Останете поврзани во движење

Урбани улици, автопати, градски и селски патишта... Новиот Transit ќе ве чува комфорни и поврзани каде и да ве одведе работата. Палета од иновативни технологии го прави возењето и паркирањето полесно. И во вашата добро опремена, исполнета кабина можете да користите говорни команди да воспоставувате повици додека сте во движење. Додека ги држите рацете на воланот и очите на патот, можете да работите во движење.

  • Возачка Технологија

    Ford SYNC. Напредна хенд-фри технологија

    Со гласовните команди на Ford SYNC може да ја контролирате вашата музика. Можете исто така да извршувате телефонски повици, без користење раце, користејќи едноставни гласовни команди. На пример ако “дома“ ви е во листатата на контакти на вашиот телефон. Само треба да кажете “Јави се Дома“ и системот автоматски ќе го заврти тој број. Може да користите говорни команди да пуштате песни од USB или MP3/iPod®  исто така, или кога сте поврзани и пуштате музика од Bluetooth®-компатибилен телефон. Системот исто така може да ги чита вашите говорни пораки гласно.**

    Помалку заморни и по економични патувања

    Темпоматот со подесивиот ограничувач на брзина ви помага да останете во предходно поставената брзина. Преку копчињата на воланот исто така можете да ја подесувате брзината додека возите.

    Во продолжение , Подесивиот Ограничувач на брзината ви помага да возите во брзина која претходно сте ја одбрале Ова ќе ви заштеди гориво, намали шансата да ја прекорачите дозволената брзина и како секој темпомат, да ја оддржи брзината за вас за да немора цело време да мислите на неа.

    Полесно движење во рикверц со задна паркинг камера

    Столбови, канти, ниски зидови... задната паркинг камера ќе ви покаже се што е позади вас на екранот вграден во внатрешниот ретровизор и се вклучува кога ќе го поставите менувачот во рикверц. Не само што ќе ви помогне да ги видите работите кои инаку би ги пропуштиле, туки и ќе ви помогне да се паркирате преку прикажување виртуелни линии кои ќе ве водат до финалната паркинг позиција.

    Сензори кои го одземаат стресот при паркирање

    Опционалните паркинг сензори ви помагаат да процените колку слободен простор имате од позади и од напред. Кога ќе детектираат предмет, активираат звучен сигнал кој се засилува колку поблиску сте до предметот.


  • Комфорт и Удобност

    Како за обезбедување максимална корисност, новиот Transit е созададен да го направи вашиот професионален живот полесен. Возилото инкорпорира широк спектар на генијални опции и технологии, и штом ќе ги искусите, ќе се запрашате како сте можеле без нив.

     

    Нови, покомотни предни седишта

    Возачкото седиште е целосно прилагодливо, заедно со воланот, за да може да ја пронајдете идеалната возачка позиција. Има вгаден потпирач за рака и прилагодлива лумбарна поддршка како и загревани седишта кои се опција. Всушност, додека седиштата ви нудат издржливост која се очекува од комерцијално возило, тие истотака ви нудат комотитет кој може да го најдете во автомобил.

    Се што ви е подребно да работите додека патувате

    Кабината на Transit Custom има многу функции кои се наменети да ви помогнат во вашиот работен ден. Доколку изберете двојно совозачко седиште, централното седиште е опремено со преклоплива масичка која е доволно голема за лаптоп. Вие исто така ќе имате корист од неверојатен волумен за складирање, нудејќи 93 литри простор, скриена преграда во инструмент таблата за вашиот мобилен телефон или MP3/iPod (вклучувајќи 12V приклучок), фиока која може да собере A4 папки и секако неколку држачи за шишиња и чаши.

    Систем кој ве забавува и информира

    Широк спектар на напредни технологии и автомобилски опции за забавување и информирање вклучувајќи аудио/визуелен систем со DAB радио, CD плејер, USB приклучок, премиум звучници, мулти функционален дисплеј, навигација за цела Европа и Ford SYNC. Забелешка, Сателитската нНавигација ќе биде достапна од Септември 2014.

    Странични ретровизори кои се заштитуваат сами себе

    Лесно е да ги оштети страничните ретровизори кога возите и поминувате во тесни простори, или паркирате во тесни улички. Опционалните електричхо преклопливи ретровизори помагаат да се изнегнат овие моменти со внатрешно преклопување со стискање на едно копче. Бидејќи се загревани, можете да тргнете побрзо и побезбедно во оние студени и замрзнати утра.

    Брисачи кои автоматски се прилагодуваат на дождот

    Лесно е да ги оштети страничните ретровизори кога возите и поминувате во тесни простори, или паркирате во тесни улички. Опционалните електричхо преклопливи ретровизори помагаат да се изнегнат овие моменти со внатрешно преклопување со стискање на едно копче. Бидејќи се загревани, можете да тргнете побрзо и побезбедно во оние студени и замрзнати утра.Брисачите со сензори за дожд се активираат во истиот момент кога ќе детектираат влага на вашето ветробранско стакло, потоа подесете го нивното темпо за да се справите со временските услови. Истотака може да изберете од шест нивоа на осетливост, со што ќе поставите на која количина на влага брисачите да се активираат. Брисачите со сензор за дожд се достапни како опција со автоматски предни светла.

    Предни светла кои автоматски се вклучуваат кога ќе притребаат

    Новиот  Transit  е опремен со сензори кои детектираат светлина дури и кога се намалува, и тогаш автоматски се вклучуваат предните светла со што го намалуваат ризикот при возење за време на зајдисонце. Тие исто така се вклучуваат кога влегвате во тунел. Автоматските предни светла се достапни како опција со сензори за дожд

    Заштитен товарен простор кој е лесен за чистење

    Издржлив товарен под поставен како стандард. Овој под не само што го заштитува подот на комбето туку помага и да се намали бучавата при возење. Бидејќи овој под е подигнат на краевите за 100mm е елсен за чистење, вакумирање и миење.

     

    Ford Easy-Fuel, за да неможе да го промашите горивото

    Оваа карактеристика прави да е скоро невозможно да наточите погрешно гориво, поради тоа што погрешниот пиштол за точење нема да го собере. Плус со тоа што Ford Easy-Fuel е систем без капаче вие никогаш повеќе нема да бидете со валкани раце после точење гориво. 

    Подесив волан кој ќе ви одговара токму вас

    Помагајќи да најдете идеалната најкомфорна позиција за возење, воланот се поставува на дофат и висина.

    Quickclear загревано ветробранско стакло

    Само притиснете копче и вградените загревани елементи ќе го стопат мразот или снегот, за да немора вие да го гребете (достапно како опција).

Bookmark & Share