НОВИОТ C-MAX & GRAND C-MAX

Семејниот живот како и секогаш... е бурен. Затоа новиот Ford C-MAX е дизајниран да го направи секое патување да биде лесно и со најмалку напор. Новиот C-MAX со пет седишта или Grand C-MAX со седум седишта; кој и да го изберете ќе уживате во ново ниво на флексибилност, практичност и ефикасност. Додадете благодарни перформанси, одѕивно управување и голем број на извонредни технологии и можеби веќе го пронајдовте вашиот перфектен автомобил.

C-MAX Компакт со 5-седишта

Бројни напредни, заштедувачки на време и напор технологии, паметно спакувани во флексибилен и просторен фамилијарен автомобил. Достапни со хендс-фри liftgate кој го отвора и затвора багажникот со едноставно поминување со ногата под задниот браник: идеално кога ви се рацете фатени.

Grand C-MAX со 7-седишта

НОВИОТ GRAND C-MAX: ФЛЕКСИБИЛЕН ПРОСТО ЗА СЕДУМ За максимална разноврсност, нема потреба да барате понатаму од флексибилнот Grans C-MAX. Со лесен приод кој ви дава лесен пристап до задните седишта и ултра-флексибилен ентериер кој ќе ви помогне да извадите максимум од вашиот фамилијарен живот.

Внатрешен дизајн

Раскошен внатрешен дизајн

Во внатрешноста на новите C-MAX и Grand C-MAX, истиот јазик на кинетичкиот дизајн на Ford ги обликува впечатливите црти и површини, одразувајќи го динамичниот и модерниот карактер на надворешноста. Горната инстумент-табла што наликува на крило, глатко се обвива околу другите особини. Суптилните, контрастни палети на бои дополнително го нагласуваат модерниот и висококвалитетен впечаток и меко чувство на допир, а тука е и нивото на изработка што вообичаено е присутно кај поголемите луксузни возила.

ПАТУВАЈТЕ ВО СТИЛ БЕЗ НАПОР

Рационализиран, спортски, софистициран: можеби не зборовите кој што обично би обично се дружат со асоцирале на семеен автомобил. Но, новиот C-MAX и Grand C-MAX се дизајнирани да бидат различни. Флексибилноста, практичноста и ефикасноста никогаш не изгледале толку добро.

СЕДНЕТЕ И... ОПУШТЕТЕ СЕ

Простор за главата, за нозете и лактовите, има многу од сето тоа во внатрешноста на Новите C-MAX и Grand C-MAX. Има доволно простор и за сите ваши "основни" предмети за на пат, исто така. Затоа седнете и опуштете се и уживајте во возењето во софистицирана, елегантна и добро опремена кабина која ја става секоја корисна опција и извонредна технологија интуитивно блиску до вашата рака.

Надворешен Дизајн

Надворешност што се забележува на прв поглед

Привлечните C-MAX и Grand C-MAX го имаат стилскиот изглед обликуван според кинетичкиот дизајн на Ford, но имаат сосема различни карактери. Тие отсликуваат различни потреби за простор и функционалност, а истовремено ја прикажуваат пожелноста и овозможуваат штедливо возење.

Стајлинг

Енергија во движење

Начинот на кој кинетичкиот дизајн на Ford ја обликува и осовременува надворешноста се забележува веднаш штом ќе ги погледнете новите C-MAX и Grand C-MAX. Како дополнување на динамичниот стил, новите складни линии создаваат поатлетски профил.

Панорамски покрив

Едноделниот панорамски покрив на целото семејство му дава прекрасно чувство на слобода, раскош и простор. Електричните ролетни во овозможуваат лесно да го контролирате нивото на светлина што доаѓа од покривот.

Хромирани детали

Допадливите хромирани детали ги нагласуваат динамичните линии, високата класа на квалитет и хармоничниот дизајн на новите C-MAX и Grand C-MAX. Достапни кај нашиот модел Titanium, хромираните детали дискретно ја нагласуваат решетката, светлата за магла и лајсните на прозорците, означувајќи ја најновата еволуција на кинетичкиот дизајн на Ford.

