СÉ ЗА НОВИОТ FORD FOCUS

Земете сé што знаете и посакувате за Focus. Додадете сосема ново ниво на интелигентен дизајн, карактеристичен модерен стил и повеќе простор од кога било. Сега го комбинирате со многу напредна поврзаност и голем број исклучителни технологии за помош на возачот што навистина ќе ги цените. Ова е целосно нов Focus. И наскоро, ќе може да го откриете сето ова за себе.

Прекрасен нов изглед

Целосно новиот фокус е дизајниран да создаде слика која е толку елегантна колку што е и спортска. Атлетската форма „тече“ преку извајаните линии кои, исто така, се дизајнирани да ја подобрат аеродинамиката. И има опипливо чувство на софистицираност и префинетост кои ќе ги забележите во моментот кога ќе ги насочите очите кон автомобилот.

Седнете, релаксирајте се и уживајте во амбиентот

Зачекорете во Новиот Focus и веднаш ќе почуствувате дека Вие и вашите патници ќе уживате во патувањето. Чисти, неоткриени линии кои се комбинираат во распоред со што се става контролата близу до рака, со паметен дизајн и исклучителни детали кои создаваат релаксирачки простор.

Технологија со цел

Најновиот Фокус е дизјниран да го подобри вашето возачко искуство во секој поглед. Автомобилот на следната генерација е опрeмен со напредни карактеристики, како Форд Ко-Пилот 360, импресивен сет Помошни Возачки Технологии, вклучувајќи ги Адаптивниот Темпомат со Старт-Стоп системот и системот за држење во лента и aсистирање при Активно Паркирање 2. Заедно, овие паметни технологии можe да помогнат во забарзувањето, кочењето, дури и во управувањето. Неговата технологија е толку лесна и корисна и ќе се прашате како сте успеале без неа.

Вашиот личен асистент во возењето.

Ко-Пилотот 360 е комбинација од низа технологии, кои работат заедно за вашето возачко искуство да го направат покомфорно и поинтересно, повеќе од кога било. На пример, Адаптивната Кружна Контрола со Стоп и Вози, автоматски ја прилагодува вашата брзина на кружната контрола според возилот пред Вас. Ако има застој во сообраќајот, моторот автоматски ќе се исклучи и ќе се рестартира кога ќе се расчисти застојот. Системот може дури да запознае и сообраќајни знаци за ограничување на брзината и да се прилагоди според брзината на кружната контрола. Технологијата на Коловозно Центрирање, исто така може да овозможи асистирање при управување, следејќи ги патните знаци, за да Ви помогне да останете позиционирани на средината од коловозната лента.

Паркирање без стрес и извлекување.

Најновата генерација на Асистирање при Активно Паркирање Ве вози до местата за паркирање, го контролира и забрзувањето, менувањето на брзината и кочењето. Овозможена во Фокус моделите со автоматски пренос, оваа паметна технологија паркирањето го прави лесно. Откако ќе го активирате, едноставно ја селектирате страната на коловозот и тоа дали сакате да паркирате паралено или вертикално. Потоа го притискате, го држите копчето и оставате автомобилот да го заврши остатокот на работата за Вас.

Светла кои Ви помагаат да гледате низ кривини

Прилагодувачкото осветлување со Динамичните светла на Форд и дневните тековни светла овозможува прецизен и интензивно светол образец, кој автоматски се прилагодува да одговара на различните патишта и патните услови. Покрај тоа, силните светла кои се емитуват, се прилагодуваат автоматски да не им пречат на другите возачи и новиот систем може да ја прочита кривината на патот за да разјаснат аглите и премините пред да дојдете до нив.

Возни Динамики скроени за Вас

Персонализирајте го вашето возачко искуство со применување на ограничувачката реакција на Фокусот, управување, дури и однесување при менување на брзината, за да се поклопи со вашиот возачки стил. Изборните возни модови вклучуваат: Нормален, Еко и Спорт.

Паметна, практична и заштедува простор

Електронскта паркинг сопирачка е едноставен додаток со изненадувачки поволности. На пример, овозможува повеќе место во кабината, полесно е да се примени и не треба често да се сервисира сопирчката. За да ја употребите сопирачката, треба да го стиснете копчето во центарот на конзолата.

