24ч поддршка на пат

Поддршката на Ford е програма за поддршка на пат, создадена специјално за клиентите на Ford за безгрижно возење. Поддршката на Ford е достапна за сите нови патнички и комерцијални возила на Ford до 2 години од датумот на нивното прво регистрирање, а важи и доколку друго лице го вози возилото со ваша дозвола. 

 

Стручните лица на Ford кои се во составот на тимот за поддршка на пат, најпрво ке пробаат да го оспособат возилото на лице место, се со цел безбедно продолжување на вашето патување. Доколку не е можно да се извршат поправките на патот, со оваа услуга, Вие и Вашите патници ќе бидете обезбедени со алтернативни решенија за безбедно пристигање до саканата дестинација:


• Безбедно враќање дома
• Продолжување на патувањето со возило за замена
• Хотелско сместување 


Поддршката на Форд е достапна во цела Европа 24 часа на ден, 365 дена во годината.
Доколку се случи возилото да ви откаже, прво контактирајте со центарот за поддршка на Ford на следниот телефонски број: (02) 3181-185.

Bookmark & Share