Услови за користење

Политика на приватност на веб-страницата

Кој ги контролира податоците?
Политиката на приватност на веб-страницата (the "Policy") опишува како Ford Central и Eastern European LLC (Hungary, 1138 Budapest, Népfürdő st 22) ("Форд", "ние", "наше" or "нас")) ги користи и открива информациите преземени за вас (вашите "лични податоци") кога ќе ја посетите оваа веб-страница ("Website") или кога ќе контактирате со нас користејќи ги информациите што се достапни на неа. Исто така, се нагласува и како ги користиме личните податоци што ги преземаме кога вашето возило се сервисира ли поправа.
Покрај оваа политика, некои производи и услуги на Форд (вклучувајќи и некои Фордови апликации) имаат свои сопствени политики за приватност кои подетално опишуваат како се користат вашите лични податоци во одреден контекст. Можете исто така да дознаете повеќе за тоа кои информации вашето возило ги презема и користи, консултирајќи го прирачникот за сопственици или придружната апликација (онаму каде што е достапно).




Со кого ги споделуваме Вашите лични податоци?
Вашите лични податоци може да им бидат достапни на:
• компании или други организации кои сме ги ангажирале да обезбедат услуги во наше име, како што се веб-хостинг компании, мејлинг продавачи, провајдери кои се бават со аналитика, организатори на настани и провајдери на информатичката технологија; ова ги вклучува Wunderman Kft (Hungary, 1123 Budapest, Alkotás út 53. C. ép. 2. em.) кои обезбедуваат хостинг услуги за Форд како процесор на податоци, како и The Rocket Science Group LLC (MailChimp, Georgia, 675 Ponce De Leon Ave NE, Suite 5000, Atlanta, Georgia 30308) кои обезбедуваат услуги за хостирање на е-пошта и чија регистрација за приватност е достапна тука;




• компании или други организации за кои Вие сте побарале да ги споделиме вашите лични податоци со нив или сте се согласиле на истото;
• дилери и наши партнери, кога тоа е потребно за да ви обезбедиме некој производ или услуга;
• професионални советници (како што се адвокати и сметководители);
• било која агенција која се бави со спроведување на закон, суд, регулаторни тела, државни органи или други трети лица кога веруваме дека тоа е неопходно согласно правните или регулаторните обврски, или за заштитување на нашите права, правата на трети лица или личната безбедност на поединците, или во насока на откривање, спречување или на друг начин решавање на проблеми со измама и безбедносни прашања
• секоја трета страна која купува, или на која ги пренесуваме, сите или значителен број на нашите средства и деловни активности. Во случај на таква продажба или пренос, ние ќе се потрудиме да се осигураме дека субјектот на кој ги пренесуваме вашите лични податоци, истите ќе ги користи на начин кој е во согласност со оваа Политика.
Ford исто така може да ги пренесе вашите лични податоци на Ford Motor Company (US-48126 Michigan, Dearborn, One American Road), други компании на Ford Motor Company во светот ("Ford Company Group"), како и на нивните сервис провајдери. Податоците се споделуваат со Ford Motor Company (САД) кои обезбедуваат информатички услуги за Форд. Кога ги пренесуваме вашите лични податоци, ние се осигуруваме дека истите се користат за цели кои се компатибилни со оние кои се опишани во оваа Политика. Списокот на компаниите на "Форд мотор груп" е достапен на веб-страната на Ford Global Links.
Пренесување на вашите лични податоци на меѓународно ниво
Со Вашите лични податоци ќе се постапува во согласност со унгарскиот закон за заштита на податоците и истите ќе може да се пренесуваат во рамките на Европската економска област ( "EEA"), како и во земјите надвор од EEA (меѓу кои и САД и Индија). Кога вршиме трансфер на вашите лични податоци надвор од ЕЕА, обезбедуваме соодветни заштитни мерки во согласност со нашите законски обврски како би се осигурале дека вашите лични податоци се соодветно заштитени, без оглед на земјата во која што се пренесуваат. Овие заштитни мерки може да ја вклучуваат одлуката за адекватност на Европската комисија ((вклучувајќи го и сертификацијата за заштита на приватноста на релевантниот примач на податоци), како и добивање на договорни гаранции од која било трета страна која им дава пристап до вашите лични податоци дека вашите лични податоци ќе бидат заштитени со стандарди кои се еквивалентни на оние што ги штитат вашите лични податоци кога е во ЕЕА. Ако би сакале да знаете повеќе за тоа како Форд ги штити вашите лични податоци кога гипренесува надвор од ЕЕА, Ве молиме контактирајте не на адресата наведена подолу или Ве молиме обратете се на нашиот офицер за заштита на податоци преку dpeurope@ford.com.




