Луксузниот Ford Galaxy веќе од €29.400

Со својата напредна технологија и совршениот дизајн, новиот Ford Galaxy го комбинира највисокиот квалитет на возење со највисоките нивоа на просторност, удобност и иновација. Едноставно, ова возило е најелегантното семејно возило со 7 седишта што собира најмногу што може денес да се најде на патиштата. Откријте ја целата понуда на Galaxy, до Titanium. Ве молиме погледнете ги целосните карактеристики и спецификации за повеќе детали или контактирајте со вашиот продавач на Ford.

Кинетички дизајн на Ford

Елегантен и аеродинамичен стил на новиот Ford Galaxy ја отсликува нашата филозофија „енергија во движење“.

Динамика на возењето

Напредните технологии на суспензија овозможуваат одлична динамика на возењето и следење на наредбите на управувачот.

Флексибилна внатрешност

Големиот број иновации го прават Galaxy идеален за работа или игра.Луксузните материјали ви помагаат да се опуштите додека уживате во просторноста.

Безбедносни карактеристики

Системите за пасивна и активна безбедност заедно со технологијата за помош на возачот се направени за да го направат возењето полесно и побезбедно без оглед на условите.

Паметна технологија

Иновативната технологија ви дава контрола и удобност што можете да ја очекувате кај возилата од висока класа.

Квалитетна изработка

Новите материјали и деталите во внатрешноста на Galaxy го прават ова одлично возило уште поелегантно.

dizajn

Кинетички дизајн на Ford

Со својата елегантна и современа појава, Galaxy е убав пример на кинетичкиот дизајн на Ford. Седнете во раскошната внатрешност и ќе забележите дека кабината е релаксирачки и многу флексибилен простор.

Надворешен дизајн

Со својата аглеста предница, предни светла во вид на скапоцен камен и аеродинамичната форма, Galaxy отсекогаш имал динамичен профил. А сега со дизајнерските дополнувања, како што се извајаната хауба, хромираните детали и пониските и понагласени браник и решетка, новиот Galaxy дава дополнително чувство на елеганција.

Внатрешен дизајн

Светлата и релаксирачка атмосфера во Ford Galaxy е дополнително подобрена со мали детали, вклучувајќи и лукзузните нови ткаенини и дигиталниот аудиосистем Sony. Во внатрешноста на новиот Galaxy има: • Мека кожа Windsor • Опции за бои со дополнителни дезени • Хромирани украси • Централна конзола во пијано-црна боја

Пренос Ford PowerShif

Ford PowerShift нуди совршено искуство за ентузијастите за возење. Има нов, најмодерен автоматски менувач со двојна спојка и паметно ја избира следната најсоодветна брзина во вистинскиот момент, овозможувајќи секавично менување брзини без да се прекинува текот на моќноста. Исто така можете да ја искористите подобрената заштеда на гориво во споредба со конвенционалните автоматски менувачи. Покрај максималната ефикасност и штедливост при потрошувачката на гориво, Ford PowerShift има спортски режим што ви овозможува да ги менувате брзините без да притискате на куплунгот.

Дизел технологија Duratorq на Ford

Нашите дизел мотори ја користат најновата технологија за да ја комбинираат моќноста со одличната економичност во потрошувачката на гориво што придонесува за намалените испуштања на CO2.Значително подобрениот дизел мотор Ford Duratorq TDCi од 2,0 литри е дополнет со новата верзија со 163 КС (120 kW), а и двата мотори се тивки, високо-ефикасни и достапни со PowerShift пренос.Испуштањата на CO2 се 159 g/km (PowerShift) и 152 g/km (рачен пренос).

Луксузни материјали и дезени

Сплетот на елегантна кожа или текстил, дополнет со шиењето со висок контраст, ја подигнува внатрешноста на повисоко ниво на раскош и престиж.Новите стилски лајсни на вратите и дезените на иснтрумент-таблата додаваат дополнителна елеганција, вклучувајќи ги и елегантниот нов дизајн Mercury или современата Chrome Brushed завршница.

