Ви го претставуваме потполно новото Ford MONDEO

Новото Ford MONDEO: Автомобил на Годината во Македонија

Совршен спој на технологија и изработка, перформанси и ефикасност, иновативен дизајн и прецизен инженеринг, потполно новото Ford Mondeo е дизајнирано да инспирира.

Слика на рафинираност

Со својот динамичен дизајн, ниската линија на покривот и смелите детали: ова е поелегантно и поагресивно ново Mondeo за разлика од било кога. Впечатлив: дефинитивно. Софистициран: несомнено. Внатрешноста е подеднакво бескомпромисна, фузија на врвен дизајн и технологија, со прецизна изработка и внимание на деталите.

Предни светла кои ви овозможуваат подобра прегледност околу свиоците

Ford Динамичните LED предни светла не се само впечатливи, тие се и интелегентни. Наместо конвенционални сијалици користат LED светилки кои проектираат интензивна светлина, природна светлина која е блиска до дневната. Светлата прецизно го следат патот како што вие го вртите управувачот, подобрувајќи ја видливоста и безбедноста. Тие дури и го подесуваат начинот на осветлување, зависно од брзината и условите.

Технологија и уметноста на паркирање

Активната Помош при Паркирање има повеќе функции одколку што ве води во места за паралелно паркирање. Програмот за Асистенција при Излегување од Паркинг ви помага да искочите од паркинг местото. Системот за Нормално (под прав агол) Паркирање исто така ви помага при нормално паркирање, открива дали може да го собере автомобилот па потоа сам го паркира во рикверц. Доколку има препреки, системот за Аситенција при Странично Паркирање ќе ве предупреди.

Напредна технологија со гласовни команди

Ford SYNC 2 со 8-инчен екран во боја кој е осетлив на допир ви овозможува да управувате со вашата музика и телефонски позиви од мобилниот телефон преку екранот, користејќи едноставни гласовни команди. Системот дури може и да ви ги прочита вашите SMS пораки, подеси температурата на климатизацијата и управува со навигациониот систем.

Детектирање на пешаци

Системот за Помош Пред Удар со Детекција на Пешаци може да открие луѓе на или близу патеката на движење, или пак луѓе кои би ја пресекле патеката на движење. Доколку системот открие потенцијален судир тој автоматски ги активира сопирачките доколку возачот не реагира на предупредувањата. Системот процесира информации собрани од камерата позиционирана на ветробранското стакло и радарот лоциран во предниот одбојник. Информациите ги споредува со сопствената датабаза за форми на пешаци со цел да разликува луѓе од типичните предмети и објекти кои се наоѓаат покрај патот. Ако системот открие пешак пред автомобилот возачот ќе добие визуелено и звучно предупредување. Доколку возачот не реагира, системот ги позиционира сопирачките во позиција за итно сопирање каде дисковите и пакните се поблиску едни до други. Доколку сеуште нема реакција од возачот тогаш системот сам го сопира возилото.

Додатна заштита за вашите патници

Во потполно новото Ford Mondeo, задните две седишта може да бидат опремени со уникатна безбедносна карактеристика: безбедносни ремени со вградени воздушни перничиња. Во случај на судир, ремените се надувуваат и ја распределуваат силата на ударот на површина пет пати поголема за разлика од конвенционалните безбедносни ремени. Со намалување на притисокот од ударот на градниот кош и подобрената контрола врз вратот и главата, оваа иновативна технологија е дизајнирана да ја намали шансата за повреда.

Напредна филтрација на воздух

Ford во Новото Mondeo го воведува новиот систем за филтрирање на воздухот кој блокира 99 проценти од поленот, или речиси целиот азот-диоксид – кој е главниот причинител на астма како и други загадувачи и штетни мириси. Новиот Воздушен Филтер е изработен од активен медицински јаглен и има сличен ефект на гас маските, респираторите и оделата на космонаутите. Сензорот за квалитет на воздухот го детектира нивото на јаглероден-моноксид и азот-диоксид надвор од автомобилот и го исклучува протокот на воздух однадвор. Исто така автоматски го вклучува напредниот систем за филтрирање и циркулирање на воздухот. Системот е многу издржлив и е нешто што би го пронашле кај ултра луксузните автомобили со што се зголемува интервалот за промена на самиот филтер.

Дизајн

Потенциран, некомпромизирачки стајлинг и елегантност

Аеродинамичниот профил на Мондео е олицетворение на неговиот моќен и модерен имиџ со бескомпромисна внатрешност полна со квалитет и префинетост. Сместете се во возачкото седиште и не само што веднаш ќе се осетите во контрола, ќе откриете како “кокпит” распоредот ви ги сместува сите контроли интуитивно блиску на дофат до рака.

