Новиот FORD RANGER

Новиот Ford Ranger е безмилосно тестиран – во најтешките окружувања, под екстремни температури, и преку најгрубите терени на земјата. Така што е спремен за било кој предизвик што ќе му го поставите. Најновиот модел е помоќен од било кога, благодарејќи на новата линија на напредни Duratorq дизел агрегати. Тие можат да ви помогнат да транспортирате товар до 1,336 кг. Во исто време, тие нудат подобрена ефикасност на горивото и содржат Euro Ниво V стандарди за емисија на издувни гасови. Новиот Ranger е исто така првиот пик-ап кој успеал да добие 5 ѕвезди рејтинг на Euro NCAP тестирањето за безбедност. Дознајте повеќе за нивоата на безбедност, возачко искуство, перформанси и ефикасност, трошоци на одржување и дизајн.

ДИЗАЈН

Добар изглед кој ви штеди гориво

Неговиот рестилизиран преден дел го прави Новиот Ranger по аеродинамичен, подигајќи ја горивната економичност и ефикасност. И неговиот нов, повисок среден дел му дава на возачот повеќе заштита. Погледнете дел од надворешниот изглед и погледнете ги овие и други дизајнерски карактеристики.

ВОЗАЧКО ИСКУСТВО

Уживајте во микс на способност и удобност

Новиот Ranger има технологии да ви помогнат да постигнете баланс и во off-road услови и во густ градски сообраќај. Но повторно, ги има сите опции дизајнирани да го направат возачкото искуство по удобно и релаксирачко.

ВОЗАЧКИ ТЕХНОЛОГИИ

Од освојување на стрмнини опфатени со песок, кал или мраз до влегување во тесни паркинг простори, на Ranger има многу технологијата која ќе ви помогне во вашето возење.

Селективен 4х4 погон ви овозможува вклопување на секаков терен

Имате да одбирате од три нивоа на возење: 4х2 за регуларно возење, 4х4 (Висок опсег) за лоши патни подлоги и земјени стази и 4х4 (Низок Опсег) за исклучително тешки терени. Фактот дека Ranger до земјата има простор од 230 мм исто така помага да се поминат најтешките услови. Употребувајќи го Електронскиот пренос во движење можете да променувате помеѓу 4х2 и 4х4 Висок Опсег, додека сте во движење. Системот работи во комбинација со Елктронскиот систем за стабилност (ESP) и Електронската контрола на тракција (ETC).

Ranger се приспособува на вашиот возачки стил

Интелигентен автоматски менувач со напреден софтвер кој овозможува препознавање на гласот на возачот и го прави возачкото искуство според начинот кој вие ќе го изберете. На пример: економичност, перформанси, спортсло, нагорнини, спуст и влечење, како и 4x4 на високи или ниски фреквенции. Софтверот го учи 'стилот на возачот и се приспособува со употребата на пренос. Така релаксираниот стил на возење ќе испорача поголема префинетост и економија на горивото, а пооптимистичкиот стил на возење ќе бидат наградени со поостри реакции и поспортски изглед.

Лесно и сигурно возење во рикверц со задната камера

Како стандард кај Wildtrak, опционалната задна камера ви го прикажува погледот назад, во екран вграден во ретровизорите. Ова може да го направи возењето во рикверц далеку полесно и побезбедно и ви ја прикажува куката за влечење за полесно возење рикверц со приколка.

Сензори кои ќе го отргнат стресот од паркирањето

Кога Ranger е во рикверц (без приколка) од радио системот јавува звук кога некој објект е лоциран поблиску од 1.8м позади возилото. Фреквеницијата на овие звуци забрзува како што се доближува возилото до објектот, правејќи лесно да го избегнете. (Проверете модели за достапност)

Темпоматот го прави долгото патување порелаксирано

Само поставете ја посакуваната брзина преку контролите на воланот, и оставете на темпоматот да го направи вашето долго патување помалку заморно.