Стил на предница

Голема долна трапезоидна решетка и мала горна решетка, и двете со хромиран завршеток, се дизајнерски печат на семејството Ford. Долгите складни предни светла создаваат атлетски изглед, а извајаната хауба продолжува до задните рабови што го дополнува спортскиот изглед.Надворешните рабови на браникот имаат стилизирани отвори за воздух и за светла за магла, кои исто така се достапни со хромирани детали.

Стилот на Grand C-MAX

Едноставно вклопени во рамката на новиот Grand C-MAX, лизгачките врати овозможуваат лесен пристап до задните седишта. Нагласените лакови над тркалата му даваат мускулест изглед, додека дизајнот на задниот дел ја отсликува просторноста на возилото.

C-MAX styling

Едноставно вклопени во рамката на новиот Grand C-MAX, лизгачките врати овозможуваат лесен пристап до задните седишта. Нагласените лакови над тркалата му даваат мускулест изглед, додека дизајнот на задниот дел ја отсликува просторноста на возилото.

НАДВОРЕШЕН ДИЗАЈН

Инфрацрвен ветробран

Дизајниран е да блокира поголем дел од сончевата светлина во споредба со стандардното стакло. Ова значи дека внатрешноста потешко ќе се загрева во топлите денови, што ќе овозможи удобен амбиент за вас и за вашето семејство.

Би-ксенон HID предни светла

Овие предни светла со голема ефикасност даваат двојно повеќе интензитет од конвенционалните халогенски предни светла и создаваат многу подолг зрак светлина, а сепак користат само две третини од енергијата.

Светла за магла

Моќните предни светла за магла продираат во мрачните услови за возење, а истовремено додаваат современ визуелен изглед на предницата. Исто така, тие се достапни со хромирани детали кај моделите Titanium.

Перформанси

Напреден инженеринг

Новите C-MAX и Grand C-MAX воведуваат напреден инженеринг што ги подобрува перформансите, одржливоста и помага да се намали трошокот на сопственост. Можете да изберете од надградените верзии на нашите познати дизел мотори Duratorq TDCi, сосема новиот турбо бензински мотор EcoBoost од 1,6 литри и секогаш популарните бензински мотори Duratec. Исто така, нашите мотори со намалено испуштање на CO2 се достапни со напредни преноси, вклучувајќи го новиот рачен менувач Durashift со шест брзини, којшто за првпат се користи во новите C-MAX и Grand C-MAX, како и автоматскиот менувач PowerShift со шест брзини и двојна спојка.

мотори и пренос

Нов бензински мотор EcoBoost од 1,6 литри

Новиот бензински мотор EcoBoost од 1,6 литри е достапен со моќност од 150 КС. Моторот постигнува штедливост во потрошувачката на гориво (комбинирано) од 6,9 l/100km (Grand C-MAX) и 6,6 l/100km (C-MAX) со испуштање на CO2 од 159 g/km (Grand C-MAX) и 154 g/km* (C-MAX). Сепак, уште подобро, моторите EcoBoost даваат подобрена моќност и намалена потрошувачка на гориво, а истовремено испуштањата на CO2 се намалени до 18% во споредба со бензинскиот мотор Duratec од 2,0 литри. Нема потреба да се напоменува дека овие мотори ги исполнуваат денешните построги глобални стандарди за испуштање штетни гасови. Реакцијата на EcoBoost на наредбите како и широката распределба на моќта при ниски вртежи во комбинација со намалената големина, тежина и економичност на потрошувачката на гориво значи повозбудливо возење.

Надградени дизел мотори Duratorq TDCi

Дизел моторите Duratorq TDCi од 1,6 и 2,0 литри кои се достапни кај новите C-MAX и Grand C-MAX се комплетно обновени за да обезбедат подобра изведба, помала потрошувачка и потивко работење. Возните перформанси се значително подобрени со подобрениот одговор на вашите наредби и голема моќност дури и при мали брзини на моторот. Новиот Duratorq TDCi од 1,6 литри е достапен со моќност од 115 PS. Така може да даде дополнителна изведба кога е потребно нагло забрзување. Тоа го прави со зголемување на компресијата, што го зголемува вртежниот момент од 270 Nm на 285 Nm за најмногу 15 секунди. И двете варијанти имаат извонредна економичност при потрошувачката на гориво (комбинирано) од 4,6l/100km и испуштања на CO2 од само 119 g/km кај новиот C-MAX (и 4,9 l/100km и 129 g/km кај Grand C-MAX). Најновиот мотор Duratorq TDCi од 2,0 литри дава моќна изведба на дизел гамата на C-MAX, не тоа не го прави на сметка на економичноста на потрошувачката на гориво и испуштањата на CO2. Моторот од 140 КС дава повеќе моќност, поширок опсег на вртежи и подобра реакција на вашите наредби при мали брзини на моторот, а истовремено економичноста на потрошувачката на гориво изнесува 5,1 l/100km, а испуштањата на CO2 изнесуваат 139 g/km* кај новиот C-MAX (со рачен менувач).