Перформанси и ефикасност

Возбуда со економичност

Палетата на мотори кај новото Мондео испорачува извонредни перформанси. Надградената суспензија заедно со обесгот на интелегентни технологии ве ставаат во апсолутна контрола врз рафинираната моќ. Резултатот: ултра-прецизно управување во секоја ситуација. Перформансите се проследени со ефикасност. Всушност, комбинацијата на паметен дизајн и напредно инженерство значи извонредна економичност и ниски CO2 емисии.

Моќност

EcoBoost: извлечете го максимумот од вашиот мотор

Три EcoBoost бензински мотори кои комбинираат директно вбризгување и турбо-полнење ви стојат на располагање да испорачаат извонредни перформанси и економичност: Со 125 КС, револуционерниот (и повеќе кратно наградуван) три цилиндричен 1.0 литарски EcoBoost мотор ја испорачува сета моќ која би ја очекувале од конвенционален 1.6 мотор но со 25% подобрена економичност и намалени CO2 емисии Новиот 1.5 литарски EcoBoost испорачува 160 КС со потрошувачка од 5.9 литри/100км 2.0 литарскиот EcoBoost испорачува импресивни 203 КС или 240 КС додека специјално дизајнираниот симпозер на звук ви дозволува да уживате во неговите дистинктивни звуци при нагли забрзувања.

Обсег на дизел опции

Преферирате дизел? Тогаш одберете или 1.5 TDCi или 2.0 TDCi. И двата избора вклучуваат најнова моторна технологија за подобрување на моќта, вртежниот момент и економичноста додека ги намалува емисиите. 2.0 TDCi ви нуди три нивоа на моќност, достигнувајќи го врвот со импресивни 210КС и двојна турбина додека постигнува одлична економичност и ниски емисии.

Ултра ефикасни ECOnetic дизел верзии

Двата дизел мотори се достапни како ECOnetic верзии кои додатно ја подобруваат економичноста. На пример: 1.5 TDCi ECONetic и 1.6 TDCi ECOnetic со 94g CO²/km, и 2.0 TDCi ECOnetic, 150КС & 180КС со 107g CO²/km.

Рачни менувачи кои одговараат на вашиот мотор

Постојат два 6-степени мануелни менувачи на располагање. Еден е полесен и е достапен за 1.0 и 1.5 литарските EcoBoost мотори како и 1.6 TDCi моторт. Другиот е со капацитет за повисок вртежен момент со што одговара на 2.0 TDCi.

Напредни автоматски менувачи

Најновото Мондео нуди две опции за автоматски менувач. Еден е 6-степениот автоматски менувач со висок капацитет за вртежен момент кој е вграден кај 1.5 и 2.0 EcoBoost моторите. Другиот е Ford Powershift, достапен кај 2.0 TDCi кој комбинира мануелна контрола со погодност на автоматски менувач – испорачувајќи брзи промени на брзини и високо нивно на моќност кога ви се највеќе потребни.

Уживајте во бенефитите на Хибридна Електрична технологија

Како што му доликува на еден автомобил кој е пионер во технолошки иновации, новото Mondeo е достапно како Хибридно Електрично Возило (HEV): за прв пат во историјата на Форд Европа. Комбинирајќи ги бенефитите на електрична и бензинска моќ, новото Мондео Хибрид ви овозможува да уживате во извонредна ефикасност и рафинираност со наградувачки перформанси и опсег на возење. Регенеративното кочење, иновативниот “Smartguage” со “Brake Coach” како и други паметни системи, ви овозможуваат дополнително да ја зголемите моќноста и економичноста на ова возило.

Систем кој учи како да ви помогне да заштедите гориво

EV+ ги комбинира вградениот GPS на Ford SYNC со софистициран софтвер кој учи и ги помни најчестите дестинации. Што значи, кога ќе бидете блиску до некоја од дестинациите до каде често патувате, автомобилот ќе се обиде да работи само користејќи електричен погон додека не стигнете до дестинацијата.

Управување

Напредно-подесена суспензија за порафинирано возење

Mondeo има потполно нова “multi-link” задна суспензија. Овој напредн систем е лесен, цврст и перфектно подесен за одличена реакција, контрола и квалитет на возење

Лопатки за менување брзини: уживајте во брзо менување на брзини при автоматски менувач

Најчесто достапни само кај супер-спортски автомобили, Автоматските Лопатки за Менување Брзини се достапни кај 6-степениот автоматски менувач и PowerShift менувачот кај новото Mondeo. Оваа тркачка технологија ви овозможува брзи менувања на брзина при рака. Бидеќи контролите се поставени на воланот можете да менувате брзини поефикасно при свиоци.