Важни информации на прв поглед

Дисплејот за предупредување ги проектира информациите од вашата контролна табла во вашето поле на визуелност, така што може да останете информирани без да правите деконцентрирани движења, надолу кон котролната табла. Инаформациите кои се прикажани на колорниот дисплеј може да бидат потполно прилагодни и да одговара на параметрите.

Ги гледа знаците што може ќе ги пропуштите

Без разлика дали знаците се на страната на патот или над него, дали се статични или привремени, Препознавачот на Сообраќајни знаци може да ги препознае. Икони за ограничување на брзината и знаците за забрането престигнување се прикажани на инструменталната табла, предупредувајки Ве да ги смените ограничувањата.

Комфорно и поврзано

Чисти линии, елегантен нацрт и софистициран изглед. Ентериерот на Најновиот Фокус е по комфорен, просторен и елегантен, како никогаш порано. Сега, Вие и вашиот автомобил може да останете поврзани, каде и да сте. Новиот опционален ФордПас поврзувачки модем Ви носи спектар непроценливи карактеристки како Live Traffic, WI-Fi HotSpot и E-call. Спуштете ја ФордПас апликацијата на вашиот паметен телефон и може да пристапите и кон повеќе ФордПАС поврзувачки карактеристики. На пример, далечинско отклучување и заклучување, далечинско стратување (само за автомобилите со пренос), локација на возилото и повеќе.

*ФордПас Конект е опционален додаток. Модемот на таблата ќе биде поврзан кога ќе пристигне возилото. Вие може да одберете да вклучите и да исклучите одредени дата споделувања. Оваа технологија ќе биде достапна на одбраните пазари во 2018, а на останатите пазари следната, 2019 година. Лајф Трафик пристапот е бесплатен првите 2 години, откако ќе се купи новиот Форд кој го вклучува SYNK 3 со навигација. Потоа треба да се исплати за лиценца. ВајФај Хотспот (до 4 ГБ) вклучува бесплатна пробна безжична дата, која што почнува, откако ќе се активира и завршува по 3 месеци или кога датата од 3 ГБ ќе биде искористена. Потоа, потребно е да се преплатите на Водофон, информорајте се на нивната веб страна за детали во врска со нивните дата пакети. За да го искористи вградениот Вајфај Хотспот капацитет, возилото Форд во 2018 мора да содржи погоден хардвер, како и потребен е план за дата. Покривањето на датата и сервисите не е возможно секаде и условите за вашиот дата план, вклучувајќи ги наплатните пораки и трошоци за ратата, може да се променат. Е-Кол е иницијатива на Европската Комисија кој дава наредби на системот на возилото и повикува итни служби доколку автоматски се активира Е-Кол со детекција на сериозен сообраќаен инцидент или ако тој е манулено вклучено од страна на сопственикот на возилото. Овозможено само за новиот Форд Фокус.

Чисти линии, елегантен нацрт и софистициран изглед. Ентериерот на најновиот Фокус е комфорен, просторен и елегантен како никогаш досега. Исто така повеќе е поврзан. SYNC 3 со гласовни контроли Ве држи безбедно во врска и под контрола на вашиот телефон, забава и навигација. Спуштете ја ФордПас апликацијата на вашиот паметен телефон и отклучете уште повеќе SYNC 3 карактеристики, како Лајв Трафик, пронаоѓање на паркинг и точки на интерес.

Спуштете ја FordPass апликацијата за да пристапите до повеќе карактеристики

ФордПрес Конект станува уште помоќен откако ќе се поврзе со вашиот паметен телефон преку ФордПас апликацијата. Штом се поврзе, ќе отклучите низа нови иновативни карактеристики. На пример, може да го употребите вашиот телефон за да го лоцирате вашето возило, да го отклучите и да го заклучите, далечински. Може да го мониторирате нивото на гориво, поминатите километри и притисокот на гумите, како и огласување на алармот за состојбата на возилото преку вашиот телефон. Плус, може да го стартувате вашето возило (само доколку е трансмисионо) за да одмрзне, да се откондензира и да се подготви да тргне, кога Вие ќе бидете подготвени. Исто така, може да го програмите вашиот систем од дома, со испраќање на дестинацијата од вашиот телефон до вашето возило.

