Слики и мултимедија

Новиот Ford Focus ...

Ништо не се споредува со она што ќе го почувствувате кога ќе го запознаете.

Веќе ги воодушеви постоечките обожаватели, а на пат е да придобие и цела нова генерација фанови. И, што е најважно, да ги надмине сите Ваши очекувања.

 

Се појавува во три модели: спортски, со пет врати- Хечбек; елегантен, со четири врати- Седан и
стилски, со пет врати- Караван. Комбинација на извонредни нови технологии и динамичен дизајн - најдоброто од двата света.

 

Доволно енергичен и возбудлив што Ви го одзема здивот. Впечатлив, елегантен, софистициран,
спортски граден, стабилен... Горди кога би го имале пред вашата гаража. Рационален, контролиран, а сепак смел. Во исто време неверојатно силен и нежен на допир. Ви одговара како ракавица, безбедни во негова придружба.

 

Доволно паметен да ги следи знаците што му стојат на патот. Во тесно сам и прецизно го пронаоѓа своето место. Со него притисокот, стресот и новите предизвици во возењето се надминуваат на забавен начин. А, аеродинамичните перформанси и позелениот стил на возење Ви овозможуваат намалување на сметките за гориво за околу 10 проценти.

Ви помага кога сте во невоља. Ве предупредува кога опасноста демне од зад грб. Едноставно и
интуитивно Ве насочува кон она што треба да го направите, без да Ви ја наруши самодовербата.

 

Ненаметливо Ви ги нуди сите свои сетила како надополнување на Вашите, а Вие, релаксирани зад воланот, продолжувате понатаму.
Овој автомобил го може сето тоа.

 

Bookmark & Share