Борд компјутерот овозможува корисни информации за вашето патување

Ова ви дава важни информации за вашата километража, потрошувачката , брзината и надворешната воздушна температура. Вклучува исто така `оддалеченост до празен резервоар`: грубо колку можете да поминете со останатото гориво во резервоарот. Ова е од исклучителна важност на долги патувања или надвор некаде во дивината.

Вградена во таблата Сателитска Навигација која обезбедува да стигнете сигурно на вашата дестинација

Само програмирајте ја вашата дестинација користејќи ги командите на таблата и ќе добиете аудио и видео насоки, плус информации за вашата моментална локација и околина. Сателитската навигација е паметно интегрирана во аудио системот за безбедност.

КОМФОРТ

Ентериерот на Новиот Ренџер е релаксирачки, без разлика на надворешните услови.

Поставете една температура за вас, една за вашиот патник

Со Двозонската Автоматско клима можете да поставите индивидуална температура за возачката и совозачката страна на кабината. Стандард со Wildtrak и Limited.

Нов, современ стил на ентериерот

Сите три стила на кабини сега се пошироки, давајќи ви повеќе простор во пределот на главата и рамениците во предниот дел повеќе од претходно, со задниот простор за нозете тоа е еднакво великодушно. Всушност верзијата со Дупла кабина сега има најдобар заден простор за нозете во класата.

По просторни кабини

Кога сте зад воланот, подигнатата возачка позиција го додава чувството на просторност. Исто така ви дава и единствен поглед на патот (теренот) пред вас.

Нови подесиви предни седишта

Новиот Ranger има подесиви предни седишта за екстра комфорт. Електрично подесиво во 8-правци седиште е исто така достапно на конкретни модели, кои ви овозможуваат да постигнете оптимален комфор поставувајќи ги со едно копче. Дури вклучува и лумбарна поддршка и интегрално загревање. Сите предни седишта имаат подигната позиција, давајќи ви чист поглед на патот или теренот пред вас. Тоа ви дава повеќе време да реагирате, подобрувајќи ја безбедноста на сите во возилото.

По комфорни задни седишта

Кабината на новиот Ranger е по просторна и значи дека задните седишта во верзијата со Дупла кабина сега нудат простор за нозете кој е најдобар во класата. Во зависност од моделот постојат потпирачи за главата, централен потпирач за раце и држачи на чаши. На некои верзии, задните седишта можат да бидат преклопени и прицврстени, давајќи ви екстра товарен простор и пристап до просторот за одложување под седиштата. Задната Пристапна Кабина доаѓа опционално седиште на отворање за дополнителни патници. Сигурносните појаси во 3 точки се стандард на сите.

Спектар од системи за забава во колата

Одберете од четирите нивоа на ICE системот. Најдобрата во својот ранг, интегрирана единица вклучува 5`` екран во боја, AM/FM, MP3 CD плејер, говорни команди, Bluetooth®, USB приклучување и Сателитска Навигација.

Најдобар во класата аудио систем

Моќни шест звучници кои свират MP3 документи на CD плејер и испорачуваат одличен квалитет на звук.

Светла кои постепено се затемнуваат давајќи ви време да се прилагодите

Театрално автоматско и постепено затемнување на внатрешните светла кога ќе се стави во контакт.

Интиуитивно дизајнирана кабина

Зад воланот, ќе забележите како природно контролата спаѓа на рака и можете лесно да ги читате добро поставените бројки и чистите екрани. Комфорен, подигнато возачко седиште кое ве става во одлична позиција да видите што е пред вас.

УДОБНОСТ

Карактеристиките на удобност во Новиот Ranger се дизајнирани да го направат животот поедноставен

За хендс-фри сигурност: : Bluetooth® со говорни команди

Можете да правите и да примате повици на мобилниот телефон, да ја променувате музиката и да оперирате со другите контроли на копчиња само со користење на говорни команди. Така што не треба да ги тргате очите од патот, или рацете од воланот.