Возете без раце со SYNC 3

Форд SYNC 3 е уметнички систем кој овозможува да останете поврзани и да го контролирате вашиот телефон, музика и навигацискиот систем со природнии гласовни команди. Може дури и да повикате листа на локални ресторани, само велејќи „гладен сум“. Возилото може да ги прочита вашите СМС пораки, исто така. Екранот со допир во боја овозможува гестикулации за притискање и менување на интиутивната навигација. SYNC 3, исто така, ги поврзува Apple CarPlay и Android Auto, а со AppLink, може да пристапите до некои од најомилените апликации за паметни телефони.

Откриј уште многу опции

ФордПрес апликацијата Ви дава пристап до додатни SYNC 3 карактеристики. Ова вклучува селектирање на аспекти од интерес на вашата моментална локација и пренасочување на вашата дестинација. ФордПрес може автоматски да ги испрати овие локации до вашиот SYNC 3 навигациски систем, употребувајќи го AppLink, карактеристика која овозможува да ги контролирате апликациите на вашиот паметен телефон преку SYNC 3 интерфејсот. Исто така може да барате бензински пумпи по бренд или по оценка на гориво, а потоа да ја споредите цената. Освен тоа, може да пребарате дали има слободни паркинг места, да проверите колку чинат, кога отвораат и каков е нивниот рејтинг.

Вашата омилена музика, која е намената да се слушне.

Без разлика на вашиот вкус за музика, таа заслужува да звучи како што ја изведува изведувачот. Токму тоа може да го очекувате од најновиот Фокус. Зошто? Бидејќи е овозможено со B and O PLAY. 677 ватниот аудио систем со премиум ниво, кој овозможува богат, моќен звук преку 10 звучници и дополнителни наместени буфер и суббуфер. Оваа напредна технологија е специфично дизајнирана, развиена и тунирана за Фокус од страна на специјалистите за акустика на B and O PLAY. Значи, пуштете ја и уживајте во вашите омилени бендови и песни во салата за концерт, односно кабината на вашиот автомобил.

Нека влезе сончева светлина

Фокусот е овозможен со целосен панорамски покрив, кој во потполност го заменува панелот на челичниот покрив. Ова овозможува влегување на природна светлина во автомобилот за да се создаде светол и свеж ентериер. Предната половина електронски е оперирана и може да се спушти и да се крене повторно назад. Целосната повлечена прекривка овоможува да го отворите стаклото и да земете свеж воздух, заштитени од сонцето.

Автоматски багаж за слободно отворање и затворање

Ако Ви се зафатени рацете и вашиот Фокус Караван ја почувствува близината на вашиот KeyFree клуч, сé што треба да направите е да мафтате со ногата под задниот браник и багажот автоматски ќе се отвори или затвори.

Полни додека возиш

Ентериерот на Фокус е дизајниран да ги максимизира просторот и удобноста. На пример, големиот медиа уред пред менувачот е доволно голем, дури и за најголемите паметни телефони. И со бежичното полнење, компатибилно за паметни телефони, никогаш не било полесно да се погрижи уредите секогаш да бидат подготвени за употреба.

Силата што ја сакате, ефикасноста што Ви треба.

Најновиот Фокус е овозможен со низа моќни и високо економски мотори, сите комплетирани со 8- автоматски брзини, со ротирачки менувач или мануелен менувач со 6 брзини. Дизајнот на екстериерот, исто така, е направен да креира форма, која е и атлетска и аеродинамична, што помага да се зголеми ефикасноста уште повеќе.

Софистициран нов 8-брзински автоматски менувач

Најновиот Фокус е првиот Форд којшто ја поседува оваа напредна автоматска трансмисија. Од самиот почеток е направен со подобрено забрзување и супер вешти менувања на брзините за да го подобри вашето возачко искуство и да ги зголеми перформансите. Го заменивме трдиционалниот менувач со ротационен менувач сместен во конзула. Ова му дава на интериерот почист и помодерен изглед. Има уште една корисна карактеристика: кога паркирате, менувачот автоматски се поставува во мод за паркирање.

Извлечете најмногу од вашиот мотор.

Новиот и подобрен 1.0 и 1.5 литарски Форд EcoBoost бензиските мотори се дизајнирани да Ви ја дадат сета моќ која ја очекувате од многу поголеми мотори. Форд EcoBoost технологијата носи вешт перформанс, кој е воедно одговoрен и наградувачки. За уште повеќе да бидат ефикасни, двата мотора сега имаат цилиндерска декативација. Ова го гаси цилиндарот кога барањето за нагло вртење е мало, како на автопат. Кога барањето за нагло вртење се зголемува, цилиндерот повторно стратува, давајќи Ви ја целата потребна моќ.