Стил со Individual

Individual е начин да го приспособите вашиот Galaxy со голем број уникатни стилски опции за внатрешноста и тркалата.

Задна камера

Кога ќе изберете рикверц, задната камера се активира автоматски на екранот од системот за навигација и ви овозможува да ги гледате објектите зад вашиот автомобил. Специјална графика за наведување ја покажува ширината и централната линија на автомобилот според аголот на вртење за побезбедно и полесно маневрирање. (Опција)

Електронско заклучување на вратите

Со кликнување на само едно копче, оваа иновативна опција ви овозможува да ги обезбедите вашите скапоцени патници на задните седишта.

Систем од шини на покрив со лизгачки попречни рамки

Новиот систем од шини на покрив од зајакнат алуминиум додава нова, складна димензија на пренос на багаж на покривот. Лизнете ги попречните рамки на задната страна од покривот кога не е потребна нивната способност за пренесување тежок товар, за да се покажат елегантните линии на вашиот Ford Galaxy. (Попречни рамки - опција и дополнителна опрема)

Украси на надворешноста

Нови хромирани детали на држачи на рачките на вратите, лајсни на вратите, украси на врати и предна решетка.

Технологија за LED-осветлување

Се користи како одличен ефект и оваа технологија прва се забележува.

okolina

Посветеност на иднината

Ние секогаш се трудиме да го подобриме тоа што го правиме и начинот на којшто го правиме тоа. Во пресрет на климатските промени, коишто се глобален предизвик, нашите насоки и темпото на иновации никогаш не биле поважни. Затоа развиваме цела палета многу напредни возила што испуштаат помалку штетни гасови.

Моторот Ford EcoBoost SCTi

На нашата палета турбо дизел мотори што се најдобри во класата сега им се приклучува и првиот од високо-ефикасните турбо бензински мотори Ford EcoBoost SCTi што се користи кај Ford S-MAX. Овие мотори ги комбинираат поголемата моќност и поширокиот опсег вртежи со намаленото испуштање штетни гасови и помалата потрошувачка на гориво. Моторот EcoBoost SCTi од 2,0 литри што е најдобар во својата класа дава 203 КС, со потрошувачка на гориво од само 8,1 l/100 km (34,9 mpg) (комбинирано), намалувајќи ги испуштањата на CO2 до 20% (испуштањата на CO2 се 189 g/km).

Мотори Ford Duratorq TDCi

Направен за да понуди подобри перформанси и пониски трошоци на сопственост, новиот мотор Duratorq TDCi од 2,0 литри нуди импресивна економичност на потрошувачката на гориво и многу мали испуштања на CO2:5,7 l/100 km (49,5 mph) (комбинирано) и просечно испуштање CO2 од 152 g/km. Моторот Duratorq TDCi од 2,0 литри е унапреден за да ги исполни построгите стандарди за испуштање штетни гасови Euro 5 и сега е достапен со 115, 140 или 163 КС. Дополнително, 140 и 163 КС се достапни со опционалниот автоматски менувач Ford PowerShift со шест брзини и двојна спојка. Забелешка: Сите податоци за испуштање на CO2 во g/km и податоци за потрошувачка на гориво се добиени од официјално одобрени тестирања во согласност со Директивата на ЕЗ 93/116/ЕЗ.Податоците за потрошувачката на гориво се добиени според Европската директива за потрошувачка на гориво ЕУ 80/1268/ЕЕЗ и ќе се разликуваат од резултатите за потрошувачка на гориво во други региони во светот.

Euro 5 стандарди за испуштање штетни гасови

Моторите на Galaxy целосно ги исполнуваат новите построги стандарди за испуштање штетни гасови Euro 5, односно испуштањето на штетни гасови и CO2 е помало.

