Новата Ford KUGA

Новата Kuga е дизајнирана да инспирира и да Ви овозможи безбројни можности.Напредната SYNC 3 технологија ќе ги охрабри вашите сетила за авантура со тоа што ќе Ви ги прикаже најблиските настани и ресторани. Каде и да Ве води љубопитноста, новата Kuga ќе ве одведе со удобност и стил. Бензинскиот 1.5 литарски EcoBoost мотор ги поткрепува моќта и беспрекорниот одговор на командите со супериорна ефикасност на горивото и ниски емисии на штетни гасови.Кога ќе ја додадете паметната технологија, како што се All-Wheel Drive и Active Park Assist, новата Kuga ќе Ви го исполни секое патување со незапирливо задоволство.

Бидете хендс-фри со SYNC 3

SYNC 3 е нашата најнапредна верзија. Побрз е и поедноставен за користење, со подобрени гласовни команди и уште повеќе функционалности. Новиот интерфејс има крупни копчиња за полесно користење и 8-инчен екран на допир за интиутивна навигација кој ги препознава истите стискање и повлекување гестикулации како и паметните телефони и таблети. SYNC 3 поддржува и AppLink, CarPlay од Apple и Android Auto за да ги прикажува информациите од вашиот паметен телефон на екранот.

Бескрајно лесно паркирање

Active Park Assist Ви нуди нови и подобрени способности. Користи ултрасонични сензори за да пресмета дали вашата Kuga може да ја собере на паркинг местото. Ако може, системот безбедно ќе Ве насочи додека работите со менувачот и педалите - без разлика како се паркирате.

Побезбедно возење в град

Несреќите при тргни-застани или спор сообраќај се случуваат сé почесто (особено на фрекфентните градски улици). Active City Stop е дизајниран да Ви помогне да го намалите ударот и во некое случаи, целосно да ги избегнете ваквите ситуации. Ако системот забележи дека колата пред Вас ненадејно успорува, а Вие патувате со брзина под 50 километри на час, автоматски ги активира кочниците.

Созреан дизајн

Ре-дизајниран и по суров изглед на предната решетка. Поширок централен свод на хаубата. Ентериерот е рестилизиран за вистински да ги комплетира префинетоста и современиот стил на возилото. Дизајн кој се истакнува. Системи за возење кои Ви помагаат кога сте на мисија. Груба, но софистицирана. Способна, но удобна. Опколете се со простор. Извонредна изработка и посветеност на детали. Врвна хендс-фри технологија

Импресивни перформанси, без разлика на условите

Од интуитивниот SYNC 3 со гласовни контроли до рачна кочница на копче. Од паметниот систем кој Ви помага со тоа што кочи место вас до менувачот со кој може да менувате брзини со врвовите на прстите. Новата Kuga е опремена со плејада нови и подобрени технологии. Сите тие постојат за да го направат секое возење побезбедно, поефикасно, позабавно.

Попаметен од просечниот All-Wheel Drive

Интелигентниот All-Wheel Drive систем постојано ги надгледува условите за возење. За сето време, проценува каков зафат треба да се направи, какви се свиоците, рамнотежата и како треба да реагира и се приспособува на условите. Без разлика дали е влажно, суво или замрзнато, системот обезбедува повеќе моќ на предната или задната осовина кога е потребно, со што обезбедува извонредна контрола во секое време. При ниски брзини, системот го подобрува триењето. Пример, ако предните тркала се на мраз, но задните не, тогаш се обезбедува дополнителна вртежна сила каде што е потребно. Бидејќи системот се активира по потреба, заштедува гориво во помалку предизвикувачки околности.

Хендс-фри врата на багажникот

Од нејзиното лансирање, Ford-овата хендс-фри задна врата се покажа како голем успех, особено кај оние кои водат активен стил на живот. Ако рацете Ви се зафатени и го имате вашиот KeyFree токен со вас, мафнете со стапалото под задниот браник и багажниот автоматски ќе се отвори, бидејќи го претчувствува вашето присуство. Вратата на багажникот може да ја контролирате и до копчињата во внатрешноста на Kuga, со можност да го сопрете отворањето во кој било момент.

Паркинг сопирачка на копче

Со новата паметна Електронска Паркинг Сопирачка, класичната рачна кочница е дел од минатото. Сега безбедно може да ја активирате паркинг кочницата со помош на копче на централната конзола. Освен што ослободува дополнителен простор во кабината, оваа карактеристика ќе Ви го олесни животот и ќе ја намали потребата да ја прилагодувате кочницата на редовните сервис прегледи.

