Ford гаранции

Без разлика дали имате нов или употребуван Форд, ние сакаме неговото поседување да го направиме што е можно попријатно и безгрижно. Поради тоа нашиот широк спектар на гаранции нуди услуги и подршка кои одговараат на вашите индивидуални потреби. За да мошете да уживате во патувањето и оставите ние да се грижиме за останатото.

 

 

5(2+3)-годишна гаранција и 12-годишна гаранција за перфорација

 

Ford-овите автомобили се опремени со 2-годишна фабричка гаранција и додатна 3 годишна гаранција за патничките модели набавени со 5-годишна гаранција. Додатно, сите Ford-ови возила се опремени со 12 годишна гаранција против корозија на каросерија.

 

 

24 ЧАСА ПОДДРШКА НА ПАТ

 

Вашето ново Ford возило е обезбедено со поддршката на Ford во времетраење од две години од датумот на продажба на возилото.

Поддршката на Ford е програма за поддршка на пат, создадена специјално за клиентите на Ford за безгрижно возењето. Оваа програма обезбедува поддршка во случај безбедноста и нормалното функционирање на возилото да се доведени во прашање. Поддршката на Ford е достапна за сите нови патнички и комерцијални возила на Ford од датумот на нивното прво регистрирање, а важи и доколку друго лице го вози возилото со ваша дозвола.

Доколку се случи возилото да ви откаже, прво контактирајте со центарот за поддршка на Ford на следниот телефонски број: (02) 3181-185.

 

За подетални информации поврзани со гаранцијата на вашето Форд возило како и за 24 часовната поддршка на пат можете да погледнете тука.

Bookmark & Share