Нов стандард за дизел мотори

1.5 и 2.0 литарскиот Форд EcoBlue дизел моторите се високо надградени. Турбо наполнетите мотори даваат мерно подобрена ефикасност, перформанс и префинетост. Новите мотори може да ја подобрат ефикасноста на горивото, а воедно се спремни и тивки, како никогаш досега.

Вашата безбедност. Наш Приоритет.

Дизајнирани се серија паметни технологии за да Ве заштитат вас, вашето семејство и другите учесните во сообраќајот. На пример, Активното кочење и Асистенцијатаа за пред-судирање со дектекторите за пешаци и велосипедисти може да Ве предупредат за потенцијалните судири и дури да ги применат кочниците, доколку не реагирате навреме.

Систем кој помага во заштита на пешаците

Асистирањето против судирање заедно со Детекторот за Пешаци, употребуваат технологии како РАДАР и камери за да се скенира патот. Ако се детектира можност за судир со друго возило, пешак или велосипедист, ќе Ве предупреди. Ако не реагирате на време, системот ќе закочи автоматски и на тој начин, ќе помогне целосно да се избегнат и да се елеминираат некои предни судири.

Ви помага да закочите и во најголемата брзина.

Активната кочница е иновативен безбедносен систем кој работи кога возите повеќе од 50 километри на час. Оваа технологидја користи РАДАР за да ги скенира патиштата и ако забележи дека е можен судир, ќе Ве предупреди. Ако не реагирате, системот ги превзема кочниците и почнува да кочи, за да Ви помогне да забавите. Доколку возите под 50 километри на час, постои друга технологија за да Ви помогне: Активен градски сопирач. Кога овие две технологии ќе се комбинираат, добивате целосна сигурност за асистенција при сопирање, колку брзо и да возите.

Ги превенира досадните длабнатини и гребатинки.

Лесно е да ја удрите вратата на нешто, во тесните места за паркирање. Но, отворете ги четирите врати на Фокусот и заштитната бариера ќе се активира да ја заштити бојата на вашиот автомобил од гребење.

Простор за сешто

Најновиот ентериер целосно го искористува секој квадратен милиметар од просторот што Ви го овозможи многустраниот Форд. Има голем простор за главата, ногата и лактот и во предниот и во задниот дел на возилото, што значи дека и највисокиот патник ќе се чувствува комфорно. Задните седишта се делат на 60/40 и може да се склопат речиси целосно за да го зголемат просторот за вашиот товар. Има и прилагодлив под во багажот, кој може да се дигне и да овозможи скришен простор за скалдирање работи. Доколку повторно сакате простор, може да го вратите назад, по што повторно ќе се зголеми просторот.

Изобилие од простор

Со импресивен голем простор, никогаш нема да ви фали место за вашиот багаж. Високите патници, исто така, ќе го ценат просторот, каде што може да го стават коленото или ногата, особено на долги дестинации. Прилагодливиот голем под и безрачниот гепек (само кај Каравани) го прават товарењето на вашиот автомобил многу лесно.

Просторен и софистициран

Ултра модерниот нов дизајн не помага само во овозможување на уживачко возачко искуство, туку исто така овозможува и поголем простор. Ентериерот е поширок, посветол и посвеж отколку порано, дозволувајќи повеќе софистициран и опуштен, но и освежителен амбиент.

Рачно прилагодлив просторен под

Вклучен стандардно само на Караваните, подот во багажот има три висински подесувања за да може да напрвите еден скриен дел, чијашто големина може да варира под багажот. Кога ќе се намести на највисоката позиција, а задните седиште се склопени, добивате простран под.

Сето место што Ви е потребно за Карго

Каков стил и да одберете, најновиот Фокус, е дизајниран да Ви даде простор колку што ви треба. Задните седиште може да бидат поделени 60/40 за да се зголеми подвижноста, а тие можат да се склопат и да Ви овозможат место за вашиот багаж, повеќе од кога било. Има и корисен отвор кој ги поврзува задното место и багажот, каде што може да ставите долги работи.