Помош при возење во рикверц

Cross Traffic Alert е нова технологија која помага помалку да се грижите и да погодувате кога ќе излегувате во рикверц. Детектира возила кои се приближуваат и доколку нешто навистина Ви приоѓа, звучно Ве предупредува и се вклучува сијаличка во соодветниот ретровизор.

Кука наизвлекување

За разлика од трајно прицврстените шлеп-куки на другите возила, новата Kuga има кука која безбедно се сокрива под задниот браник кога не е потребна, со што Ви ги штити нозете од непотребно удирање кога ќе го полните или празните багажникот.

Фарови кои „гледаат" зад аголот

Напредните би-зенонски фарови вклучуваат приспособливо осветлување со динамично осветлување на кривини. Само што фаровите се вртат како што го вртите воланот за да Ви осветлат во кривина, тие го приспособуваат зракот на условите за возење. Има осум поставки на светлината, како на пример за населени области, автопатишта, регионални патишта и градски центри. Под фаровите има ЛЕД лента за дневно возење која помага при осветлување преку ден.

Рачен менувач како од тркачка патека

Оваа технологија, инспирирана од тркачките патеки, Ви овозможува брзо и лесно менување на брзините. Рачниот менувач е достапен и во Kuga со автоматски пренос за рачно да може менувате брзини долку сакате возачко искуство со повеќе стимули. Бидејќи менувачот е сместен на самиот волан, може поефикасно да менувате брзини при вртење во кривина.

Динамичен SUV со премиум детали

Ford Kuga Vignale е израз на стил и рафинираност. Динамичните линии се поткрепени со елегантно дизајнирани детали, рачно изработени од врвни материјали. Целото искуство е подобро со плејадата услуги кои заштедуваат време и дедицираниот Vignale Relationship Manager.

Скромна моќ

Новата Ford Kuga ја придвижува новиот 1.5-литарски EcoBoost мотор. Тој е помал, помоќен и поекономичен од претходниот 1.6 литарски мотор, резултирајќи со подобрена потрошувачка на гориво и помалку штетни емисии. Иновативните технологии вклучуваат директно вбризгување на гориво, турбо напојување и Двојни независни варијабилни брегасти осовини. Заедно прават моторот да е почувствителен на команди, поглаток и жив, што резултира со стимулирачко возачко искуство.

Бензински мотор со високи перформанси

Моторот на Куга 1,6-литри EcoBoost бензин овозможува исклучителни перформанси, со 150 КС, 6-степен мануелен менувач и 180 КС со 6-степен автоматски менувач, произведувајќи максимални 240 Nm вртежен момент.

Избор на високо-моќни дизел мотори

Двата дизел мотори испорачуваат многу моќ. Тука се 2.0-литри TDCi дизел (140 КС) Duratorg мотор со 6-степен мануелен менувач, кој овозможува високи нивоа на сила на ниски 320 Нм на 2,000 вртежен момент. Алтернативно, 163 КС 2.0-литарскиот дизел е по компатибилен за совладување на пречките во најтешките теренски услови.

Ford PowerShift менувач. По задоволително возеење на помалку гориво

Комбинирајќи ги предностите од автоматски со контрола на мануелен менувач, овој шест-степен, со двојна спојка ја однапред селектира следната брзина, како неби губеле воопшто сила кога ќе смените брзина. PowerShift со ултра брзото и лесно менување брзини не само што го прави возењето лесно и повеќе задоволително, исто така штеди бензин и ја редузира емисијата на CO2 споредено со нормален автоматик. Оваа ремек-дело технологија дури и компензира ако се најдете во погрешна брзина. На пример, кога преткнувате, може да спушти брзина за да ви даде снага да забрзате посилно и ви дава контрола за безбедно да поминете.

Економичност

Заштедете над 10% на бензин со Auto-Start-Stop

Кога сте со Куга на семафори или во гужва, оваа технологија автоматски го гаси моторот (додека сеуште продолжува да доставува енергија до еценцијалните елементи на возилото како климата и радиото). Во моментот кога сте спремни да тргнете моторот се рестартира. Идеално е за возење во град, затоа што ја намалува потрошувачката на бензин да 10%. (Вклучено само во 1,6-литарски ЕcoBoost 150 КС мотор)

Управување

Менувачки индикатор за бензинска-ефикасност во менувањето брзини

Сијаличка на инструментната табла сигнализира кога да смените брзина за максимална бензинска ефикасност. Ова е многу едноставен и ефективен начин да помогне секое патување да биде по ефикасно и по економочно.

