Трошоци

Новиот Transit ја има стекнато својата репутација преку способност и флексибилност. Независно која основа, висина на кров или стил на кабина ја одберете ќе ви биде загарантирано широк товарен простор и голема должина за товарање. Товарниот простор е дизајниран за да ви го максимизира капацитетот за товарање. Како резултат има простор за до 4 еуро палети и дури 5 еуро палети кај L4 (Jumbo) моделите. Страничните и задните врати се дизајнирани за лесно да може да го натоварите и растоварите Вашиот Transit. Додека економичноста и малите трошоци за одржување може да му заштедат пари на вашиот бизнис.

  • Организација на товарен простор

    Ефикасно искористен простор

    Товарниот простор кај новиот Transit е подобар и полесен за користење него предходно. Аглите на страничните ѕидови се преправени за да исправени нагоре и кровот е поткренат за да го зголеми товарниот простор. Сите комбиња се 300мм подолги за да обезбеди товарен простор за цевки, талпи, килими, скали и тн.

    Повеќе простор за долг товар

    Вашиот Transit ќе собере долг товар кој во спротивно би требало да го пренесувате на кровни носачи. Transit има зголемена должина за товарање така да зависно од избраниот модел може да изберете помеѓу верзии од: 3.04м, 3.49м и 4.21м должина на под со целосно челична преграда.

    Скаличка за лесен пристап во товарниот простор

    Широка, ригидна скала е интегрирана во задниот браник за лесен пристап во товарниот простор.

    Фиксирајте го вашиот товар за да биде побезбеден

    Фиксирачки точки позиционирани лоцирани на страничните ѕидови дозволуваат да подот биде рамен и без препреки додека ги исполнуваат DIN и ISO стандардите, како и челичната преграда која доагја како стандардна опрема.

    Осветлен товарен простор за лесно товарење

    Напредните лампи со висок интензитет лоцирани во товарниот простор доаѓаат како стандардна опрема. Постои опција да одберете уште поквалитетни LED лампи доколку ви е потребно.

    Цврсти странични врати, но лесни за ракување

    Кога имате волку товарен простор на располагање страничните врати се витални и поради тоа што често се користат целиот механизам е направен да ја зголеми практичноста и издржливоста. Вратите се опремени со специјални рачки за отворање и затворање за лесно отворање/затворање како и аларм доколку вратата не е затворена целосно или не е заклучена. 

    Задни врати кои широко се отвараат

    Цврсти задни врати кои се целосно изолирани за да се намали бучавата, направи затворањето по безбедно и спречи вода да навлезе во товарниот простор. Зависно од моделот, додатни шарки може да бидат отворени од страна на возилото за да вратите се заклучат при 90 степени отвореност, кои шарки потоа се складираат во вратата кога нема потреба за нив. Катадиоптери се лоцирани на внатрешните страни од вратите за да бидат видливи за другите учесници во сообраќајот кога се отворени.  

     

     

     

  • Трошоци за подесување

    Сервисни интервали кои ќе ви овозможат да останете подолго на пат

    Секој дел и компонента кај Transit е направена да ја максимизира издржливоста за да може да изминете повеќе без потреба за сервис. Притоа сервисните интервали се поставени на 12,500 км или 1 година.

    Долга анти-перфорирачка гаранција за додатна сигурност

    Како мерка за квалитетот на возилото, Transit доаѓа со 12-годишна анти-перфорирачка гаранција како стандард.


Bookmark & Share