Други бензински мотори

Во гамата на бензински мотори кај новиот C-MAX и Grand C-MAX спаѓа веќе докажаниот мотор на Ford Duratec Ti-VCT од 1,6 литри со моќност од 105 КС и 125 КС. Овој целосно алуминиумски мотор Ti-VCT со 16 вентили што брзо ги следи вашите наредби е дополнително оптимизиран и подобрен за да постигне намалена потрошувачка на гориво и подобрена изведба. Економичноста на потрошувачката на гориво (комбинирано) е подобрена на 6,6 l/100km и испуштања на CO2 од 154 g/km* кај новиот C-MAX. Најголемата брзина што ја постигнува новиот мотор од 105 КС е 180 km/h, а забрзува од нула од 100 km/h за 12,6 секунди. Со новиот мотор од 125 КС, најголемата брзина достигнува до 188 km/h, додека забрзувањето од нула до 100 km/h се постигнува за 11,5 секунди.

Автоматски менувач Ford PowerShift со двојна спојка

Исто така можете да го изберете мошне ефикасниот автоматски менувач PowerShift со шест брзини и двојна спојка, што е достапен во изведба од 140 КС на најновиот дизел мотор Duratorq TDCi од 2,0 литри. Лесниот и напреден пренос PowerShift е дизајн со двојна спојка што ја комбинира ефикасноста, оптимизираниот сооднос на брзините и уживањето во возењето што се постигнува кај рачниот менувач со рамномерното и лесно користење на автоматскиот менувач. Преносот е значително поефикасен од конвенционалниот автоматски менувач што дава импресивни нивоа на економичност на потрошувачка на гориво и ниски испуштања на CO2. Со моторот Duratorq TDCi од 2,0 литри и 140 КС, новиот C-MAX со Ford PowerShift има (комбинирана) потрошувачка на гориво од 5,6 l/100km и испуштање на CO2 од 149 g/km*, а забрзувањето од 0-100 km/h го постигнува за импресивни 10,1 секунди. Новиот рачен менувач Ford Durashift со шест брзини Новите возила C-MAX и Grand C-MAX опремени со бензинскиот мотор EcoBoost од 1,6 литри и дизел моторот Duratorq TDCi од 1,6 литри се достапни со сосема новиот рачен пренос со шест брзини. Новиот пренос Durashift ги заменува постојните преноси со пет брзини со дизајн што е исклучително лесен и компактен за моќноста што ја произведува. Новиот пренос е за 30% полесен од нашиот рачен пренос со шест брзини, а ја има истата големина и тежина како и тековниот пренос со пет брзини кај малите автомобили и покрај тоа што има дополнителен сооднос и 50% поголем капацитет на вртежи. За дополнително да се намали потрошувачката на гориво, новиот дизајн ги минимизира загубите на ефикасност, како што е протокот на масло во менувачот. Исто така овој менувач нуди најдобар квалитет на менување брзини во својата класа со максимална прецизност и економичност. *Забелешка: сите податоци за испуштање на CO2 во g/km и податоци за потрошувачка на гориво се добиени од официјално одобрени тестирања во согласност со Директивата на ЕЗ 93/116/ЕЗ. Податоците за потрошувачката на гориво се добиени според Европската директива за потрошувачка на гориво ЕУ 80/1268/ЕЕЗ и ќе се разликуваат од резултатите за потрошувачка на гориво во други региони во светот.

Бои и дезени

Новиот C-MAX изгледа одлично во било која боја, но ние имаме некои убави финеси со што навистина се дополнува неговиот импресивен дизајн. Од внатре, ние исто така поставивме меки материјали за да се чувствувате навистина удобно.