Интелегентен инфо систем кој ви помага да возите по ефикасно

Иновативниот Ford Eco Mode систем континуирано ги оценува ефектите на возачкото однесување на вашата потрошувачка. Системот ја вчитува вашата брзина, промента на брзините, сопирањето и нивоата на исчекување, плус пропорцаијата на кратките и долгите патувања. Интелегентниот софтвер ве советува како да ја подобрите економичноста на потрошувачката на бензин, според уникатниот стил на возење.

За инстантен зафат на променливи терени

Интелегентниот погон на сите тркала систем на Форд Куга моментално реагира и се приспособува на променливите терени. Така што системот е по потреба, се активира само кога е потребен, и заштедува бензин кога условите на патот се помалку тешки. Доколку сакате да видите како вашите тркала се однесуваат во тек на возењето, AWD екранот за информации континуирано ви прикажува, графикон колку вртежен момент е испратен на секое тркало.

Контрола на векторот на вртежниот момент

Контролата на вектороt на вртежниот момент реагира на површината на патот 100 апти во секунда (тоа е 33 пати побрзо од едно трепкање со окото). Со помош на оваа информација, постојано се балансира количината на сила и сопирањето пренесено на предните две тркала. Ова го максимизира зафатот и го избиструва ракувањето, ова помага при влегувањето во свиоци и при сите други пречки на патот.Векторската контрола на вртежниот момент е најсовремена технологија која доаѓа во стандарндата опрема на Ford Kuga.

Поголема зафатнина при свиоци

Систем за Подобрена Динамична контрола на свиоци (еDCC) пропоционално ја контролира дистрибуцијата на снага до двете оски да се намали притисокот и да се подобри управувањето со возилото. Ова прави автомобилот да се чувствува по динамичен и подобро да одговара на вашите команди. При забрзување во свиоци, eDCC извршува кочење на предните внатрешни тркала и по потреба на задните и овозможува повеќе од снагата на моторот да оди до надворешните тркала, кои имаат поголема зафатнина во свиокот.

Возачко искуство

Бидете во контрола, каде и да возите.

Новата Kuga е полна со интелегентна технологија да го направи возењето по лесно и по задоволително, како во град така и на терен. Исто така постои опсег на иновативни карактеристики дизајнирани посебно за вашиот комфорт и погодност. Покрај поголем простор, и луксуз во кабината, ќе најдете многу практичен и флексибилен простор за складирање на предмети. Дознаете повеќе надолу.

Возачка технологија

За инстантна зафатнина на променлив терен

Интелегентниот систем за погон на сите тркала кај Kuga веднаш реагира и се прилагодува на променливиот терен. Тоа испраќа прецизен износ на моќ до индивидуалните тркала накој им треба поголем зафат. Бидејќи системот е “по потреба”, се активира само кога тоа е потребно, и притоа заштедува, бензин кога патот е помалку тежок. Доколку сакате да видите како вашите тркала се однесуваат во тек на возењето, AWD екранот за информации континуирано ви прикажува, графикон колку вртежен момент е испратен на секое тркало.

Тесен паркинг простор? Дозволете Kuga да се пракира сама себеси

Активна Помош при паркирање може да ве насочи во паркинг простори помали од еден метар од должината на автомобилот. Едноставно притиснете го копчето и сензорите на овој иновативен систем ќе лоцираат доволно големо паркинг место како што поминувате. Потоа тој автоматски врти и ве внесува во просторот, додека вие се што треба да направите е да оперирате со педалата за гас, брзините и сопирачките, едноставно следете ги инструкциите на екранот и звучните сигнали.

Итна Асистенција

Во случај на несреќа воздушните перничиња се активираат, оваа технологија (дел од SYNC) го користи вашиот мобилен телефон да повика служби за итна помош за вас и да им ја посочи вашата локација. Итна Асистенција ја доби наградата за “Најдобра Мобилна Иновација во Автомобилската Индустрија” на Глобалните Мобилни Награди 2012.