Ford Easy-Fuel

Со Ford Easy-Fuel скоро е невозможно да дополните погрешно гориво во возилото едноставно затоа што погрешно црево за дополнување гориво нема да одговара. И поради тоа што е систем за дополнување гориво без капаче, никогаш повеќе нема да треба да фаќате нечисти капачиња

Бришачи со сензори за дожд

Бришачите на ветробранот на новиот Ranger имаат шест нивоа на чувствителност и се вклучуваат при првата капка дожд и ја зголемуваат брзината за да се справат со сe што времето може да ви донесе.

Странични ретровизори што се преклопуваат самите за да се заштитат

Кај Limited и Wildtrak моделите, електрично преклопливите ретровизори се преклопуваат навнатре со притискање на едно копче кога колата е заклучена, како би се избегнало оштетување. Загревани со странични индикатори и светилки за вирови, го осветлуваат подот кога излегувате. (Проверете модел за достапност)

Quickclear загревано ветробранско стакло става крај на гребењето

Оваа опција ви овозможува мразот да биде рапидно исчистен од стаклото без да го изгребе и овозможува лесно од-маглување . Стандард кај XLT, Wildtrak и Limited.

Ranger автоматски ви го осветлува патот

Се вклучува преку далечинско отклучување или со ставање во контакт, Сијалици за вирови, Пристапни и Водечки светла кои ви даваат подобра видливост кога го оставате Ranger-от во темница. Лампите за вирови, кои го осветлуваат подот до предните врати се достапни кај Limited и Wildtrak. Пристапните и Воде ме дома светла се достапни кај XLT, Wildtrak и Limited.

Многу при рака простор за складирање на предмети

Животот е полесен кога се е организирано. И Ranger-от може да помогне, со многу простор при рака за складирање на предмети. Има три централни конзоли за складирање(кратка, долга и долга со секција за ладење со клима) во зависност од кабината која ќе ја изберете. Тие содржат простор кој одговара за складирање на храна, како и шоља и држачи за шишиња, пепелници, и друг простор кој одговара за вашиот телефон и сл. Касетета која се отвора нуди огромни 11.9 литри простор, компактен чадор и повеќе. Исто така ќе најдете многу џебови околу кабината, додека Дуплата кабина има две големи, под седиштето простори за складирање.

Лесна за користење, ултра безбедна контрола на аудио системот

Новата централна конзола ви дозволува да ги контролирате сите напредни функции на интегрираниот аудио систем користејќи централен џојстик. Лесно е за интеракција, за разлика од конвенционалниот сет-ап, невозможно за кражба.

Водечки во класата екран за инструментален кластер

Новиот инструментален кластер ви покажува на врвен екран витални информации: од брзинометарот, тахометар и одомер до пораки на Патен компјутер. Достапен како стандард на Wildtrak.

Автоматско затемнување на ретровизорот

Кога возите навечер, можете да возите и без да ве заслепуваат светлата од возилата зад вас. Иновативниот ретровизор што автоматски се затемнува автоматски ја открива светлоста на предните светла и го вклучува поставувањето за затемнување. Така можете да внимавате на возилата зад вас без големо одвлекување на вниманието и да стигнете дома помалку уморни. Стандард kaj XLT, Wildtrak и Limited.

КОРИСНОСТ

Пик-ап направен со причина

Како што ентериерот може да биде комфорен и опуштачки, Ranger примарно е возило направено за работа. Со водечка носивост во класата и можност за велечење, заедно со ранг на опции и додатоци кои помагаат да се маневрира со секаков вид на товар, и е многу практичен избор. И со новите ниски финансиски трошоци за сопственост, е добар финансиски ибор исто така.

НОСИВОСТ И ВЛЕЧЕЊЕ

Ranger е дизајниран да биде способен да се справи со било какви носечка виртуелна или задача за влечење.

