Потполно нов Ford S-MAX

Најновите интелигентни технологии и воодушевувачкиот изглед, одличната динамика и прецизното управување – со сето ова, во потполност, се издвојува новиот Ford S-MAX од масата. Флексибилноста, практичноста и економичноста ги има во гените. Благодарение на богатата палета интелигентна технологија на новиот Ford S-MAX е едно од најинвентивните возила на пазарот во својата класа. Без оглед на тоа дали преферирате активен животен стил или давате предност на фамилијарната удобност, штотуку го најдовте автомобилот кој е создаден за Вас. Нуди простор во кој удобно и со стил, може да патуваат дури седум лица. Сега запознајте го подобро...

СИГУРНОСТ ЗАД ВОЛАНОТ

Интелигентниот погон на сите четири тркала AWD, непречено може да го дистрибуира распоредот на погонската снага на моторот во зависност од тоа дали возите по влажна, сува или заледена површина. Според потребата, праќа поголема сила во предните или задните тркала. Резултатот е подобро управување и потрошувачка, бидејќи системот на задни тркала се вклучува само во случај на потреба.

ОДЛИЧНА ФЛЕКСИБИЛНОСТ

Флексибилниот систем на седење овозможува простор за пет или дури и седум лица, пришто можноста за индивидуално спуштање на седиштата во вториот или третиот ред нуди безброј многу различни конфигурации. Седиштата во вториот или третиот ред може да се спуштат со еден притисок на копче и со тоа, во тој момент, да се создаде место за спортска опрема или багаж.

ПРОСТРАНА ВНАТРЕШНОСТ

Доволно е да се притисне копче и блендата на електричното управување се подигнува за да овозможи, преку панорамскиот кров, во кабината да влезе природно дневно светло. Посебниот рефлексен слој на стаклото обезбедува да не се прегрее внатрешноста, истовремено штетејќи Ве од УВ зраците. Вашите сопатници при убаво време сигурно ќе ги развесели прекрасниот поглед на небото.

FORD SYNC 2

Благодарение на подобрената генерација на мултимедијалниот систем Ford SYNC 2, со екран на допир, можете Вашиот мобилен телефон безжично да го споите со плочата за управување. Музиката или телефонот, системот за навигација и климатизација, може да ги управувате со едноставни гласовни наредби или преку 8" екран на допир во боја, на кој може д ги гледате своите фотографии. Бидејќи овој материјал содржи преглед на особините на новото возило Ford S-MAX, некои наведени елементи може да бидат дел од стандардната опрема во сите верзии на моделите, додека останатите може да бидат достапни со доплата или само во избрани ограничени верзии. Конкретни детали побарајте во одделот за опрема на новиот модел S-MAX или обратете се на својот најблизок трговец со Форд возила.

Возачко искуство

Нашите дизајнери креираа палета на бои, материјали, примероци на тепих, површински и декорациски материјали благодарение на кои новиот Ford S-MAX воодушевува во потполност. Што се однесува до надворешниот изглед, во понуда е широка палета на модерни нијанси, кои ќе Ви помогнат да ја изразите сопствената индивидуалност. Во внатрешноста, соврешно прецизно е изработен секој детаљ, секој бод или парче ткаенина и кожа. Фино координирната боја на седишта, тапацир и облата на вратните наслонувачи го надополнуваат модерниот дизај на возилата.

технолохија на возење

Сигурност при променливи услови

Паметниот систем на погон на сите четири тркала (AWD) може да одмери колкав зафат е потребен, каква рамнотежа во возењето низ завои и колку треба да одговори автомобилот на мокра, сува или ледена подлога, односно на променлив терен. Оваа интелигентна технологија може да го пренасочи погонот на предната или задната осовина, зависно од условите на патот. Овој систем со „обрти по барање" има одлична спроводливост и уште поголема ефикасност.