Интегрирана навигација која обезбедува да стигнете на правото место

На Форд Kuga постои опцијата на целосно интегриран сателитски систем за навигација со DAB аудио која одговара на реалното време на патот, брзината и последните информации за условите на сообраќајот како би се испорачале по точни пресметки за времето на пристигање, и информации за патот. Форд DAB навигациониот систем вклучува 5” висока резолуција мулти-функционален дисплеј во боја, контролна табла во тастатура стил, шест звучници и DAB аудио.

Лесно, безбедно возење рикверц со Задна Камера

Задната камера прикажува се што е позади вас на екран вграден во централната конзола. Исто така ви покажува работи кои можеби нема да ги видите, виртуелни линии кои ќе ве упатат во малите простори. За поголема практичност, Задната Камера се вклучува автоматски кога кога ќе ставите во рикверц.

Побезбеден начин на возење со темпомат (Cruise Control)

Како и кај нормалниот темпомат, Адаптивниот Темпомат (ACC)* ви овозможува да ја изберете и одржувате брзината на вашето возење (од 24км/ч до 185км/ч**). Што го прави овој систем по безбеден е тоа што детектира ако има возило пред вас, го успорува вашиот автомобил заз да осигура безбедно растојание. Откако патот пред вас ќе биде повторно слободен, вашиот автомобилсе враќа на селектираната брзина. ACC исто така вклучува опција Предупредување за возилото пред вас*, мониторинг систем кој ве предупредува ако случајно се доближите рпемногу блиску до возило пред вас. *Достапно само во одредени класи на автомобилот. **Само каде што е законски дозволено. Ве молиме имајте во предвид дека ACC нема да спречи судири со статични објекти.

Серво управувач кој користи помалку енергија

Kuga содржи електричен серво волан*(EPAS) кој автоматски се прилагодува да одговори на дадената ситуација. Тоа прави вртењето на тркала да се чувстува полесно и послободно, давајќи ви можност за одлично маневрирање кога возите во град, со ниска брзина или кога паркирате. Исто така го зацврстува управувањето со што ви дава поголема контрола и доверба при поголеми брзини. За разлика од повеќето системи, кои се постојано вклучени, EPAS се вклулува само кога е потребно. Ова значи дека користи помалку енергија, со што ја подобрува економичноста на потрошувачката.

Форд SYNC. Напреднa хендс фри технологија

Ford SYNC ги чита вашите смс пораки и ви овозможува без користење на рацете да ја контролирате музиката која ја слушате, вашите повици и уште многу повеќе. Ви овозможува да слушате песни од USB или MP3, дури и преку Bluetooth®- од компатибилен мобилен телефон, овој напреден SYNC систем може да именува песни и артисти од радио. Исто така моѓе и да склопи плејлиста од песни слични на оние кои ги слушате. *The Bluetooth® трговската марка и лого се дозволени и во сопственост на . Bluetooth SIG, Inc. и секоја употреба на овие марки од Ford Motor Company и нејзините асоцијативни партнери е под лиценца. Другите трговски марки и трговски имиња се на нивните соодветни сопственици.

комфорт

Панорамски покрив кој се отвара за посветло и пространо чувство

Kuga опционалниот панорамски кров овозможува природната светлина да влезе во возилото исто така и да се отвори за да овозможи патниците да уживаат во прекрасниот поглед кон небото и надворешната природа. Покривот одржи соларна-рефлекција која ги пропушта зраците но не дозволува да се создаде премногу топла температура, но по потреба може да се употреби интегралната завеса да ги држи сончевите зраци надвор од вашето возило.

Панорамски покрив кој се отвара за посветло и пространо чувство

Вашиот сопатник сака потопла атмосфера а вас ви одговара полафна. Решение? Двозноска Електронска Автоматска контрола на температурата (DEATC) Оваа опција ви дозволува да местите температура до 4°C разлика меѓу вашата зона и сопатничката.

удобност

Отварање и затварање на вратата од багажниот простор без раце

Овој систем е исклучително корисен кога рацете ви се полни или зафатени. Едноставно поминете со ногата под задниот браник и вратата од багажниот простор сама ќе се отвори. Системот користи два сензори да препознае кога вашата нога ќе навлезе во нивното електро-магнетно поле. Сигналот е потоа испратен до вашето возило барајќи да се отвори вратата од багажниот простор. Системот функционира само доколку клучот го имате со вас.