технологии

Активна помош при паркирање

Активната помош при паркирање ви помага да се паркирате во простор што е само 1,2 пати поголем од возилото. Уште повеќе, оваа помош всушност ќе направи полуавтоматски маневар за паралелно паркирање. Користи бројни сензори поставени на шасијата, така што возачот треба само да ги притиска педалите за гас или сопирачка и да менува брзини, а управувањето се прави автоматски! Звучните сигнали и информациите што се покажуваат на екранот од централната конзола го насочуваат возачот додека не се заврши успешно маневарот за паркирање. (Опција како дел од пакетот за удобност).

Систем за информирање при „мртви агли“

Оваа визуелна помош со висока технологија ви стои на располагање за да ви ги олесни долгите патувања. Штом некое возило ќе влезе во вашиот „мртов агол“, системот ве предупредува со вклучување светло за предупредување на ретровизорот на вратата.

Контрола за насочување на силата на вртежите

Ја подобрува стабилноста во остри кривини со тоа што применува сила на кочење на внатрешното тркало и го пренесува погонот на надворешното тркало.Острите кривини се безбедни со зголемениот погон и подобреното управување.

Електронска програма за стабилност (ESP) со систем за контрола на погонот (TA) и систем за итно сопирање (EBA)

Најсовремениот ESP се наоѓа во основата на голем број карактеристики на активната безбедност. Овој систем го следи напредокот на возилото и секогаш е подготвен да интервенира, често незабележително, кога тоа е потребно.Системот не може да се отфрли, а новиот режим за намалена помош му помага на возилото во случаи на лизгава подлога, како на пример кога возилото излегува од длабок снег. ESP исто така вклучува и Контрола на погонот за да спречи преголемо вртење на тркалото и да гарантира оптимално влечење, изведба и стабилност. Кога треба брзо да сопрете, EBA овозможува да имате целосна сила на сопирање секогаш кога ви е потребна и помага да се намалат растојанијата на запирање во итни случаи. А ако треба да сопрете одеднаш, Предупредувањето за итно сопирање ќе ги активира задните стоп-светла за да ги предупреди другите возачи. Суспензија поставена под конструкцијата Подобрениот систем на суспензија во новиот C-MAX и Grand C-MAX го намалува триењето и ја унапредува контролата при управувањето. Предната и задната суспензија се поставени под конструкцијата на возилото што помага за да се обезбеди оптимална изведба, одлично управување и удобно патување. Управување и контрола Системот за управување што се приспособува по висина и длабочина со помош на хидраулика обезбедува најдобро можно управување. За да се постигне подобра стабилност, беше посветено големо внимание на приспособувањето на системите за суспензија и управување. Електронска помош при управување (EPAS) Системот лесно може да определи одредени ситуации за возење, како што се возење на отворен пат или паркирање и автоматски применува прецизно ниво на хидраулична поддршка. Како што се зголемува брзината, потребна е помала помош при управување и EPAS автоматски го прави управувањето потврдо за подобра реакција и подобар контакт со патот. Како дел од системот за управување, компензирањето на влечење при застранување го минимизира напорот за држење на управувачот кога се вози по нерамни патишта или со постојан страничен ветер. Дополнително, EPAS дава помош само кога е потребно, што може да ја намали потрошувачката на гориво до 3% во споредба со конвенционалните хидраулични системи за управување.

технички напомени

Надградена технологија

Кај новите C-MAX и Grand C-MAX, вие сте опкружени од паметна технологија – импресивна палета што може да се најде само кај луксузните возила. Овие технологии можат да ви помогнат со овозможување поголема безбедност и да ви помогнат поефикасно да маневрирате или, едноставно, само да ви овозможат поголемо уживање при возењето на ова ултранапредно возило. Тоа навистина е паметно.

надворешност

Бришачи со сензори за дожд

Автоматските бришачи на новите C-MAX и Grand C-MAX имаат шест нивоа на чувствителност и се вклучуваат при првата капка дожд и ја зголемуваат брзината за да се справат со сѐ што времето може да ви донесе. Корисна карактеристика што ви помага да останете концентрирани во услови за возење што претставуваат предизвик.