Внатрешен дизајн

Ford Galaxy без напор ги спојува стилскиот дизајн со флексибилната и пространа внатрешност. Од предните седишта со променлива климатизација до широкиот простор за глава и за нозе којшто е достапен кај сите три редови седишта, ова величествено возило е синоним за удобност и релаксација. Исто така, лесно може да се најде место за целиот важен багаж. Со системот за преклопување на седиштата на Ford FoldFlatSystem (FFS), седењето во возилото може да се преуреди на зачудувачки 32 различни начини за максимална флексибилност.

КОМОЦИЈА И УДОБНОСТ

Ветробран што ги одбива сончевите зраци

Овој ветробран е специјално дизајниран да блокира поголем дел од сончевата топлина во споредба со стандардното стакло. Ова значи дека внатрешноста потешко ќе се загрева во топлите денови, што ќе овозможи удобна околина за возење за вас.

Предни седишта со контрола на климатизацијата

Удобност на седиштето што ја контролира патникот за да се подобри удобноста при возењето, особено на подолги релации. Со изборот на пет нивоа на загревање и вентилација, овие седишта имаат вградени грејачи за да ја обезбедат саканата температура додека перфорираниот материјал на седиштата и вентилаторите во седиштата овозможуваат ладниот воздух од внатрешноста на автомобилот да циркулира меѓу седиштата и патниците кои седат на нив.

Автоматско затемнување на ретровизорот

Автоматски ја открива светлоста од предните светла на возилата зад вас и ја намалува осветленоста. Тоа спречува да бидете заслепени или зашеметени, а ноќното возење е полесно и побезбедно за вас.

Загреан ветробран Quickclear

Само со притискање на едно копче, грејачите во ветробранот се активираат веднаш и брзо и едноставно го чистат од мраз и кондензација.

Загреани ретровизори на вратите

Загреаните ретровизори на вратите што се управуваат електронски брзо се чистат од мраз, снег и кондензација и со тоа ја подобруваат општата видливост. Достапни со функцијата за меморирање и/или функцијата за преклопување.

Копче за стартување Ford Power

Веќе нема потреба да го ставате клучот во бравата за да го стартувате автомобилот. Сега едноставно го притискате копчето за стартување додека го притискате куплунгот (или педалата за кочење кај автоматски менувач) и го стартувате моторот. Исто така достапно со системот Ford-KeyFree: систем за влегување без клуч што ви овозможува да го заклучувате и да го отклучувате автомобилот без да го вадите клучот од џебот или торбата.

Систем Ford Key-Free

Системот FordKeyFree е систем којшто е нов кај Galaxy и служи за влегување без клуч што ви овозможува да го заклучувате и да го отклучувате автомобилот без да го вадите клучот од џебот или торбата. Сензорите на автомобилот го откриваат присуството на „пасивниот клуч“ и соодветно ги активираат механизмите за заклучување.

ФЛЕКСИБИЛНОСТ НА СЕДЕЊЕ

Систем за преклопување на седиштата на Ford FoldFlatSystem (FFS)

Можеби сте љубител на „направи сам“ или треба да го носите велосипедот на вашата ќерка или можеби сте назначени за возач на бендот на вашиот син. Без разлика што и да треба да се носи, Galaxy е доволно флексибилен за да го исполни тоа. FFS значи дека секое од задните седишта се спушта на исто ниво со подот, а седиштата во вториот ред можат и да се лизгаат и закосуваат. Постојат вкупно зачудувачки 32 можни комбинации на седење.

Луксузни материјали и дезени

Сплетот на елегантна кожа или текстил, дополнет со шиењето со висок контраст, ја подигнува внатрешноста на повисоко ниво на раскош и престиж. Новите стилски лајсни на вратите и дезените на иснтрумент-таблата додаваат дополнителна елеганција, вклучувајќи ги и елегантниот нов дизајн Mercury или современата Chrome Brushed завршница.

