За Мустанг

„Мустанг е препознатлив по своите можности и издржливост. Има и статус на легенда како симбол на слободата и оптимизмот, дури и во делови на светот каде што не сме продале ниту еден модел од овој автомобил", изјави Стефан Одeл, извршен потпретседател на Форд за Европа, Блискиот Исток и Африка. „Новиот Мустанг го презема Фордовиот пристап на агресивно воведување на производот, потолно модерен и технички напреден, а во исто време, не го заборава ниту наследството кое воодушевува многу генерации корисници на возилата на Форд". Од почетокот на продажба, 1964 година, купувачите презеле повеќе од девет милиони Мустанг возила. И на Фејсбук (Facebook), Мустанг е омилен автомобил, дел од забавните спотови и видео игри, а историјата го памети и по повеќе илјади прикажувања во филмови или телевизиски емисии. Сега се придружи на палетата од 25 нови возила кои Форд ги воведува во Европа во наредните пет години. Креаторите на новиот Мустанг беа насочени кон врвната издржливост, возната динамика и употрeба, а го опремија со бројни напредни технологии за помош на возачот, кои овозможуваат посамоуверливо возење. „Новиот Мустанг е еден од најочекуваните автомобили на сите времиња и имаме исклучително задоволство што ќе овозможиме возачите во Европа да имаат искуство со модел за кој досега можеа да сонуваат", рече Ролент де Вард, потпретседател за продажба и услуги во Форд Европа.

Карактеристики на Мустангот

„Само една можност е доволна да се стекне првиот впечаток, но кога прв пат ќе го здогледате овој автомобил, ќе сфатите што значи вистински Мустанг, возило преполно со снага", изјави Морај Калум, Фордов извршен директор за дизајн за Северна и Јужна Америка. Новиот Мустанг е препознатлив по неколку основни дизајнерски карактеристики, во кои сосема сигурно се вбројуваат: • Низок кров и ширината на автомобилот • Елегантниот профил со искосена шофершајбна и задно стакло • Тродимензионални задни светла со три барови/фарови • Модерна изведба на карактеристичниот преден дел на легандарниот автомобил во облик на остри заби на ајкула Возачите на Форд Мустанг кабриолет верзија ќе ги воодушеви серискиот платнен изолиран кров, изработен во повеќе слоеви, кој на автомобилот му даваат престижен изглед, а воедно овозможуваат тивко возење во внатрешноста. И склопениот кров има аеродинамичен профил за уживање во возењето со ветер в коси. Големите и прегледни инструменти во просторната кабина, која е работена според пилотската кабина во авионот, на возачот му овозможуваат расположливост со сите информации за автомобилот, додека за пријатното управување се заслужни ергономските и на допир, згодни прекинувачи или копчиња. Ширината на возилото и новата задна суспензија овозможуваат поголем простор за рамената и колковите на патниците, додека багажникот е дизајниран во него едноставно да се сместат и две торби за голф.

Мотор и суспензија

Изгледот, звукот и возењето се клучни елементи поради кои може добро да се почуствува Мустангот. Форд Мустанг воодушевува со својата снага, а фино изградената шасија ќе ги исполни очекувањата на европските возачи во однос на динимиката на возење. На Фордовиот престижен 5,0-литарски мотор V8 со повеќе од 426 КС и 592 Nm обрти, се придружи и сосема новиот 2,3-литарски мотор EcoBoost, кој на Мустангот му овозможува најмодерна технологија, бидејќи и покрај се поефективната потрошувачка на гориво и смалената емисија CO2, заедно со турбо полначот, развива капацитет во согласност со очекувањата на европските корисници. „Моторот EcoBoost со широка и директната крива на обрти ќе го воодушеви возачот на Мустанг токму тогаш кога тој ќе посака – на пример, кај забрзувањето при претекнување или во возење по кривулести патишта и завои", изјави Дејв Перичак, главен инженер на Мустанг. Мустанговиот 2,3 литарски мотор EcoBoost делува со непосредно вбризгување, променлив тајминг на вентилите и турбо полначот, што гарантира исклучителна употребна издржливост. Единствената батерија и нејзината обвивка овозможуваат возни карактеристики во согласност со очекувањата на возачите на Мустанг, бидејќи моторот постигнува снага поголема од 309КС и развива 407 Nm вртежи. Доколку автомобилот е опремен со автоматски менувач, покрај воланот се сместени рачки за менување и возачот може да избира меѓу удобност и контролата. Новиот Фордов Мустанг е опремен со сосема нови системи за предна и задна суспензија. Напред, новиот опсег на подрамка овозможува да зајакне предната структура, со смалена маса, нудејќи силна основа за предвидлива контрола на управувачот, што е добра за полесно управување и сигурно возење. Новиот МакФерсон (MacPherson) систем на суспензија со двојни топчести зглобови, исто така, овозможува употреба на широки и силни сопирачи. Двата модели, Мустанг со 2,3-литарски мотор EcoBoost и Mustang GT со V8 мотор, за Европа ќе бидат опремени со спортски пакет за кочење со сериски вградени 19-инчни тркала. На задниот дел се наоѓа, во потполност, независна странична суспензија. Геометријата, пружините, амортизерите и изолаторите посебно се модифицирани и прилагодени за спортска употреба, односно се прилагодени за европските патишта и возење со многу голема брзина. Новите алуминиумски задни зглобови ќе помогнат да се намали масата за да се обезбеди стабилно возење и управување.

Паметна технологија

Новиот Мустанг е опремен со бројна иновативна технологија која на возачот му овозможува подобри информации, поголема контрола и поврзаност, кога тој ќе посака. На искривените патишта и на спортските патеки, со одбирање на одговарачкиот начин на возење со едноставни преклопни прекинувачи на конзоли, возачот може многу брзо да го прилагоди управувањето, одговорот на моторот, менувачот и електронската програма за стабилност, а со тоа му е обезбедено создавање на целосен Мустанг за во секоја пригода. Новиот Мустанг ќе биде меѓу првите Фордови возила кој на располагање има SYNC 2 систем. Фордовиот напреден систем за информации и забава вклучува 8-инчен екран на допир со висока резолуција и напредно гласовно управување за полесен пристап кон функциите на аудио и системите за навигација, клима уредите и поврзните мобилни телефони. SYNC 2 вклучува систем за навигација кој овозможува приказ на заеднички екран и детали на пресекот, звучно изговарање на имињата, 3D приказ на крстосниците на патиштата, приказ на значајните околни места и Мишелиновата (Michelin) навигација. SYNC 2 на возачот му овозможува употреба на едноставни говорна навигација и наредби кон системот, на пример, да се емитува слика на посакуваниот изведувач. Едноставното притискање на копчето за гласовно управување и опцијата „гладен сум" ќе прикаже листа на ресторани до кој ќе Ве води системот за навигација.

Почуствувајте го Мустангот

Овој пат на малку поинаков начин..

Преку интерактивно видео кое нуди можност за контрола над контролите во автомобилот. КЛИНКЕТЕ ТУКА ЗА ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ВИДЕОТО