Носивост и способност за влечење водечки во класата

Новиот Ranger постигнува најдобра носивост во класата и способност за влечење од импресивни 1,336 kg и за почит 3,350 kg.

Способност за влечење во бројки

Ranger го прави лесно 4x2 Regular Cab: Несопирана 750 kg; Сопирана 1600 kg 4x4 Regular Cab, Super Cab, Double Cab: Несопирана 750 kg*; Сопирана 3350 kg*

МЕНАЏИРАЊЕ СО ТОВАР

Новиот Ranger нуди повеќе варијанти да зачувате вашите видови на товар безбедни и сигурни.

Разноврсна, пик-ап кутија на заклучување за да бидете спокојни

Новата пик-ап кутија кај Ranger може да превезува Еуро палета, алати за вашата работа, се што ви треба за викенд кампување. Исто така нуди бројни начини да го зачувате вашиот товар безбеден, и сите се DIN компатибилни. Тие вклучуваат цврсти куки за врзување, интегрирана товарна полица, и(кај некои модели) надворешни шипки за врзување. За безбедност и спокој, вратата од багажникот може да биде заклучена и отклучена рачно.

Цврсти куки за безбедност на вашиот товар

За помош при пренесување на вашиот товар безбедно, овие куки можат да се прицврстат во повеќе варијанти интерно и екстерно во зависност од видот на кабината. Сите се DIN согласни.

Ролетна на заклучување која се спушта да го обезбеди и заштити вашиот товар

Достапно кај Wildtrak модели, оваа опција обезбедува екстра безбедност за товарот во товарниот пик-ап дел. Исто така може да биде заклучена во три различни позиции, таа е водотпорна и доволно цврста да издржи уште пола тон товар врз неа.

Корисен 12 волтен приклучок

Стандард кај XLT, Limited и Wildtrak верзиите, каде што има пластифициран под, приклучокот е лоциран во пределот кај пик-ап кутијата, каде што можете да приклучите фрижидер или други електронски уреди.

Систем за менаџирање на товар во сите димензии

Системот има две шини(по една доле на двете страни на товарната кутија), со две подесиви шелни на секоја страна. Овие можат да бидат придвижени за да се адаптираат на големината на товарот.

Осигурување на товарот

За да бидете сигурни дека се е на местото каде што сте го поставиле, ѕидовите на тоаварната кутија не само што се повисоки, туку и имаат инкорпорирано во нив куки за прикачување, интегрирани товарни вдлабнатини и поставени два движечки водачи, за долги предмети, на задниот дел. (провери модел за достапност.

Интегрирана товарна кутија со подобрен дизајн

Секој вид на кабина има унифицирана товарна кутија која што точно присвиена на врвот на кабината. Ова е додаток на Ranger-овиот цврст и остар дизајн.

ДОДАТОЦИ

Скроете го Ranger по вашиот бизнис

Можете да одбирате од голема палета на додатоци за да се осигурате дека Ranger конкретно ќе ги задоволи вашите бизнис и уживачки потреби. Сите се дизајнирани да бидат во склад со стилот на Ranger и се исто цврсти и издржливи како и возилото. Додатоците вклучуваат: • Ролетна • Стандардна тенда • Комерцијална тенда • Алуминиумска шасиска лента на кабианта • Цврта цевкеста прекривка (едно парче) • Линија за одделување во кутијата за товар (со или без 12v приклучок) • Систем за товарен менаџмент • Подготовка за Тахограф – загради и завршетоци • Греач на гориво • Резервен осигурач за тркало • Кука – (статична за 3,350kg капацитет или на вадење 2,200kg)

ТРОШОЦИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ

Дури и пониски трошоци на одржување

Новиот Ranger сега е засилен со напредните Duratorq дизел мотори, и нивната подобрена издржливост и дизајн резултираат со уште помали трошоци на одржување. На пример: • • Сервисни интервали • На секои 12,500 km или 1 година • • • Гаранција против корозија • Новиот Ranger има високо ниво на заштита против корозија, и затоа е опремен со анти-кородирачка гаранција од 12-години.