Електричен серво управувач за секоја ситуација

Електричниот серво управувач (EPAS) автоматски ја прилагодува својата брзина на делување во согласност со условите на патот. Кај возењето при мала брзиан или при паркирање, системот се грижи полесно да се сврти управувачот со што се обезбедува поголема агилност, а при возење со поголеми брзини (на пример, на автопатишта), управувањето станува потешко и на тој начин овозожува поголема контрола и самодоверба. Иновативниот систем EPAS, сега и со контрола против пролизгување, во предвид го зема и страничниот ветар, како и останатите услови на возење, додека активната помош против тресење на воланот ги смалува несаканите вибрации.

На двете страни ќе видите што се случува околу Вас

Малата и незабележлива камера на предниот дел на новиот S-MAX, прикажува поделени слики на мултифункционалниот екран, така што од која било страна може да видите и автомобили, велосипедисти и пешаци кои се приближуваат на вашето возило. Оваа нова технологија (избор, како дополнителна опрема) е непроценлива, посебно кога се обидувате да излезете од тесно место за паркирање или кога имате намера да се вклучите во густ сообраќај на патот, кој го намалува погледот на неа.

Паркирање без стрес со помош на сензори

Употребата на различни технолошки системи за активна помош при паркирање го управува возилото кај страничното паркирање, но и повеќе од тоа. Помоштта за напуштање на паркигн просторот Ви помага при вклучување во сообраќај. Системот за правоаголно паркирање (PPA) ја проценува големината на просторот кој ќе одговара на Вашето возило, што потоа го паркира возилото наместо Вас. Системот за странично паркирање (SPA) Ве предупредува доколку вашето возило наидува на странична препрека.

Темпомат кој се прилагодува автоматски

Со помош на технологијата на прилагодлив темпомат може да ја одредите брзината на возење која Вие ја посакувате, а системот ќе ја сочува. Доколку вградениот сензор RADAR забележи возило пред Вас, ќе забави за да ја сочува претходно одредената раздалеченост. Кога патот пред Вас повторно ќе се ослободи, системот ќе забрза до одбраната брзина.

Поедноставно возење наназад бидејќи гледате што се наоѓа зад возилото

Паркирни столбови, ниски зиводи.. на мултифункционалниот екран, камерата за возење наназад прикажува се што се наоѓа зад вашето возило. Системот се активира автоматски кога ќе одберете возење наназад, а виртуелните црти помагаат да паркирате и во најтесните премини.

Панорамски корв за повеќе светло и чувство на пространост

Со притискање на копчето електрично управување, кровната завеса ќе се повлече наназад, со што се обезбедува продор на природно светло, а стаклото, истовремено, штити од УВ сончеви здраци и ја задржува свежината.

Задржете идеална температура

Издржливот систем на клима и греење (HVAC) се грижи Вам да ви биде рамномерно топло, односно ладно. Двозонската климатска направа (стандардна опрема во серија Тренд и Титаниум) овозможува одвоено нагодување на температурата за возачот и совозачот. Може да се одлучите и за „трозонски клима уред" со кој може да се нагоди климата не само за возач и совозач, туку и за останатите патници во вториот и третиот ред на седишта.

Шофершајбната лесно се чисти со функцијата Quickclear

Со помош на оваа паметна функција во ледените зимски утра полесно ќе тргнете на пат. Едноставно притиснете на копчето и системот ќе го одмрзне или одроси стаклото за само неколку секунди, дури и температура под нула.

Седишта со дополнително зајакнување ... и масажа

Новите ергономски седишта Multi-Contour се на избор на возачот и совозачот, а нивниот дизајн овозможува потполно нагодување. Со тоа се добива дополнително зајакнување на местата на кои е потребно, а има и функција на масажа со што возењето на долги рути ќе Ви биде поопуштено. Седиштата Multi-Contour се на избор и со клима состав кој овозможува на нив да ја прилагодите својата идеална температура.

Највисоко ниво на флексибилност со паметен систем за седење

Флексибилниот систем на седишта нуди комфорен простор за пет или дури и за седум лица, при што можноста за самостојно спуштање на седиштата во вториот или третиот ред нуди небројно многу различни конфигурации. Пример, седиштата во вториот или третиот ред може да се спуштат до крај со притискање на копче и така ќе добиете дополнителен простор за спортска опрема.