Кои лични податоци ги користиме?




Форд ги презема личните податоци од веб-страницата:
• при пополнување на формулари (на пример, ако побарате тест возење); и
• автоматски преку употреба на колачиња и слични технологии. Можете да најдете повеќе за ова во Водичот за колачиња на Форд.
Веб-страницата Ви овозможува да ги пополните Вашите лични податоци, вклучувајќи:
• Вашето име и контакт информации (како што се Вашата адреса, телефонски број и е-пошта) и информации за вашиот бизнис или работодавач, ако барате информации во комерцијални цели;
• информации за Вашето возило (вклучувајќи го и вашиот идентификациски број за возилото ("VIN"), регистарски број на возилото, модел, возраст и километража);
• производите и услугите за кои сте заинтересирани; и
• Вашите контакт и маркетинг преференци.






Дополнително, ние;




• ги преземаме Вашите лични податоци ако контактирате со нас користејќи ги информациите достапни преку веб-страницата (на пример, ќе водиме евиденција за информациите што ги давате кога ќе ни пишете или контактирате со нашите сервиси за услуги на клиентите); и
• може да ги комбинираме информациите што ги имаме со информации за Вас или за Вашите интереси, социо-економски и социо-демографски статус, онлајн идентификатори и тековни податоци за контакт обезбедени од трети лица, како што се маркетинг агенции.
• Кога ќе го однесете вашето возило на сервис или поправка, ние ќе преземеме дијагностички информации за вашето возило и водиме евиденција за извршената работа и испорачаните делови. Можете да дознаете кои лични податоци се преземаат кога вашето Ford возило се сервисира или поправа во делот Поправка, дијагностицирање и сервисирање на вашето на Ford возило.




Како ги користиме Вашите лични податоци?
Ние ги користиме личните податоци што преземаме од веб-страницата за: да
•ги исполниме Вашите барања (на пример, за да ви овозможиме да закажете тест возење);
• ја подобруваме нашата работа и нашиот однос со Вас;
• одговориме на Вашите барања;
• спроведеме истражувања;
• Ви испраќаме маркетинг материјали во согласност со вашите комуникациски преференци;
• во согласност со нашите законски и регулаторни обврски, како одговор на барања за информации од државни институции или други трети страни, за спречување и откривање на кривични дела и измама, или заштита на нашит, Вашите или правата на други лица; и
• работиме на веб-страницата, ја персонализираме за Вас, и да разбереме како се користи веб-страницата, како би можеле да ја подобриме.
Ние можеме да ги комбинираме и анализираме вашите лични податоци со цел:
• разбирање, развој и подобрување на нашите производи, процеси, услуги и маркетинг и бизнис стратегии;
• персонализирање на нашите производи и услуги за Вас;
• подобро разбирање на потребите на нашите клиенти; и
• подобрување на нашиот однос со Вас.




Ова може да вклучува, на пример, информации за нашата дистрибутивна стратегија, оценување на ефикасноста на нашите маркетинг услуги и услуги за клиентите, спроведување на анализа на пазарот и идентификување на производи или услуги кои можат да бидат од интерес за Вас, и контактирање за да Ве информираме за таквите производи и услуги.
Ние би сакале нашата интеракција со Вас да има содржина која е што е можно порелевантна за вас. Како резултат на тоа, од време на време, може да ги користиме информациите за вас преземени од трети страни (како што е опишано во "Кои лични податоци ги користиме?" погоре) за да ни помогнат да утврдиме кои Ford производи и услуги може да Ви бидат од интерес. Понатаму, може да Ви испратиме информации за овие производи и услуги во согласност со Вашите комуникациски преференци, и да ги употребиме информациите кои ги имаме за Вас за да ги информираме нашите центри за услуги на клиенти, во случај да ги контактирате. Ние исто така може да соработуваме со трети лица за да Ви прикажеме реклами од Ваш интерес на социјалните медиуми или, ако сте се согласиле со употреба на колачиња, кога пребарувате по интернет / посетувате други веб-страници (Ве молиме погледнете го водичот на Форд за употребата на колачиња за повеќе информации). Можете да дознаете како да престанете да добивате маркетинг материјал од нас во делот "Вашите права" подолу.