внатрешност

Аудиосистем и контролна табла со инструменти

За новите C-MAX и Grand C-MAX се достапни два целосно интегрирани, опционални системи за сателитска навигација со DAB аудио. Бидејќи се интегрирани системи, реагираат на тековната брзина на движење и на најновите услови на патот за да дадат поточни процени за времето на пристигнување и информации за патувањето. Системот за навигација Ford DAB опфаќа: Повеќенаменски екран во боја со висока резолуција од 5 инчи Контролна табла со копчиња Шест звучници за аудио DAB аудио Системот за навигација Sony DAB со задна камера опфаќа: Повеќенаменски екран во боја со висока резолуција од 5 инчи со Sony аудио, професионални аудиозвучници и завршница во пијано црна боја со големи копчиња и вртлива контрола. Контролните копчиња се осветлуваат кога се вклучени светлата на возилото.

Задна камера (стандардно со системот за навигација Sony DAB)

Без оглед на тоа колку се вртите назад за да проверите што има зад вас кога маневрирате, тешко е да ја забележите секоја пречка и точно да ја процените оддалеченоста. Задната камера е технолошко решение за двата проблеми. Едноставно ставете во рикверц и на екранот за навигација автоматски се појавува задниот приказ. Можете да видите колку сте блиску до објектите зад вас, а графиката што се прикажува над сликата ја покажува насоката на движење на возилото. (Стандард кај C-MAX и Grand C-MAX Titanium).

Bluetooth со гласовна контрола

Беж жици и без користење раце, Bluetooth®* со гласовна контрола обезбедува најнапредно поврзување помеѓу мобилниот телефон и возилото. Контролниот систем што се активира со глас му овозможува на возачот да пристапи до главните функции на возилото со гласовни наредби додека вози, на пример да променува радиостаници или нумери на ЦД. Исто така, системот ви овозможува да воспоставувате и да примате повици од мобилен телефон којшто е компатибилен со Bluetooth®, па дури и директно да пристапите до вашиот телефонски именик. Постојан тек на аудио преку Bluetooth го поставува поврзувањето на повисоко ниво со тоа што ви овозможува пристап до музиката на вашиот телефон што можат да се репродуцираат безжично преку аудиосистемот на возилото.

Приклучок за MP3 и USB

Системот Bluetooth со гласовна контрола исто така вклучува и УСБ-приклучок што овозможува уреди коишто немаат Bluetooth да се поврзат со возилото. Ова значи дека преку аудиосистемот можат да се репродуцираат и да се контролираат MP3 музички датотеки од USB-меморија или MP3-уред како што е iPod. *Трговската марка и логото Bluetooth® се дозволени и се во сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и секое нивно користење на овие марки од компанијата Ford Motor Company Limited и нејзините сродни компании е според доделена лиценца. Другите трговски марки и трговски имиња се во сопственост на нивните сопственици.

возење

Ограничувач на брзината

Овој систем е достапен е како дел од темпоматот и ви овозможува да ја поставите најголемата брзина помеѓу 30 и 180 km/h. Системот за управување со моторот обезбедува возилото да се движи во рамките на поставеното ограничување на брзината и ви помага да се концентрирате на патот пред вас, наместо на брзинометарот. (Стандард кај C-MAX и Grand C-MAX Titanium)..

Помош при поаѓање на нагорнина

Оваа иновација спречува да се вратите назад кога поаѓате на нагорнина. Откако ќе ја отпуштите педалата за сопирање кога не се движите, технологијата ги сопира тркалата и му помага на возачот безбедно да тргне..

Електронска програма за стабилност (ESP)

Најсовремениот ESP се наоѓа во основата на голем број карактеристики на активната безбедност. Овој систем го следи напредокот на возилото и секогаш е подготвен да интервенира, често незабележително, кога тоа е потребно. Системот не може да се отфрли, а новиот режим за намалена помош му помага на возилото во случаи на лизгава подлога, како на пример кога возилото излегува од длабок снег.

Светла за итно сопирање

Автоматски ги вклучува светлата за предупредување за опасност при маневар за итно сопирање за да ги предупреди возилата зад вас.

Електронско пред-полнење на сопирачките

Кога возилото ќе препознае потенцијална ситуација за итно сопирање, ESP однапред го полни системот за сопирање затворајќи го просторот меѓу плочките и дисковите за сопирање за да помогне во намалувањето на растојанието на сопирање.

Помош за итно сопирање

Помага да се постигне најдобро сопирање во итни ситуации со зголемување на притисокот на сопирање ако системот открие дека возачот применил недоволен притисок.