Лесен влез и стартување без клуч

Фордовиот KeyFree систем ви овозможува да ја заклучите/отклучите вашата Kuga без да ги извадите клучевите од вашиот џеб. Откако сте во внатрешноста , сеуште нема потреба да го користите вашиот клуч. Едноставно притиснете го Ford Power копчето додека ја имате потиснато педалата за кумплунг (или педалата за сопирање кај автоматски менувач) и моторот ќе стартува.

Брисачи кои автоматски се приспособуваат на дождот

Брисачите со сензор за дожд автоматски се вклучуваат кога ќе детектираат влага на ветробранското стакло, потоа ја прилагодуваат брзината на чистење зависно од интензитетот на дождот. Дури може да изберете од шестте нивоа на чуствителност кои одлучуваат колку влага да се наталожи пред да се активираат.

Само-заштитувачки електрични крилни ретровизори

Со цел да се избегне несакана случајна штета, електрично преклопливите надворешни ретровизори автоматски се преклопуваат навнатре кога се паркирате. Вака поставени, ги штитат и интегрираните трепкачи.

Quickclear загревано ветробранско стакло

Едноставно притиснете копче и невидливите греачки елементи во стаклото ќе го расчистат мразот или снегот, за да не мора вие да го чистите.

Ford Easy-Fuel, за сигурно полнење гориво

Ова го прави речиси невозможно да се стави погрешно гориво, бидејќи погрешната млазница нема да може да влезе во отворот за гориво. И поради тоа што овој систем е без капаче вашите раце никогаш нема да бидат валкани или да мирисаат на гориво.

Sony DAB аудио систем со USB приклучок

Покрај перфектниот звук, овој опционален “state-of-the-art” дигитален систем прикажува информации за песната која свири. Некои верзии дури и ги прикажуваат најновите вести. Системот истотака вклучува USB приклучок за да може да поврзете направи без Bluetooth® функционалност. Ова значи дека може да слушате MP3 песни од вашата флеш меморија, iPod или друг MP3 плеер, преку аудио системот.

Повеќе багажен и складишен простор за сите ваши работи

Багажниот простор кај новата Kuga е уште поголем и поприлагодлив за да може да собере се што ви е потребно. Адаптибилниот под во багажниот простор може да биде наместен во две положби; или ниско поставен за длабок багажен простор од 492 литри, или високо поставен кој создава рамен товарен простор со капацитет од 1,615 литри кога задните седишта се спуштени. Исто така, постојат многу корисни места за вашите работи низ целото возило, од големи шишиња за вода до помали предмети како вашите наочари за сонце, мобилен телефон и клучеви.

Флексибилни седишта за кога ви е потребно повеќе простор

Задните седишта се преклопуваат рамно, што значи дека може да ја искористите можноста на комплетно рамен под за товарење на поголеми предмети. Задните седишта може да се подесат нанапред и наназад до 10-степени, 6 наназат и 4 нанапред. Тоа значи дека секој патник може да си го постави своето седиште во идеалната положба.

Предни светла кои автоматски се вклучуваат кога е потребно

При слаба светлина, сензорите вградени во новата Kuga го детектираат дефицитот на светлина и автоматски ги вклучуваат предните светла, правејќи го возењето при самрак полесно и побезбедно. Тие истотака автоматски се вклучуваат при влегување во тунел. Автоматските предни светла се достапни како опција со сензор за дожд.

Супериорна безбедност на пат и на терен

Дизајнирано да се справи со нај неприателскиот терен и најтешките услови, Ford Kuga вклучува широка палета иновативни технологии за безбедност и помош при возење, како Интелегентен систем за заштита, Електронска програма за стабилност и интелегентен погон на сите тркала. Ова високо ниво на заштита е признато од страна на најдобрите назависни организации за безбедност на возила, Euro NCAP, кој додели максимални 5 звезди за безбедност. Покрај тоа, Активно градско сопирање и Ford SYNC со Итна помош беа наградени како исклучителни технолошки иновации.

помош при пат

Итна помош

Во случај на несреќа и кога се активирани воздушните перничиња, оваа технологија (дел од SYNC) може да го искористи вашиот мобилен телефон за да ги повика службите за итна помош наместо вас и да ги извести за вашата локација. Системот за Итна помош ја освои наградата за “Best Mobile Innovation for Automotive Transport or Utilities” за време на “Global Mobile Awards 2012”.