За повеќе информации за тоа како личните податоци кои ги преземаме кога Вашето возилото се сервисира или поправа, ве молиме видете го делот " Поправка, дијагностицирање и сервисирање на вашето на Ford возило " подолу.




Ние ги задржуваме вашите лични податоци во препознатлива форма онолку долго колку што е разумно потребно да се исполнат целите за кои што истите се преземаат и да бидеме во согласност со нашите законски обврски. Ова обично значи да задржување на вашите лични податоци се додека важи едно од следниве:
• Вашите лични податоци се потребни за да ги обезбедиме услугите кои сте ги побарале;
• Вашите лични податоци се потребни со цел да ги заштиме нашите права или имот (ова вообичаено е во времетраење периодот на релевантното законско ограничување); или
• Од други причини е побарано од нас да ги чуваме Вашите лични податоци согласно важечките закони и правила (вклучително и обврските за задржување на податоци според важечките законски правила од областа на даночење и сметководство)




На кои законски основи се потпираме кога ги користиме Вашите лични податоци?
Постојат повеќе различни правни основи на кои се потпираме при користењето на Вашите лични податоци и истите ги преземаме во следните ситуации:
• кога употребата на Вашите лични податоци е неопходна за склучување на договор или договори за во кои вие сте едната страна, или треба да преземете одредени чекори пред договорот да биде склучен. Овие договори може да ги вклучуваат на пример и условите според кои учествувате во некое натпреварување или согласноста која ја пополнувате и внесувате за услужни производи;
• кога нашата употреба на вашите лични податоци е во рамките на нашите легитимни интереси или легитимните интереси на организацијата со која сме ги споделиле Вашите лични податоци и сме се осигурале дека вашите лични податоци и вашите права во врска со тие информации се заштитени. На пример, ние може да се потпреме на оваа законска основа ако ние и / или компаниите во групацијата Ford Motor Company ги користат Вашите лични податоци за: разбирање и подобрување на нашите (или нивните) производи, услуги и / или маркетинг стратегии; за истражувачки цели; за подобрување на нашиот однос со Вас и за административни цели; за да дознаеме кои информации, производи и услуги има голема веројатност да Ве интересираат и да Ви испраќаме или прикажеме информации, понуди и онлајн реклами за овие производи или услуги; да го персонализираме Вашето искуство со нашите производи и услуги; да се осигураме дека нашите производи и услуги се испорачани и користени во согласност со правилата и условите кои се однесуваат на нив; и каде што е потребно да ги заштитиме нашите (или на други лица) права или имот, или да откриеме или спречиме проблемите со измама, безбедност или приватност;




• каде што сметаме дека е неопходно да ги користиме вашите лични податоци поради усогласување со законската или регулаторната обврска на која подлежиме;
• во ограничени околности кога сметаме дека е неопходно да се заштити нечија сигурност или витални интереси; и




• каде што имаме Ваша согласност. Ние ќе се потпреме на вашата согласност, на пример, да преземеме технички информации, како што се податоци од колачиња и слични технологии (како што се опишуваат во Водиот за колачиња на Ford) и да ги користиме вашите лични податоци за маркетингот содржини кои ќе Ви ги испраќаме по пат на е-пошта, пошта, телефон и текстуални пораки. Вие имате право да ја повлечете таа согласност во секое време. Ве молиме погледнете го делот "Вашите права" подолу за повеќе детали.




Колку време ги задржуваме Вашите лични податоци?
Личните податоци се чуваат од страна на Форд или на нашите ИТ хостинг провајдери во наше име (т.е. Ford Motor Company во САД), но само колку што е потребно за извршување на нашите обврски и строго за времето потребно за постигнување на целите за кои се обезбедени тие информации. Личните податоци ќе бидат отстранети од нашите досиеја или соодветно ќе бидат анонимизирани во моментот кога повеќе нема да бидат потребни.
Во случај на лични податоци задржани за повлекување на возилото, гаранција и одговорност за производите - кои може да се побараат до 12 години од купувањето на вашето возило - ние ќе ги зачуваме Вашите податоци до статусот на ограничување според граѓанското право (т.е. 5 години). Најмалку осумгодишна обврска за задржување на законските податоци се однесува на личните податоци во сметководствените документи, вклучувајќи договори, комуникација и деловна кореспонденција. Сепак, пристапот до вакви лични податоци потоа ќе биде високо ограничен.