Електричен серво управувач кој реагира на секоја ситуација

Електричниот серво управувач (EPAS) автоматски се прилагодува на брзината на движење и условите на пат. При мали брзини, системот го подесува управувачот да се врти полесно со помалку напор, подобрувајќи го маневрирањето. При големи брзини, кога ви е потребна подобра контрола, го зацврстува управувањето. Сега со новата контрола за пролизгување, EPAS исто така ги зима во предвид и страничните ветршта како и други услови при возење, додека активниот систем за отстапки на патот ги намалува несаканите вибрации во воланот

За инстантен зафат на променливи терени

Системот за Интелегентниот погон на сите тркала (IAWD)* на новото Ford Mondeo моментално реагира и се приспособува на променливите терени, праќа прецизно точен вртежен момент од моторот до секое одделно тркало на кое му е потребно најмногу зафат. Софистицираниот систем користи сензори и софтвер за проактивно да одлучи колку моќ да испрати до секоја оска, пред да се случи лизгање на тркалото. И бидејќи системот е по потреба, единствено се вклучува кога е потребен, заштедувајќи гориво кога патот е полесен

Економичност

Користете помалку гориво со Ауто-Старт-Стоп

Кога ќе застанете на семафор или кога автомобилот не е во движење, Ауто-Старт-Стоп автоматски ќе го исклучи моторот (додека сеуште обезбедува електрична енергија за вентилација, радио и Ford SYNC). Кога ќе бидете спремни да појдете, при менување во прва брзина автомобилот повторно ќе стартува. Ауто-Старт-Стоп е особено ефективен во град и во градски сообраќај.

Подобра аеродинамика за подобрена економичност

Кога возите бавно, системот за Активно Затворање на Предната Решетка ја држи отворена за моторот подобро да се лади. Кога ќе ја зголемите брзината автоматски се затвора за да постигне подобра аеродинамика и подобри економичноста.

Наполнете го акумулаторот поефикасно

За разлика од традиционалните системи, Паметното Регенеративно Полнење го полни акумулаторот само кога е потребно, и кога е можно, избегнува да го полни кога ја притискате педалата за гас. Ова ви овозможува да заштедите повеќе гориво и уште повеќе да ги намалите емисиите.

Возачко искуство

Подобрено возачко искуство

Користејќи интелегентни технологии, возилото константо реагира на се што се случува околу него, континуирано одговара на условите на патот, другиот сообраќај и вашето возење. Поседува напредни опции кои ви го прават животот полесен. Од LED предни светла кои го прилагодуваат нивниот сноп кон условите во околината до комуникациски систем кој го управувате со вашиот глас. Од една опција која ви помага лесно да паркирате до друга опција која ви помага да останете во лента додека возите. Откријте повеќе во деловите кои следуваат.

ВОЗАЧКА ТЕХНОЛОГИЈА

Светла кои ви овозможуваат подобра прегледност во свиоците

Ford Динамичните LED предни светла не се само впечатливи, тие се и интелегентни. Светлата прецизно го следат патот како што вие го вртите управувачот, подобрувајќи ја видливоста и безбедноста. Тие дури и го подесуваат начинот на осветлување, зависно од брзината, условите и околината. Осум различни нивоа вклучуваат специфични подесувања за кога возите на градски патишта, надвор од град, автопати или во неповолни временски услови.

Напредна технологија со гласовни команди и екран на допир

Новата генерација Ford SYNC 2 со 8-инчен екран во боја кој е осетлив на допир ви овозможува да управувате со вашата музика и телефонски позиви од мобилниот телефон преку екранот, користејќи едноставни гласовни команди. Системот дури може и да ви ги прочита вашите SMS пораки, подеси температурата на климатизацијата и управува со навигациониот систем.

Само кажете го зборот што сакате

Со Ford SYNC 2 можете со говорна команда да побарате да ви се излистаат ресторани во ваша близина и други точки на интерес. Достапна е Wi-Fi конекција преку hotspot, и USB модем.

Вашите музички опции

Изберете или од SYNC 2 системот со четири премиум звучници, или напредната Sony единица со 12 Hi-fidelity Sony звучници. DAB радиото е исто така достапно како опција.

Полесно движење во рикверц, бидејќи можете да видите што има позади

Столбови, канти, ниски зидови... задната паркинг камера ќе ви покаже се што е позади вас на екранот вграден во централната конзола која се активира автоматски кога ќе ставите во рикверц. Не само што ќе ви помогне да ги видите работите кои инаку би ги пропуштиле, туки и ќе ви помогне да се паркирате преку прикажување виртуелни линии кои ќе ве водат до финалната паркинг позиција во најтесните простори.

