите врати на возилото

    Брави против пробивање на вратите 

    Сите брави на вратите се заштитени со против пробивен штит дизајниран да спречи тие да бидат скршени со бушење или со пробивање.

    Врати кои самите се заклучуваат кога сте во движење 

    Кога поаѓате со комбето вратите автоматски ќе се заклучат во самиот момент на придвижување. Системот е стандардна опрема и може да се деактивира преку инструмент таблата. За ваша заштита, опремено е со опција за автоматско отклучување при случај на незгода. .

    Две опции за алармни системи 

    Опционалниот периметарски аларм го заштитува вашето комбе доколку некој проба да ги отвори вратите или хаубата на сила. За уште поголема сигурност и заштита одберете Thatcham Category 1 алармен систем. Овој софистициран систем автоматски се активира кога ќе го заклучите возилото и може да биде предизвикан при провала, кога возилото е подигнато, или пак сензорите детектираат движење внатре во комбето. 

    Додатен, независен помошен аларм 

    Сирената за движење во рикверц служи како додатен, секундарен алармен систем кој доаѓа со Thatcham аларм опцијата. Ова ја активира сирената кога алармот е предизвикан и има сопствено напојување со што ќе биде активен иако некој го исклучи од главниот акумулатор. 


     

     

Bookmark & Share