Вашите права
Вие како поединец имате право да дознаете кои информации ги за вас ги поседуваме и за какви цели, како и пристап до тие информации и вршење корекции на истите, ако е потребно. Исто така, имате право во некои околности да се спротивставите на нашата употреба на вашите лични податоци, да побарате од нас да ја ограничиме нивната употреба или да ги избришеме вашите лични податоци или да побарате Вашите лични податоци да Ви бидат обезбедени во најчесто користен електронски формат, за да можете да ги споделите истите и со други организации.




Право на приговор
Во секое време имате право да поднесете приговор во однос на обработката на Вашите лични податоци од наша страна и може да биде потребно повеќе да не ги обработуваме вашите лични податоци. Ако го остварите ова право, а вашиот приговор е усвоен, Вашите лични податоци повеќе нема да бидат обработени за такви цели. Остварувањето на ова право не повлекува никакви трошоци.
Не може да остварите право на приговор, во случаи кога обработката на вашите лични податоци е неопходна за преземање чекори пред склучување на договор или за извршување на веќе склучен договор. Можете да го искористите ова право преку контактирање со нас преку нашите контакт детали наведени во "Како да контактирате со нас?" подолу.
Онаму каде сте се согласиле со употреба на Вашите лични податоци од наша страна (ве молиме погледнете го делот " На кои законски основи се потпираме кога ги користиме Вашите лични податоци?" погоре за повеќе информации), својата согласност можете да ја повлечете во секое време. Ако сакате да го сторите тоа, ве молиме контактирајте не на адресата подолу.
Ако сте одбрале да примате маркетинг содржини од Ford, но повеќе не го сакате тоа, во секое време можете да пишете на:
Privacy Enquiry
Ford Central & Eastern European LLC
1138 Budapest Népfürdő utca 22.




Или испратете еmail на:
adatmod@ford.com




Ако имате прашања во врска со користењето на Вашите лични податоци од страна на Ford или сакате пристап до информациите што Ford ги има за вас или пак ако сакате да остварите било кое од другите права што ги имате во врска со вашите лични податоци, ве молиме контактирајте со Privacy Enquiry, Ford Central & Eastern European LLC, 1138 Budapest Népfürdő utca 22. Или испратате e-mail на adatmod@ford.com.
Ford има назначено службеник за заштита на податоци. Можете да ја контактирате Службата за заштита на податоци на dpeurope@ford.com.
Ако имате жалба или поплака за начинот на кој Форд ги користи вашите лични податоци, се надеваме дека во прв степен ќе контактирате со нас. Сепак, може да поднесете жалба и до Националниот орган за заштита на податоци и слобода на информации.




Други веб-страници и социјално вмрежување
Веб-страницата може да содржи линкови до други веб-страници кои се надвор од наша контрола и не се опфатени со оваа Политика. Ако пристапувате на други веб-страници користејќи ги овие линкови, операторите на тие веб-страници можат да преземат информации од Вас што ќе ги користат во согласност со нивните политики за приватност, кои може да се разликуваат од нашите.
Веб-страницата исто така може да ви понуди опција да споделите или следите информациите за Ford, веб-страницата или производите и / или услугите кои се достапни преку него користејќи трети лица за социјално вмрежување (како што share this", "like" или "follow" копчињата).
Ние го нудиме ова со цел генерирање на интерес за Веб-страницата помеѓу членовите на Вашите социјални мрежи и да Ви дозволиме да ги споделувате и да ги следите мислењата, новостите и препораките за Веб-страницата со вашите контакти. Сепак, треба да бидете свесни дека споделувањето на лични податоци со социјална мрежа може да резултира со тоа што тие информации ќе бидат преземени од социјалната мрежа и ќе бидат јавно достапни, вклучително и преку интернет пребарувачите.
Би требало секогаш внимателно да ја прочитате политиката за приватност на која било веб-страница на која што пристапувате или социјалната мрежа преку која разменувате информации за да ги разберете нивните практики и политики на приватност.