Единствен квалитет од висока класа

Внимателно избраните материјали и добрата рамнотежа на палетите со бои додаваат дополнителен стилски акцент. На располагање ви стои голем избор на бои и елегантни материјали. Материјалите коишто се меки на допир, како што е новата кожа Windsor, прекрасно ги дополнуваат дизајнерските детали и украси во кабината. Секој шев, секое парче ткаенина и кожа, секој детаљ во Galaxy е беспрекорно изработен.

ИНСТРУМЕНТИ И КОНТРОЛИ

Интерфејс за комуникација меѓу човек и машина (Human Machine Interface - HMI) и Ford Convers+

Овој интуитивен команден центар ви помага да имате целосна контрола врз голем број системи во возилото. HMI е достапен во стандардна или напредна варијанта, или како екран на Ford Convers+, и со него се управува со два прекинувачи поставени на управувачот за поставувањата за аудио и за возилото. Со левиот прекинувач можете да пронаоѓате и да променувате радиостаници и нумери на ЦД, како и да ја поставите јачината на звукот. Десниот прекинувач служи за контрола на групираниот приказ за параметрите на возилото и патниот компјутер. Кај групираниот приказ Ford Convers+, десниот прекинувач ви овозможува да лизгате во мултимедијалните списоци MultiMedia, да го контролирате телефонот, радиото и CD-уредот. Исто така е достапен и опционален приклучок за USB/MP3/iPod®.

Bluetooth со гласовна контрола

Сега, додека возите, можете безбедно да воспоставувате повици со вашиот мобилен телефон без да ги користите рацете со користење на технологијата за Гласовна контрола (Voice Control). Системот ви овозможува да го контролирате мобилниот телефон којшто е компатибилен со Bluetooth®*, како и аудиосистемот во возилото, системот за навигација со DVD и системот за контрола на климатизацијата.

Приспособлив темпомат (ACC) со Предупредување за растојание (FA)

Со ACC можете автоматски да го одржувате избраното растојание од возилото пред вас. Ако возилото пред вас забави и го намали растојанието, ќе се намали и вашата брзина. А кога сообраќајот ќе забрза, вие автоматски ќе се вратите на претходната брзина. Во меѓувреме, FA го следи вашето растојание од возилото пред вас и ако возите премногу блиску, ќе се активира звук и светло за предупредување. Некои верзии исто така се достапни со Приспособлив уред за ограничување на брзината (ASLD).

Приспособлив уред за ограничување на брзината (ASLD)

Овој нов систем за помош на возачот е вклучен како дел од темпоматот. ASLD е направен за да му помогне на возачот случајно да не ги надмине брзините што ги определил, на пример да остане во рамките на дозволената брзина за време на долгите патувања. Со користење на напредните прекинувачи за темпоматот што се наоѓаат на управувачот можете да ја поставите вашата најголема брзина од 30 до 180 km/h (19 до 112 mph). Ако вашата брзина го надмине определениот опсег, системот за управување со моторот интервенира за да ве врати на брзината што сте ја поставиле.

Двојна електронска автоматска контрола на температурата (DEATC)

Кога патувате со Galaxy, удобноста никогаш не се доведена во прашање.DEATC ви овозможува да ја поставите температурата посебно според вашите желби, без разлика дали седите на возачкото или совозачкото седиште, а температурата во зоните може да се разликува до 4ºC. И за патниците на задните седишта има посебен компресор којшто обезбедува дополнителен ладен воздух ако е потребно.

Систем за мобилна навигација

Вклучете го вашиот паметен телефон со Bluetooth (мобилниот телефон не е вклучен) во уредот за навигација. Едноставно внесете го чипот за навигација, внесете ги податоците за патувањето и телефонот ќе ги пренесе податоците за маршрутата до аудиосистемот на возилото и инструмент-таблата (достапно во комбинација со аудиосистемите Sony).