Напреден систем кој ви помага да останете во лента

Системот за задржување во лента користи предна камера да детектира доколку инцидентно излегувате од неа. Предупредувањето за задржување во лента се активира со вибрации на воланот и јавувајќи визуелно предупредување. Доколку сте преспори да реагирате или не реагирате, Помошта за задржување во лента овозможува управувачка асистенција да ви помогне да се вратите безбедно во правата лента. Технологијата е дизајнирана за патишта со повеќе ленти (автопати), така што автоматски се деактивира на брзини по 65 км/ч или може да биде исклучена рачно.

Ретровизори кои гледаат тоа што вие не можете

Системот за информирање на мртва точка (BLIS) може да ви помогне да менувате ленти по безбедно. Тоа е така бидејќи Радар сензорите ги скенираат мртвите точки на двете страни од возилото. И доколку тие детектираат возило кое не можете да го видите, портокалово светло се пали во страничниот ретровизор да ве предупреди.

Паркирањето направено уште полесно

Користејќи комбинација од различни технологии, Активната Помош при паркирање прави многу повеќе од тоа да ве внесе во паркинг место. Со технологијата за Асистенција при излегување од паркинг ви помага да излезете од паркинг просторите. Системот за перпендикуларно паркирање (PPA) може да осети ако има простор во кој може да се вклопи вашето возило, и потоа вие да само да влезете во рикверц. И доколку има многу пречки, Страничната Помош при паркирање ве предупредува.

КОМФОРТ

Поставете идеална температура за вас и вашиот совозач

Со опционалната Двозонска Автоматска електронска клима (DEATC) можете да селектирате температури за вас и вашиот совозач поединечно и системот ја задржува со напредната клима

Самозатемнувачки внатрешен ретровизор

Ноќно време, побезбедно ќе возите доколку не ви пречат светлата од возилата позади вас. Иновативниот самозатемнувачки ретровизор детектира кога има возила позади вас и автоматски се затемнува за да небидете заслепени.

Одмрзнете ја шофершајбната за момент со Quickclear

Оваа интелегентна карактеристика е дизјанирана да ви заштеди време во замрзнатите зимски утра. Само со стискање на едно копче системот го омрзнува стаклото за секунди, дури и ако е надвор температурата под нула.

Ретровизори кои сами се заштитуваат

Лесно е да ги оштетите страничните ретровизори кога возите во тесни простори, или паркирате во тесни улички. Опционалните преклопувачки ретровизори можат да ви помогнат да се избегне тоа со преклопување на внатре со едно притискање на копче. И бидејќи тие се загревани, можете да тргнете веднаш и побезбедно кога времето е ладно.

Седишта кои овозможуваат додатна потпора и можат да ве измасираат

Новите мулти-контурни седишта се достапни за возачот и совозачот и нивниот дизајн им овозможува да бидат потполно прилагодливи. Како резултат, тие може да ви обезбедат дополнителна поддршка каде што ви е потребна па дури и да ви понудат масажа за да бидете свежи при долги патувања. Контрола на климатизацијата дополнително го подобрува вашето искуство, овозможувајќи ви да ја поставите перфектната температура.

Панорамски кров за посветло и пространо чуство

Со притискање на едно копче, електричната лента на сончевиот покрив се собира и дозволува природна светлина да влезе во кабината. Во исто време, солрано рефлексивното стакло ке ве заштитува од штетните УВ зраци. Опциите за панорамски кров варираат од каросеријата: голем фиксен панорамски покрив е достапен за 5-врати верзијата; дво-делен панорамски покрив кај караван; или традиционален сончев покрив кај седан верзијата.

Амбиентално светло за вашето расположение

Со опцијата за амбиентално осветлување, мека светлина ја обзема внатрешноста на возилото при ноќно возење, со избор од осум различни бои на осветлување.

УДОБНОСТ

Безгрижно споделување на кола со MyKey

Ford MyKey e иновативна програмска карактеристика која има за цел да охрабри безбедно возење. MyKey ви овозможува да програмирате свои индивидуални оции. Така што доколку ја позајмувате колата на некој друг, можете да ставите граница на максимална брзина, да ставите потсетник за појаси, дури и да ја контролирате јачината на аудио системот. Оваа иновативна нова технологија е дизајнирана да помогне шоферите и патниците да бидат безбедни, мирни и спокојни.