Ажурирања на Политиката за приватност
Оваа политика може да подлежи на промени од време на време. Ако направиме значителни или материјални промени во начинот на кој ги користиме Вашите лични податоци, ние ќе истакнатеме известувања на веб-страницата или директно ќе Ве контактираме. Ако не се согласувате со овие промени, Ве молиме не продолжувајте да ја користите веб-страницата.




Поправка, дијагностицирање и сервисирање на вашето Ford возило
При произведувањето на вашето Ford возило, на истото му е доделен единствен број (Идентификациски број на возилото, или "VIN"). Од VIN може да се утврдат одредени информации за вашето возило, вклучувајќи го и неговиот модел, возраст, софтверот кој го користи, неговите технички спецификации.
Со цел да се дијагностицира, анализира, поправи или сервисира возилото, техничарите кои работат на него ќе треба да ги преземат податоците од VIN-от заедно со одредени дијагностички информации и информации за моменталната состојба на вашето возило (на пример кои верзии на софтвер ги користи, километража итн.).
Овие информации ќе бидат префрлени на систем што го води Форд, така што на техничарите кои работат на вашето возило ќе може да им се обезбедат информации за поправки, одржување и дијагностика специфични за возилото (како што се дијаграми за поврзување и надградби на софтверот на возилото) и информации за која било извршена работа на вашето возило за да им помогне да дијагностицираат, поправат и / или сервисираат и да им овозможи да ја задржат својата евиденција
За да бидете сигурни дека вашето возило има сеопфатна дијагностичка евиденција, информациите за тоа што му е направено на Вашето возило кога истото сервисирано или поправено, ќе бидат префрлени на VIN-от на вашето возило. Ова ќе биде префрлено во системот и ќе се складира така што Ford (или било која трета страна овластена да го користи системот на овој начин) може да му обезбеди информации за извршените поправки или сервисирања на кој било дилер или сервисер кој треба да го поправи или сервира Вашето возило.насекаде во светот.
Информациите што се чуваат во системот исто така се користат од Ford за да се овозможи дијагноза, поправка на вашето возило, управување со гаранции и слични производи и услуги, за безбедност на производите, за истражување и развој, како и да му се овозможи на Ford да ги почитува своите законски обврски.




Покрај преносот на информации опишан погоре, Ford може да ги пренесе овие информации и на:
• компании во Групацијата Ford за потреби на истражување и развој и анализа; и / или
• компаниите во Групацијата Ford и / или трети страни, доколку сметаме дека тоа е неопходно за да се исполнат законските или регулаторните обврски, или на друг начин да ги заштитиме нашите права, правата на другите компании во Ford Motor Company групацијата или правата на која било трета страна.
Можете да дознаете повеќе за правните основи на кои се потпираме кога ги користиме вашите лични податоци во делот "На кои законски основи се потпираме кога ги користиме Вашите лични податоци?" погоре.
Со оглед на глобалната природа на системот, информациите од VIN се пренесуваат во земји надвор од Европската економска област од страна на Ford д. Можете да дознаете повеќе за меѓународните трансфери на лични податоци што ги правиме во делот "Пренесување на вашите лични податоци на меѓународно ниво" погоре.
Ако имате какви било прашања или сакате да пристапите до информациите за вашиот VIN во системот или да остварите некое од другите права што ги имате во врска со вашите лични податоци (можете да дознаете повеќе за овие во делот "Ваши права") , пишете на:
Privacy Enquiry
Ford Central & Eastern European LLC
1138 Budapest Népfürdő utca 22.




Или испратете email на:
adatmod@ford.com






Како да контактирате со нас?
Ако контролорот на податоците е Ford Central & Eastern European LLC, регистриран од Metropolitan Court of Budapest, Registry Nr. 01-09-298655 1138 Budapest Népfürdő utca 22., Hungary; Tax ID: 11983552-2-44), тогаш во сите случаи поврзани со заштитата на податоците може да не контактирате преку пошта на адресата подолу:
Privacy Enquiry
Ford Central & Eastern European LLC
1138 Budapest Népfürdő utca 22.
Или контактирајте не преку email на adatmod@ford.com
Ford има назначено Офицер за заштита на податоци. Можете да се обратите до нашиот Офицер за заштита на податоци на dpeurope@ford.com.

Bookmark & Share