Миење на возила

Иако оваа операција изгледа обична и секојдневна, сепак во праксата не е така. Редовното миење и одржување на бојата на возилото го продолжува векот на траење и сјајот на лакот со што се одржува вредноста на возилото. Дополнителниот заштитен слој на восок кој се нанесува во нашиот сервис за миење ја штити бојата на возилото од надворешни влијанија и штетните УВ зраци. 

 

Сервисни совети:

  1. Гледајте да не го оставате возилото паркирано под дрва. Прво, затоа што дрвото испушта смолести материи кои доколку не се отстранат и останат под дејство на сончевите зраци, може трајно да го оштетат површинскиот лак. Второ, лисјата од дрвјата (посебно во есен кога паѓаат) може да навлезат во каналите за одвод на водата и да ги затнат. Со тоа се ризикува претекување на атмосферска вода во патничката кабина што ке бара подоцна миење на целиот ентериер на возилото (хемиско чистење).
  2. Секогаш кога ќе забележите птичји измет на површината на возилото, под итно отстранете ја. Доколку тоа не се направи, се ризикува трајно очтетување (дамка) на надворешната површина на лакот како последица на агресивната природа на изметот во корелација со сончевите зраци.
  3. Кога ќе се врати возилото од возење на отворен пат, истото треба да се измие додека залепените инсекти се сé уште свежи на површината на лакот. Доколку се остават да се запечат на сонце во 99% од случаите дамките направени од инсектите ќе може да се отстранат само со полирање на површината на лакот.
Bookmark & Share