Технологија која ве предупредува за автомобили кои неможе да ги видите

Системот за информирање за слепа точка користи радар сензори да детектира возила кои би можеле да бидат скриени во вашата слепа точка. Тие се поставени на двете страни од возилото и ве предупредуваат со портокалова светлина , јасно прикажана на страничните ретровизори.

Два напредни системи да ви помогнат да останете во својата лента

Доколку почнете да се одвлекувате надвор од вашата коловозна лента, системот за предупредување за напуштање лента ќе ве предупреди преку вибрзации на управувачот и визуелно предупредување на информативниот дисплеј (може да го подесите нивото на вибрации). Потоа, доколку бавно реагирате или воопшто не реагирате системот ќе ви потпомогне преку благо насочување на управувачот во правата насока. Системот за Предупредување за напуштање лента и Помош за држење лента имаат освоено Euro NCAP Advanced награда за неговите докажани безбедности бенефити.

Предупредување на возачот ви кажува кога постанувате уморни

Системот за предупредување на возачот константно го следи вашето однесување при возење и е дизајниран да детектира било какви промени предизвикани од замор. Доколку постанувате уморни, предупредувачка икона ќе се појави на екранот, предложувајќи ви да застанете на пауза. Оваа технологија ја освои престижната Euro NCAP Advanced награда.

Поставете лимит на брзината и Kuga ќе го почитува

Интегриран заедно со темпоматот, ограничувачот на брзина ви овозможува да ја поставите вашата максимална брзина, едноставно преку контролите на управувачот. Потоа автомобилот нема да ја прекорачи избраната брзина за да може да обратите повеќе внимание на патот а не на брзинометарот. Кога ќе имате потреба да го прекорачите лимитот, едноставно притиснете ја педалата за гас.

Никогаш повеќе нема да пропуштите сообраќаен знак

Иновативниот систем за препознавање на сообраќајни знаци ги препознава сообраќајните знаци и потоа ги прикажува на инструмент таблата. Тој дури и ве опоменува кога ќе го прекорачите лимитот на брзина, помагајќи да возите легално и безбедно.

Дополнителна контрола при тргнување во угорнини

Системот за помош при тргнување во угорнини ја отстранува можноста да возилото се врати надоле при поаѓање при угорнина. Ова го постигнува со тоа што го одржува потисокот на сопирачките додатни 2.5 секунди, давајќи ви време да ја поместите ногата од педалата за кочење на педалата за гас. Тоа е исто така корисно кога сопирате или поаѓате при лизгави површини.

Екстра моќност при итно сопирање

Помош при нагло сопирање (EBA) и овозможува на новата Kuga да постигне максимална ефективност при кочење во итна ситуација. Системот детектира колку потисок имате применето на сопирачките и ако е потребно, автоматски го зголемува.

Безбедност

Со цел да избегнете судири при мала брзина, Kuga сопира за вас

Иновативното активно градско сопирање ви помага да избегнете судир при бавно-движечки метежи при брзини помали од 30 км/ч. Доколку системот детектира дека возилото пред вас неочекувано запрело, тој автоматски ги активира сопирачките. Активното градско сопирање има освоено Euro NCAP Advanced награда за безбедност.

Координираните безбедносни системи се активираат во дел од секунда

Куга е опремена со напреден интелегентен систем за заштита (IPS) кој координира бројни безбедносни системи кои ве штитат вас и вашите патници. Како и крутата, ултра-силна каросерија проследена со низа воздушни перничиња. За да се намали шансата за повреда при случај на незгода, управувачкиот столб пропраѓа подалеку од возачот.

Бидете во контрола без разлика на условите

Електронската програма за стабилност (ESP) постојано го надгледува движењето на вашето возило. Доколку открие било какво отстапување од вашата одбрана траекторија на движење, како кога би започнале да излизгувате, автоматски ќе ја исправи вашата поставеност на патот, помагајќи да го задржите возилото под контрола. Системот е секогаш активен, но сега имате опција да изберете режим на “намалена асистенција”, каде може да биде корисен во одредени ситуации при лизгави површини, како на длабок снег. ESP исто така вклучува и контрола на тракција за да го елиминира непотребното вртење на тркалата за најдобрата можна тракција на површината, перформанси и стабилност, кога ви требаат најмногу. Последната генерација на ESP ви дава подобра повратна информација од педалата за кочење и ја максимизира ефикасноста на кочење при тешки услови.