ПЕРФОРМАНСИ И ЕФИКАСНОСТ

Нови нивоа на моќ и економичност

Новиот Ranger носи нов, подобрен ранг на мотори, кои овозможуваат повеќе моќ и подобрена горивна потрошувачка. Рамо до рамо со подобрените нивоа на економичност, доаѓаат пониските нивоа на емисија на издувни гасови: возилото сега постигнува CO2 бројки ниски колку 192g/Km. Дознајте повеќе за новите мотори и другите технички подобрувања кои резултираат со подобрени перформанси и ефикасност.

МОЌ

Дознајте повеќе за новите мотори и другите технички подобрувања кои резултираат со подобрени перформанси и ефикасност.

По моќен, по економичен, по економични дизел мотори

Новиот Ranger сега нуди повеќе нови Duratorq Нивоа V дизел мотори кои комбинираат дополнителна моќ и вртежен момент со извонредна економичност на горивото. На пример, 150КС/110kW 2.2-литарски 4 цилиндарски обезбедува 375 Nm вртежен момент и скромни бројки на економичност на гориво од 8.6 литри/100km (комбинирано). Додека 200 коњскиот 3.2 литарски TDCi (дизел) ви овозможува 470Nm вртежен момент. Сега по моќните мотори користат Варијабилно Геометарски Турбополнач (VGT), кој го контролира количеството на моќ и вртежен момент кои се произведени. Ја подобрува стартноста и ви дава најдобар во класата вртежен момент на ниски брзини дури и без допирање на педалата за гас – минимизирајќи ја потрошувачката на гориво и емисијата на издувни гасови. Всушност, сите нови мотори се во склад со Европските Ниво V стандари за емисија. Новите мотори на Ranger се по ефикасни, како и по моќни. И возењето на возилото е по динамично што значи по агилно и сигурно на патот, која и да е подлогата. Се на се, возилото нуди комплетен пакт на перформанси.

Новиот 6-брзински менувач го заштедува горивото и ја скратува емисија на издувни гасови

Нов, лесен за менување 6-брзински мануелен менувач сега е достапен; дизајниран и достапен да одговара на новата линија дизелски мотори. Овој прецизен систем помага да се намали емисијата и да се заштеди на трошоците за гориво, додека овозможува по релаксирачко возење. Дополнително, напредната автоматска верзија е прецизно подесена да обезбеди мирно но брзо менување и да даде подобра потрошувачка ефикасност.

УПРАВУВАЊЕ

Нов систем за управување за подобро маневрирање

Новиот систем за управување кај Ranger ви овозможува попрецизно и полесно управување. Дизајниран е да го подобри маневрирањето при ниски брзини, како при паркирање или возејќи по тесни неасфалтирани патишта. Потребни се само 3.5 вртења на управувачот од крај до крај а кругот на вртење е само 12.7m.

Нови поголеми тркала за оптимална тракција

Новиот Ranger XL е опремен со 16-инчни челични тркала како стандард, додека XLT поседува алуминиумски тркала. Поголемите пневматици испорачуваат огромна тракција без разлика каков е теренот давајќи ви доверба и контрола. Тркала исто така пренесуваат повеќе сила благодарение на помоќните мотори испорачувајќи подобар вртежен момент и тракција независно на која површина возите.

Пет нови типови на пневматици

За да се обезбедат оптимални перформанси, преку 100 нови опции за пневматици беа испробани на најекстремните и непростливи услови на земјата. Само пет преживеаа, кои беа доработени и рафинирани да бидат достапни за новиот Ranger. Дизајнирани за пат и теренско возење, комбинираат одлична тракција, ниска бучава и голема издржливост за да може да ги истрпат нај ригидните терени со големо ниво на комфор.