ПРОСТОРНОСТ

Конзола над главата во целосна големина

Оваа многу практична конзола е инспирирана од внатрешниот дизајн кај авионите и нуди голем број прегради, држач за очила за сонце и огледало за надгледување на децата.

Простор за предмети во внатрешноста

Со своите 24 прегради за предмети, пространата внатрешност на Galaxy никогаш не е натрупана, без разлика колку дополнителни предмети ќе земе вашето семејство. А додадовме и прегради под предните седишта, така што постои помала шанса да најдете предмети под нозете.

Повеќе простор за уште поголема удобност

Galaxy е идеален за големи семејства благодарение на неговата просторност. А ако треба да пренесете голема опрема или голем товар, седиштата од вториот и третиот можат да се преклопат и да се добие огромен простор од 2.325 кубни литри во задниот дел.

Мрежа за заштита на багажот

Трајната мрежа за заштита ги штити вашите предмети во делот за багаж на додека патувате. Ги исполнува заострените стандарди за безбедност на Европската комисија за Европа (ECE-R17.07/DIN 75410-2). (Опција и дополнителна опрема)

Дополнителна опрема

Без разлика дали одите на скијање или до продавницата за да купите нешто за вашата работилница, има голем избор на дополнителна опрема што го зголемува капацитетот за товар на Galaxy. Скиите и штиците за скијање можат да се стават на покривот или во Комплетот за активности којшто користи алуминиумски шипки и приврзоци за да ги заклучи предметите и да спречи нивно изместување. Тука е и багажникот за на покрив Thule за безбедно пренесување на дополнителен багаж во секакви временски услови. Дополнително, можете да изберете голем систем со целосна големина за заштита на кучиња за безбедно да носите дополнителен багаж или миленичиња во задниот дел. Системот за заштита на кучиња може да се прицврсти зад седиштата од вториот ред или зад седиштата од предниот ред кога седиштата од вториот ред се преклопени. Системот за заштита на кучиња ги исполнува безбедносните прописи на Економската комисија за Европа (ECE-R17) и може да се нарача.

НАДВОРЕШЕН ДИЗАЈН

Со својата аголна предница и аеродинамичен изглед, Galaxy прикажува стилски прв впечаток. Но, исто така е и разноврсен и практичен фамилијарен автомобил, кој може да смести додатни членови од Вашата фамилија, нивните пријатели и додатен багаж со леснотија.

Стил

Извајан дизајн

Galaxy има складни и компактни линии. Понискиот став му дава повеќе аеродинамичност, а тука се и големиот број стилски детали во кои спаѓаат: • Лежишта за рачки за врата со хромирана завршница • Хромирани лајсни на вратите • Украси со хромирани детали • Отвори за внесување воздух на предната решетка со светла завршница (освен кога возилото е опремено со приспособлив темпомат.

Нов складен дизајн на решетките

Горната решетка сега има три тесни хоризонтални ленти со хромирана завршница (освен кога возилото е опремено со приспособлив темпомат).Долната решетка исто така има хромирана завршница кај верзиите Ghia и Titanium што дава динамично нагласен изглед.

Задни LED-светла

Технологија на светла што веднаш се забележува.Светлите и долготрајни LED-светла ја подобруваат видливоста и го дополнуваат впечатливиот изглед навечер.

Палета дополнителни тркала

Секое карактеристично тркало го подобрува складниот дизајн на Ford Galaxy. А за дополнителна безбедност во случај на продупчена гума, изберете ги иновативните гуми кои не се издишуваат во случај на продупчување со Системот за следење на притисокот во гумите (TPMS) (достапни со лесни (алуминиумски) тркала од 17" со 5x2 краци).

Технички карактеристики

Надграден со најновата технологија, новиот Galaxy е специјално дизајниран да го направи секое патување побезбедно, поедноставно и попријатно за возачите и патниците. Galaxy поседува голем број нови технологии кои совршено одговараат на вашите практични потреби и на потребите на вашето семејство, а истовремено ја исполнува вашата желба за независност.

