EcoBoost моторна технологија

Фордовиот EcoBoost мотор

EcoBoost моторот почна масовно да се произведува на 9 Ноември 2011. Производство на овој подоцна наградуван мотор беше овозможено преку инвестиција во фабрика која е опремена со најмодерна технологија, преку која се намалува загадувањето на општеството и се задржуваат највисоките можни стандарди за квалитет и доследност во производствената линија.

Првото официјално препознавање на овој одличен агрегат пристигна во 2012 година кога се закити со наградата Меѓународен Мотор на Годината со рекордни оценки. Ова секако резултираше со зголемување на побарувачката а со тоа и на производтвото на овој посебен мотор. Ford го зголеми производство на EcoBoost од 100.000 на 166.000. Веќе во 2013 година овој агрегат повторно ја добива наградата за мотор на годината во светот и со тоа несомнено се потврдува квалитетот и преформансите кои ги нуди овој револуционерен и иновативен агрегат. Притоа плановите на фабриката на Форд во Келн се за 2014 година производството да се зголеми на 200.000 парчиња. Веќе во 2014, за прв пат во историја - Фордовиот 1.0л EcoBoost се прогласува за Меѓународен Мотор на Годината за трет пат по ред. Со ова признание EcoBoost освои севкупно 13 големи награди на глобално ниво за што судиите велат: "еден од најдобрите примероци на моторното инжинерство".

Популаритетот и побарувачката на овој агрегат доведе до креирање на нови производствени погони за овој агрегат со што стана достапен во над 72 држави. 

Наградуваниот EcoBoost мотор на Ford комбинира директно вбризгување на бензинот, турбо полнење и променлив временски распоред на вентилите за да ја намали потрошувачката до 20 проценти во споредба со големите мотори но да ја извлече максималната моќност од секоја капка гориво.

Погледнете општо видео за EcoBoost моторна технологија

Погледнете видео за детално работење на 1.0-литарскиот EcoBoost

 

Обезбедувајќи мотори од 1.0-литри до 3.5-литарски капацитет и во конфигурации од три-цилиндричен до шест-цилиндричен, Форд поседува повеќе од 125 патенти на потрошувачки ефикасната EcoBoost моторна технологија во Ford возила околу светот.

1.0l EcoBoost

  • 100/125/140 КС
  • 170 Nm
  • 4,3 л/100км
  • 99 г/км CO2

1.5l EcoBoost

  • 150/182
  • 240 Nm
  • 5,9 л/100км
  • 137 г/км CO2

2.0l EcoBoost

  • 203/250 КС
  • 370 Nm
  • 7,2 л/100км
  • 169 г/км CO2

2.3l EcoBoost

  • 312 КС
  • 432 Nm
  • 8,0 л/100км
  • 179 г/км CO2

Bookmark & Share