Blue Friday – подароци и попуст во петок во Ми-Да Гранд Моторс

Синото во Миа Гранд Моторс значи големи попусти и подароци на новите и половните возила. Во следните две недели до крајот на месецов, односно на 23. и 30. месецов Миа Гранд Моторс организира Blue Friday – два петока исполнети со големи попусти и донаторска акција. И се со цел возилата да бидат подостапни до купувачите кои ќе можат да добијат и подароци, но и да направат хумано дело.

Ова е втора година по ред како автомобилскиот дистрибутер се вклучува во глобалната акција со големи попусти, но наместо познатиот Black Friday, ја одбира симболиката на сината боја. А Blue Friday подразбира огромни попусти на сите возила на залиха, нови и половни, подароци за секое возило купено во тој петок, и подароци за секое тест возење.

„Во текот на Blue Friday деновите Ми-Да Гранд Моторс овозможува огромни попусти за сите нови и користени возила кои се на залиха и од секое продадено возило тој петок фирмата донира средства во домот за деца без родители. Вратите на нашиот салон ќе бидат отворени до 20 часот во петок и ќе зрачиме со сината боја која ја симболизира довербата и лојалноста на нашите потрошувачи.“, вели Дритон Заири генерален директор на Ми-Да Гранд Моторс.

Сината е една од поатрактивните бои кои се применуваат во автомобилизмот, а  воедно и симнол на брендот Ford. Сите заинтересирани ќе имаат можност да испробаат нов автомобил и да добијат ексклузивна понуда.

Мида Гранд Моторс ги очекува сите да ја почувствуваат силата на Синиот Петок  на 23. и 30. ноември 2018.

Дојдете да ги видите моделите што се хит во Европа, и оние што тоа го најавуваат.