Автоматски Долги Светла. Максимална видливост, без вознемирување на другите

Корисна помош за ноќно возење, Автоматските Високи Светла привремено ги спуштаат предните светла кога ќе откријат сообраќај или возило пред вас, превентирајќи ги од вознемирување другите учесници во сообраќајот. Системот автоматски се враќа на долгите светла, давајќи ви максимална видливост. Автоматските Долги Светла се достапни како опција со Систем за Задржување во лента (погледни во Возачка Технологија).

Сигурност и безбедност

Пет ѕвезди и уникатна нова технологија

Најновото Мондео веќе ги доби петте ѕвезди од Европската водечка независна организација за безбедност, EuroNCAP. Впрочем, возилото е опремено со многу Ford технологии кој претходно беа препознаени со EuroNCAP награди за напредност за безбедни иновации. Ова возило е првото од гамата на Ford да биде опремено со Задни Појаси со воздушни перници. Откри повеќе за нив подоле.

безбедност

Дополнителна заштита за задните патници

Двете задни седишта можат да бидат опремени со уникатни безбедносна опција; Појаси со Воздушни Перници. Во случај на удар појасите се надувуваат и заштитуваат површина на телото четири пати повеќе отколку обичните појаси. Со намалување на притисокот на градите и подобро контролирање на главата и вратот, оваа иновативна технологија помага да се намали шансата од повреда.

За да се избегнат судири при ниски брзини, автомобилот сопира за вас

Овој систем е направен да ви помогне кога се движите во бавен сообраќај и при брзини побавни од 40 km/h (20 mph). Ако сензорите откријат дека возилото пред вас ненадејно сопира, возилото автоматски ги активира сопирачките. Моментална реакција во моментот кога ви е потребна. Доказ за оваа иновација, Активното Сопирање во град доби со наградата за напредност на Euro NCAP.

Системот кој помага за заштита на пешаци

Помошта пред удар со Детекцијата на пешаци детектира луѓе на патот напред, или кои би се појавиле во правецот на движење на пешакот, и ве предупредува за нивното присуство. Доколку вие не реагирате, системот автоматски ги вклучува сопирачките. Оваа нова технологија е дизајнирана за да се намали случувањето на незгоди, или комплетно тие да се избегнат, функционира на брзини до 80км/ч.

Поставете ја вашата максимална брзина однапред

Поставете ја вашата максимална брзина однапредОпционалниот Ограничувач на брзина (стандард кај Titanium) ви дава да поставите максимална брзина за целото патување, однапред. Системот ве предупредува доколку го надминете, или промените случајно, додека се движите по удолница на пример. Направата е исклучително корисна во реони со брзински ограничувања, бидејќи ви остава да се сконцентрирате на патот повеќе отколку цело време да проверувате во брзинометарот.

Останете во контрола независно од условите

Возилото е опремено со ESP Електронската Програма за Стабилност, која вклучува листа на технологии дизајнирани да ве остават во контрола. Сензорите детектираат било какви ненадејни промени во вртењето, сопирањето или однесувањето на возилото кои може да предизвикаат губење на контрола, и тогаш ESP ја подесува брзината на секое тркало, правејќи го вашето возило по стабилно и помалку веројатно да излета. ESP вклучува Помош при тргнување во нагорнина, Итна помош при сопирање и Електронски Полнење на сопирачки.

Помош при поаѓање на нагорнина

Оваа иновација спречува да се вратите назад кога поаѓате на нагорнина. Откако ќе ја отпуштите сопирачката кога возилото не се движи, технологијата ги спречува тркалата да се движат, зголемувајќи ја контролата дури и кога тргнувате на стрмна нагорнина или кога запирате и тргнувате на лизгави површини.

Дополнителна моќ за итно сопирање

Итна помош при сопирање (EBA) помага вашето возило да достигне максимална ефективност при сопирање во итни ситуации. Контролирано е преку ESP системот, кој чувствува колку притисок е потребен на сопирачките и автоматски го зголемува, ако има потреба.

Дополнителна моќ за итно сопирање

Итна помош при сопирање (EBA) помага вашето возило да достигне максимална ефективност при сопирање во итни ситуации. Контролирано е преку ESP системот, кој чувствува колку притисок е потребен на сопирачките и автоматски го зголемува, ако има потреба.

сигурност

Вие одбирате кои врати да се заклучуваат кои да се отклучуваат

Новото далечинско централно даљинско е посигурно од било кога. Тоа е така бидејќи можете да одбирате да отворите една индивидуална врата додека другите врати стојат заклучени, додека не ги приклучите на вратата кај шоферот. Истиот приклучок важи за заклучување и отклучување на сите врати на возилото.