ПАМЕТНА ТЕХНОЛОГИЈА

Систем за информирање при „мртви агли“

Оваа визуелна помош со висока технологија е создадена за да ви ги олесни долгите патувања. Штом некое возило ќе влезе во вашиот „мртов агол“, системот ве предупредува со дискретни светла за предупредување што се вградени во ретровизорите на вратите кај возачот и совозачот. (Опција)

Ford Easy Fuel

Луѓето често дополнуваат дизел гориво во резервоарот за бензин и обратно.Ford Easy Fuel е систем за дополнување гориво без капак со уред за спречување на дополнување со погрешно гориво што може да ги разликува отворите на цревата за точење бензин или дизел гориво. Така никогаш нема да дополните погрешно гориво.

Осветлување за безбедно оддалечување

Предните светла и опционалните (или стандардни кај повисоките верзии) мали светилки остануваат вклучени уште неколку секунди додека се оддалечувате од автомобилот. Корисна карактеристика што треба да ви помогне безбедно да стигнете до вашиот праг навечер.

Ладна преграда пред совозачкото седиште

Ладна преграда пред совозачкото седиштеПреградата се лади со користење на воздухот од системот за климатизација.

Електрична кочница за паркирање (EPB)

EPB е лесна за користење и се вклучува и исклучува со притискање на прекинувач на централната конзола. EPB ја заменува конвенционалната рачна кочница и со тоа ослободува место.

АУДИО И НАВИГАЦИЈА

Аудиосистеми

Galaxy нуди опции за аудио коишто додаваат нова димензија на вашето музичко искуство во автомобилот. На пример, можете да го изберете модерниот аудиосистем Sony со дигитално радио DAB. Исто така, тука е и можноста за репродуцирање MP3 (со опција за Bluetooth®), како и надворешниот приклучок за AUX и приклучок за USB за поврзување и контрола на вашиот MP3-уред.

Дигитален аудиосистем Sony

Уживајте во моќното аудиоискуство во вашиот автомобил, а тука е и кристално јасниот радиоприем DAB. Екранот на дигиталниот аудиосистем може да прикажува и информации за програмата што ја слушате, како што е содржина на радиодрама.

USB-интерфејс и постојан тек на аудио

Кај Galaxy, можете да користите USB-поврзување за да го поврзете вашиот MP3-уред и да ги видите омилените нумери на екранот од контролната табла на возилото. За да управувате со музиката, едноставно користете ги контролите за HMI. Дополнително, постојаниот тек на аудио ви овозможува да пренесувате музика и текст од вашиот музички уред или мобилен телефон со можност за Bluetooth® на аудиосистемот во автомобилот. (Опција) Компатибилен со Системот за Bluetooth® Hands-Free и Гласовна контрола.

Систем за забава на задните седишта Ford Individual (DVD)

Забавата во Ford Galaxy вклучува и вграден DVD-уред со два независни LCD-екрани од 7 инчи, далечински управувач и две безжични слушалки. Така дури и најпребирливите патници можат да уживаат во свој сопствен простор со филмови и компјутерски игри. Вклучува и приклучоци за AV компоненти. (Опција)

Систем за навигација со DVD

Има екран во боја од 7 инчи што е чувствителен на допир, компатибилен е со MP3, а вклучени се осум професионални звучници како и опционален надворешен ЦД-уред со капацитет од 6 дискови. Компатибилен со задна камера. (Опција) Исто така е достапен со аудиосистемот Sony Digital.

СИСТЕМИ ЗА ОСВЕТЛУВАЊЕ

Халогенски систем на приспособливи предни светла (AFS)

Со AFS, предните светла се вртат лево или десно до 15˚ според вашата брзина и аголот на управувачот. Така, како што го вртите управувачот, кратките светлата се вртат за да го осветлат патот како што влегувате во свиокот. Ова ја зголемува видливоста на кривините и создава побезбедна околина за возење.

