Климатизација

Секој клима уред во возилото содржи компоненти кои се подложни на редовни контроли во случај на некористење во подолг период. Тука првенствено се мисли на зимскиот период кога клима уредите не се вклучуваат воопшто, туку се користи само греењето и евентуално вентилацијата како дел од комплетниот систем за ладење и греење. Затоа, пожелно е на почетокот на потоплиот период од годината, клима уредот да се провери во овластен сервис на Форд. Се проверува состојбата и количеството на фреонот во системот, работата на вентилаторот, евентуални електронски грешки во централната единица за управување со клима уредот, работата на клапните за развод на воздухот и филтерот за полен кој може во подолг временски период на користење (посебно во есенските и зимските услови на експлоатација кога воздухот е повлажен), да добие непријатна миризба која се внесува директно во патничката кабина. Тоа е последица на создавање габи на површината на филтерот кои може да имаат непријатна миризба. Се препорачува филтерот за полен да се менува почесто од споменатото. Сервисен совет: кога клима уредот не се користи подолго време, пожелно е истиот повремено да се вклучува.

Bookmark & Share