практичност

Не грижете се дека ќе ја преминете границата на брзина

Системот за автоматско прилагодување на бризната (ISA) е осмислен за поголема контрола над брзината, така што полесно ќе се насочите кон патот. Камерата за препознавање на сообраќајни знаци (TSR), најпрво, автоматски го препознаваат ограничувањето на брзината (доколку е активирана), а системот по ова, Вашата најголема брзина ќе ја прилагоди на ова ограничување.

Hands-free врата на багажникот за полесно отворање и затворање

Едноставно, замавнете со ногата под задниот браник на автомобилот и бажаникот автоматски ќе се затвори или отвори.

Без клуч значи и без напор

Фордовиот KeyFree систем овозможува затворање и отворање на автомобилот без вадење на клучевите од џеб или ташна. Идеално решение доколку Ви се полни рацете.

Стартувајте го автомобилот со едноставно притискање на копче

Клуч веќе не е потребен. Едноставно притиснете го Фордовото копче Power Starter држејќи ја ногата на педалата (или на кочницата кај автоматиката) и моторот ќе се запали.

HI-FI звук

Аудио составот со девет звучници е дел од стандарднат аопрема за Ford SYNC 2 и целиот автомобил ќе го исполни со кристално јасен звук. Може да се одлучите и за Premium систем со дигитален радио приемник (DAB) и 12 Sony звучници кои ќе Ви понудат одлична и неповторлива атмосфера на слушање.

Ford SYNC 2. Напредна hands- free технологија и екран на допир

Идната генерација Ford SYNC 2 овозможува безжична поврзаност на вашиот мобилен телефон и MP3. Преку едноставни и иновативни гласовни наредби или преку 9-инчен екран во боја, на допир, овозможена Ви е репродукција на музика и употреба на телефон, систем на навигација и клима уред.

Фордов Easy Fuel систем за спречување на полнење погрешно гориво

Благодарение на Easy Fuel системот, практично, невозможно е да се наточи погрешно гориво бидејќи погрешната млазница, едноставно, нема даодговара. Кај Easy- Fuel систмеот нема капаче од резервоарот, така што нема ниту извалкани раце.

MyKey функција за безгрижно споделување на автомобилот

Ford MyKey овозможува да ја нагодите брзината, аларм како потсетник за сигурносниот појас, дури и да ја надгледувате гласноста на аудио системот. Оваа иновативна функционалност овозможува да ги прилагодите параметрите на возилот според индивидуални корисници. Доколку автомобилот му го позајмувате некому, може да ги програмирате ограничувањата кои ги посакувате.

Напреден систем кој помага при одржување на насоката

Системот за одржување на насоката на возење користи камера свртена кон напред за да може да реагира доколку ненамерно свртите надвор од сопствената возна патека. Системот на тоа ќе Ве предупреди со тресење на воланот и со визуелно преупредување. Доколку на ова преудпредување реагирате пребавно или доколку воопшто не реагирате, системот за одржување на смерот може да Ви понуди помош при управувањето за сигурно да ве врати во возната патека која Ви одговара.Технологијата е основана за патишта со повеќе патеки (пример, автопатишта), со што автоматски ќе се исклучи при брзина под 65km/h, а може да ја исклучите и рачно.

Технологија за сигурност во автомобилот

Систем кој помага за заштита на пешаци

Овој систем ги препознава возилата и пешаците на патот, на тој начин, што Ве предупредува за нивната присутност. Доколку не реагирате, системот автоматски ќе почне да свртува. Оваа нова технологија помага за смалување на можните незгоди, а делува кај бризна до 80 km/h.

Светла кои ја подобруваат видливоста во завои

Прилагодливите светла Ford Dynamic LED обезбедуваат прецизни и силни светлосни снопови, кои автоматски се прилагодуваат на различни услови на возење и услови на патот. Додека се вклучени дневните светла, традиционалните покажувачи на насоката ги надоместуваат покажувачите од LED-траката која се осветлува и така станува видлива. Покрај се, постои и збор и на долги светла кои, исто така, автоматски се прилагодуваат, не ги заслепуваат другите возачи, ја следат патеката за да ја зголемат видливоста при возењето на завои.