Би-ксенон HID предни светла

Би-ксенон HID предните светла кај Galaxy се повеќе од двапати помоќни од конвенционалните предни светла, а користат само две третини од енергијата.Оваа опција исто така вклучува статични странични светла и бришачи на предни светла.

Статични странични светла

Интегрирани во халогенскиот систем на приспособливи предни светла (AFS) и би-ксенон HID предни светла, статичните странични светла се активираат кога ќе го завртите управувачот за 30°. Овие светла даваат уште повеќе светло на остри кривини за да ви помогнат да избегнете потенцијален проблем.

Безбедност и сигурност – дизајн за безгрижни патувања

Сигурноста што ја чувствувате додека го возите Galaxy произлегува од активната и пасивната безбедност што се комбинирани во еден сеопфатен систем. Почнувајќи од склопливиот столб на управувачот што спречува повреди, па продолжувајќи до паметната технологија што спречува да се вратите назад при поаѓање на нагорнини, главен мотив при дизајнирањето на Galaxy е вашата безбедност и безбедноста на вашето семејство.

ПАСИВНА БЕЗБЕДНОСТ

Интелигентен систем за заштита (IPS)

Штом Galaxy ги доби сите 5 ѕвезди за безбедност на патниците од Euro NCAP, тогаш знаете дека ова возило безбедноста ја сфаќа сериозно. Заедно со најновите технологии за заштита на возачот и патниците, главниот елемент во нашиот пакет за пасивна безбедност е IPS. Во него спаѓаат следните напредни системи кои се подготвени да се активираат во дел од секундата:
• Воздушни перничиња за општа заштита. Тука спаѓаат: воздушни перничиња за предните седишта, воздушни перничиња на предната страна што се отвораат при удар, странична воздушна завеса на предниот и вториот ред (се отвораат од облогата на покривот) и воздушно перниче за колената на возачот
• Појаси со 3 точки со затегнувачи и собирачи на предните седишта
• Држачи кои се приспособуваат по висина на предните појаси
• Систем за потсетување за ставање на појасот
• Напреден склоплив столб на управувачот и педали на вовлекување кои се собираат подалеку од возачот за да ги намалат повредите во случај на удар – Систем за повлекување на педалите (Pedal Intrusion Prevention System - PIPS)
• Напреден систем за заштита на вратот на предниот патник за избегнување повреда на вратот
• Тврд челичен безбедносен кафез кој заедно со страничните носачи во вратите го минимизира ударот при судир
• Прекинувач за деактивирање на воздушното перниче на совозачот – во зависност од продавачот
• Приклучоци за детско седиште ISOFIX* на двете седишта во вториот ред
• Автоматско предупредување за опасност – се активира автоматски во случај на незгода
*Забелешка: Детското седиште никогаш не треба да се става на предното совозачко седиште кога возилото на Ford има функционално воздушно перниче на совозачкото седиште. Најбезбедното место за децата е правилно да седат на седиштата во вториот ред.

АКТИВНА БЕЗБЕДНОСТ

Систем против блокирање на сопирачките (ABS) со електронска распределба на силата за сопирање (EBD)

Овој систем е поставен во Galaxy за да обезбеди полесно, постабилно и побезбедно сопирање за вас и за вашите патници.

Електронска програма за стабилност (ESP) со систем за контрола на погонот (TA) и систем за итно сопирање (EBA)

ESP со TA ги следат вртежите на тркалата, како и аголот на управувачот, аголот на скршнување и движењето на страна. Ако сензорите откријат лизгање на предните или задните гуми, компјутерот ја променува силата на моторот и ги активира сопирачките на одредени тркала. Ова овозможува подобра контрола на погонот со намалување на вртежите ако тркалата се вртат кога забрзувате. На тој начин се подобрува можноста да се движите на лизгава подлога или на нестабилни површини давајќи ви уште поголема безбедност во возењето. EBA овозможува да имате целосна сила на сопирање секогаш кога ви е потребна и помага да се намалат растојанијата на запирање во итни случаи. А ако треба да сопрете одеднаш, Предупредувањето за итно сопирање ќе ги активира задните стоп-светла за да ги предупреди другите возачи.