Најновиот Ford Focus ST-LINE

Спортско - инспириран дизајн. Стил со засечени рабови. Атрактивен изглед. Подгответе се да ја искусите енергијата, возбудата и восхитеноста овозможена од најновиот Ford Focus ST-LINE.

Перформански Стил

Најновиот Фокус има серија спортско - инспирирани надоградби во динамичната и возбудливата ST-LINE. Двата ауспуха, црна мрежната решетка и уникатно стилизираниот преден браник го чинат исклучок овој автомобил во однос на останатите. Беџовите и 17’’ метални легури го комплетираат неговиот изглед.

Цврст, но сепак релаксирачки

Чисти линии, софистициран изглед, најнова технологија, цел комфор и простор што Ви е потребен. СТ- Лајн го овозможува ова, но и многу повеќе. Кога се работи за стил, црвениот шаф низ целата кабина ги прави комплетни спортските седишта. И помеѓу сите останати делови на дизајнот на автомобилот, ќе уживате и во перформансот инспириран од рамниот - вдлабнат волан и ознаката на СТ- Лајн диковите.

Титаниумот на најновиот Ford Focus

Импресивна колекција на интелегентни карактеристики и смарт технологии. Плус, ниво на стил, кој импресионира со сигурност. Очекувате високи стандарди? Тогаш подгответе се да го откриете најновиот Форд Фокuс Титаниум. И, ФордПас модемот за поврзување со сигурност ќе направи да уживате во возачкото искуство, коешто е поврзано како никогаш досега.

Имајте трајни импресии

Најновиот Фокус Титаниум е како храбра изјава, направена да управува со вниманието. Елегантните, извајани, линии ја подобруваат визуелноста на автомобилот, додека, во истовреме, ја прават и аеродинамична. Дополнителните карактеристики, вклучувајќи ги и 16’’примесни тркала или опционалните 17’’ и 18’’ примеси, хромираната решетка и задните ЛЕД светла, го комплетираат дизајнот со кој Фокусот изгледа многу добар и за гледање и за возење.

Впечаток на префинетост

Најновиот Фокус Титаниум ги носи спецификациите, стилот и префинетоста на следно ниво. Паметните технологии, вклучувајќи ја и SYNC 3 со 8’’ колоритен екран на допир, системот за отклучување без клуч и двозонската електронска - автоматска- температурна контрола помагаат да се подигне чувството на софистицираност.

Најновиот Ford Focus Vignale

Различни луксузни квалитети и карактерстики. Софистицирани подесувања и технологии. Откријте ги највисоките нивоа на дизајн, квалитет и ремек - делото во најновиот Ford Focus Vignale.

Вон софистикацијата

Vignale е врвна експресија на луксузност и префинетост во најновиот Фокус. Во секоја минута, деталите од екслузивната решетка на Vignale до уникатните 17’’ и 18’’ примеси и сатинско - алуминиумските акценти, се дизајнирани овој автомобил да го направат различен од другите.

Восхит во луксузноста

Кога ќе седнете во најновиот Focus Vignale, комплетно, ќе бидете опкружени со чувство на исполнување. Уникатните кожни седишта инкорпорираат контрастни шафови, кои се простираат насекаде низ кабината за посебни нивоа на удобност и софистикација. Додека кожниот волан котролира низа напредни карактеристики и технологии, кои понатаму го зголемуваат вашето возачко искуство.

Најновиот Ford Active

Пристигнува во Декември, 2018 година.

Испакнат караван со инспириран стил и вистински Focus возни динамики, комбинирани со практичност, флексибилност и корисност. Уживајте целосно во најновиот Focus Active.

Спонтано авантуристички

Испакнатиот и вешт најнов Focus Active овозможува практичност, флексибилност и корисност. Зголемената возна висина и проширените лакови на тркалата Ви дозволуваат да го „командувате“ патот. Поголемите гуми му овозможуваат стабилност на возилото, зголемувајќи ја вашата доверба на сите терени.

Зачекорете надвор од обичното

Актив е потполно нов концепт за Focus. Караван - инспириран дизајн кој хомогено се вклопува со функции, кои овозможуваат кабина, којашто е испакната, но сепак софистицирана. И серијата на смарт технологии, вклучувајќи ги и изборните возни модови, овозможуваат контрола на вашите авантури.