Контрола на погонот

Го елиминира непотребното вртење на тркалата за да обезбеди оптимален погон, изведба и стабилност. Со намалувањето на вртежниот момент на моторот, можете ефикасно да забрзате и да тргнете.

Контрола за насочување на силата на вртежите

Ја подобрува стабилноста во остри кривини со тоа што применува сила на кочење на внатрешното тркало и го пренесува погонот на надворешното тркало. Острите кривини се безбедни со зголемениот погон и подобреното управување.

СИГУРНОСТ И БЕЗБЕДНОСТ

Интелигентен систем за заштита (IPS)

Новите C-MAX и Grand C-MAX имаат напреден Интелигентен систем за заштита на Ford (IPS) којшто е клучен за безбедносните параметри што се најдобри во класата. Ќе се чувствувате побезбедно ако знаете дека сте заштитени со оптимизирана и максимално силна структура на каросеријата што е цврста, јака и лесна. Дополнително, двата модели се дизајнирани поефикасно да ја апсорбираат енергијата во случај на удар додека работат заедно со сите технологии во возилото за спречување несреќа.

Систем за потсетување за ставање на појасот

Кај Grand C-MAX е вграден специјален нов систем за потсетување за ставање на појасот којшто го предупредува возачот ако некој од патниците во вториот или третиот ред погрешно го ставил појасот. Овој систем е особено корисен ако во возилото патуваат деца. Возачот добива визуелно предупредување на екранот на инструмент-таблата, како и звучен сигнал ако појасот се извади додека возилото се движи. (Само кај Grand C-MAX)

Електронско заклучување на вратите

Едноставен прекинувач ви овозможува да ги обезбедите вашите скапоцени патници на задните седишта. Можете електронски да го активирате или деактивирате заклучувањето на задните врати полесно од конвенционалните механички брави за заклучување. Прекинувачот на панелот на вратата од возачот исто така ја контролира и функцијата за деактивирање на задните електрични прозорци. А важна карактеристика е дека заклучувањето се деактивира во случај на незгода. (Стандард кај C-MAX Titanium и Grand C-MAX).

Електронска програма за стабилност (ESP) со Контрола на погонот

Најсовремениот ESP се наоѓа во основата на голем број карактеристики на активната безбедност. Овој систем го следи напредокот на возилото и секогаш е подготвен да интервенира, често незабележително, кога тоа е потребно. Системот не може да се отфрли, а новиот режим за намалена помош му помага на возилото во случаи на лизгава подлога, како на пример кога возилото излегува од длабок снег. ESP исто така вклучува и Контрола на погонот за да спречи преголемо вртење на тркалото и да гарантира оптимално влечење, изведба и стабилност.

Пасивен систем против кражба (PATS)

Пасивен систем против кражба (PATS) Кога треба да го оставите вашиот C-MAX некаде, сакате да знаете дека тој може да се грижи за себе. Токму затоа вградивме толку многу безбедносни особини: • Бравите се со голема безбедност, отпорни на пробивање и заштитени со зајакнати држачи • Напредниот имобилизатор Ford PATS го исклучува моторот додека вашиот клуч со единствен код не го стартува • Аларм за периметар со откривање на звук во внатрешноста (опционално) • Централно заклучување што се управува преку приврзокот за клучот и клучот • Затворање на сите прозорци кај електричните прозорци

ISOFIX седење

Појасите со три точки се поставени на сите задни седишта кај C-MAX и Grand C-MAX, додека двете странични седишта во вториот ред имаат приклучоци за држачи за детски седишта ISOFIX кај двата модела.

околина и економичност

Најмало испуштање CO2 во класата

Во новите C-MAX и Grand C-MAX се вградени најновите технологии за мотори коишто обезбедуваат импресивна комбинација на брза реакција на вашите наредби и одлични перформанси со намалена потрошувачка на гориво и испуштања на CO2. Искористете ја импресивната економична потрошувачка на гориво без да правите компромис со перформансите или уживањето во возењето: • C-MAX со бензински мотор EcoBoost од 1,6 литри и 150 КС испушта CO2 од само 154 g/km • C-MAX со дизел мотор TDCi од 1,6 литри испушта CO2 од само 119 g/km • Grand C-MAX со дизел мотор TDCi од 1,6 литри испушта CO2 од само 129 g/km