Интерактивна контрола на динамиката на возилото (IVDC) со Постојана контролирана амортизација (CCD)

IVDC дава забележливо подобрување при управувањето, стабилноста, како и самото сопирање. Секој амортизер се приспособува пет пати во секунда за да обезбеди најдобра можна удобност на патниците и контакт со коловозот. Исто така, можете да се префрлате меѓу моделите на суспензија, спортска, нормална и удобна, во зависност од вашето расположение. (Опција) CCD соработува со Електронската програма за стабилност (ESP) за да ги намали растојанијата на сопирање на нерамни површини кога има ABS-кочење.

Помош при поаѓање на нагорнина (HSA)

HSA спречува да се вратите назад кога поаѓате на нагорнина. Откако ќе ја отпуштите педалата за сопирање кога не се движите, технологијата ги сопира тркалата и му овозможува на возачот безбедно да тргне..

Систем за следење на притисокот во гумите (TPMS)

Системот доаѓа заедно со сензори на секое тркало коишто постојано го проверуваат притисокот во гумите, обезбедуваат точни податоци за притисокот и ве предупредуваат пред некое губење на притисок да стане проблем.

EURONCAP

Интелигентна заштита

Напредниот Интелигентен систем за заштита (IPS) кај Ford Galaxy користи голем број напредни технологии за да ве заштити. Сите тие придонесуваат Ford Galaxy да ги добие максималните „5 ѕвездички“ во оценувањето на тестовите од Euro NCAP за возрасни патници што е највисока оцена којашто некогаш ја добило возило од оваа класа.

СИГУРНОСТ

Пасивен систем против кражба (PATS)

Кога треба да го оставите некаде вашиот Galaxy, сакате да бидете сигурни дека возилото ќе биде безбедно. Токму затоа вградивме толку многу безбедносни особини. Сите брави се со голема безбедност, отпорни на пробивање и заштитени со зајакнати носачи. А како дополнителна мерка, тука е нашиот патентиран PATS имобилизатор којшто го исклучува моторот сè додека вашиот клуч со единствен код не го стартува или не го препознаат сензорите.

Двојно заклучување со централно отворање/затворање

Клучот со двојно заклучување на Galaxy значи дека можете да ги затворите сите електрични прозорци, како и вратите од далеку. Ако некој натрапник успее да влезе со кршење на прозорецот, нема да може да ги отклучи вратите од внатре. Можете да го активирате двојното заклучување едноставно со притискање на копчето за заклучување на приврзокот за клучот. Исто така можете да ги отворите сите прозорци на Galaxy кога ќе го притиснете и ќе го држите притиснато копчето за отклучување. За да ги затворите, едноставно повторно притиснете го и држете го притиснато копчето за заклучување.

Алармни системи

Комбинираниот аларм и имобилизатор Thatcham категорија 1 кај Galaxy не само што го прави вашето возило безбедно, туку помага и во намалување на сумата за осигурување. Овој аларм се вклучува ако некој се обиде да ги отвори прозорците, хаубата или багажникот. Исто така го заштитува и аудиосистемот и користи препознавање на звук за да го следи движењето во возилото.

Аларм Thatcham категорија 1 со внатрешни сензори и звучник со резервна батерија

Звучникот со резервна батерија е дополнителен алармен систем што се вклучува автоматски кога ќе се заклучите возилото. Звучникот има сопствена батерија и ќе ја вклучи сирената на алармот дури и ако некој го исклучи акумулаторот или звучникот со резервна батерија.

бои и дизајн