Усогласениот сигурносен систем се активира во дел од секунда

Напредниот паметен заштитен систем (IPS) усогласува неколку сигурносни функции со што обезбедува најголема можна мерка на заштита за Вас и вашите патници. Освен цврстата рамка на патничката кабина, која ја впијува енергијата од ударот, во S-MAX постои и напредна технологија на седиштата и сигурносните појави кои ја намалуваат можноста за повреди во случај на незгода.

Дополнителна помош при возење наназад

Оваа потполно нова технологија ги препознава возилата кои доаѓаат во текот на возење наназад, при што сигнализира со звучно предупредување, а вооедно се пали и светло на ретровизорот на онаа страна каде што се приближува возилото.

Повеќе сила за свртување по потреба

Помош при свртување по потреба (EBA) на вашиот автомобил му овозможува најголема ефективност при вртење по потреба. Овој систем препознава колку силно сте ја притиснале кочницата и таа сила, по потреба, автоматски ја зголемува.

Ретровизори кои гледаат она што Вие не можете да го видите

Системот за препознавање „слепите точки" (BLIS) помага сигурно да преминете во друга возна патека бидејќи употребува радарски сензори, а тие препознаваат возила кои се наоѓаат на слепа точка на обете страни на автомобилот. Доколку сензорите препознаат возило кое Вие не го гледате, ќе Ве предупредат со запалувањње на портокалово светло.

Сигурност и во најсложените ситуации

Возилото е опремено со електтронска програма за стабилизација (ESP), кој обединува повеќе технологии, засновани да овозможат што е можно поголема контрола над автомобилот. Кога сензорите ќе препознаат неочекувана промена кај управувањето, свртување и однесување на автомобилот, кои може да предизвикаат губење контрола над возилото, EPS системот ќе ја прилагоди брзината на одредено возило и така ќе обезбеди стабилност, односно ќе спречи негово пролизгување. Функциојата на составот EPS вклучува помош при возење на угорница, помош при свртување по потреба и електронска апсорпција воздух во кочницата.

Напреден систем на воздушните перничиња

Воздушните перничиња за возачот ја оптимизираат заштитата на градниот кош, додека воздушното перниче за колена ги штити долните делови на телово. Страничните воздушни перничиња за карлицата и торзото на предните седишта е обликуван Вас да ве заштити, додека воздушните завеси нудат дополнителна заштита во сите три реда седишта. Новите странични воздушни перничиња може да се изберат и за крајните седишта во вториот ред. Затегнувачите за сигурносните појаси и ограничувањето на оптеретувањето, кои се прицврстени за тие седишта, ги штитат патниците од удари бидејќи значајно ги забавуваат. Предпредувањето за сигурносните појаси се дел од сериската опрема, така што секогаш ќе знаете дали сите патници сигурно се врзани. Да се обезбеди сигурност на децата. Вториот ред на седишта е прицврстен со ISOFIX за детски седишта.

Ford SYNC со функцијата Помош при потреба може да побара помош и кога Вие не можете

Важен дел од системот Ford SYNC, кој може да спаси живот, е Помош при потреба. Во случај на незгода, во која е активирана воздушното перниче или е исклучена пумпата за гориво, оваа технологија место Вас, автоматски, може да побара надлежна итна помош. Може да воспостави повик и да разговара со итната слуѓба доколку тоа Ви е потребно. Системот ќе посредува со клучите информации, како што се GPS-координатите, дури и доколку не сте при свест.* * Фордовата Помош при потреба делува во повеќе до 30 европски држави. Оваа функција дејствува кога е поврзана со мобилен телефон, кога се активира воздушното перничње (не ги вклучува воздушните перничиња на колената) или кога сензорот кој препознава удар го исклучи пумпата за гориво. Говорната функција и Помош при потреба не се на располагање на сите европски јазици.

Алармна заштита

Алармниот систем Thatcham 1. категорија е систем кој се вклучува автоматски кога ќе го заклучите возилото, а силен аларм ќе се огласи при насилно влегување, подигнување на возилото или доколку сензорите откријат движења во внатрешноста на возилот.