ЕКОНОМИЧНОСТ

Новиот Ranger поседува две уникатни особини кој уште повеќе ја подобруваат економичноста на новите Duratorq дизел мотори.

Помала потрошувачка со економични пневматици

Сите пет пневматици се дизајнирани да имаат помал отпор при возење. Како резултат, тие трошат помалку енергија што помага во намалување на потрошувачката.

Системот за управување со електричната енергија заштедува на емисиите и на горивото

Иновативниот систем за управување со електричната енергија дотставува електрична сила до Ренџерот и вклучува генерација од електрична моќ (алтернатор), склад на електричната енергија(во акумулаторот) и контрола на потрошувачката. Контролата на потрошувачката се состои од надгледување и подесување на потрошувачката на струја, на пример кога моторот е исклучен, при возењето (се продолжува животот на акумулаторот) и контрола на емисијата на издувни гасови од моторот. Системот исто така помага да се намали потрошувачката на гориво.

СИГУРНОСТ И БЕЗБЕДНОСТ

Првиот пик-ап со 5 ѕвезди рејтинг за безбедност

Новиот Ranger има водечки во класата, пакет за безбедност, кој вклучува се од стандардните возачки и совозачки воздушни перничиња, страничните воздушни завеси и возачките перници за колена до напредната ESP Електронска програма за стабилност. Затоа ова е првиот пик-ап да биде награден со Euro NCAP 5-ѕвезди ранг. Пакетот за безбедност е еднакво комплетен.

БЕЗБЕДНОСТ НА ВОЗИЛОТО

Новиот Ranger бил тестиран немилосрдно во најтешките средини околу светот. Пронаоѓајќи го својот пат ни кал, вода, снег и песок, ќе ве чува заштитени и во контрола речиси во секоја ситуација.

Остани во контрола кои и да се условите

Електронската Програма за Стабилност претчувствува било какво скршнување од линијата на возење и автоматски ја исправува вашата позиција на патот, помагајќи ви да останете во контрола какви и да се условите. Доле ќе откриете предности од главните напредни возачки технологии кои се дел од ESP

Дополнителна контрола возејќи на удолнина

Ридска Спуст Контрола (HDC) ви дава поголема контрола на стрмни удолници, на пат и надвор од пат.

Дополнителна контрола при тргнување на угорнина

Помош при тргнување на Угорнина (HAS) запира да се движите наназаф при тргнување на угорнина, со задржување на притисокот во сопирачките како што ја тргате ногата од кочницата до гаста.

Задржувајќи ја вашата приколка безбедно во линија

Контрола на лулање на приколка [линк до видео] детектира нишање и навачување на приколката и ја намалува брзината на Ranger додека проблемот не исчезне, правејќи го влечењето по контролирана и побезбедно. Намалувањето на брзината се постигнува со намалување на вртежниот момент и зголемувањето на притисокот на сопирачките на сите тркала.

Систем за итно сопирање (EBA)

EBA помага новиот Ranger да постигне најдобро можно сопирање при итни случаи. Ако системот открие дека возачот не применил доволно притисок, тој ќе го зголеми притисокот на сопирачките.

Предупредувачко задно светло кога сопирате нагло

Светлото за сопирање во итни случаи ги вклучува сите трепкачки светла да ги предупреди другите шофери кога Ранџерот сопира одеднаш.

Постојана заштита против превртување

Контролата против превртување го надгледува возилото и ги идентифицира опасните возачки услови кои можат да доведат до превртување. Системот го вклучува ESP да интервенира, да ја контролира брзината и да ја поврати стабилноста.

Максимален зафат со мал напор

Со прецизна контрола на начинот на кој вртежниот момент на моторот е пренесен на тркалата, Системот за контрола на Тракцијата овозможува подобра тракција, забрзување и стабилност на лабави и лизгави терени.

Контролни опции кои се адаптираат за вашиот товар

Адаптивната контрола на товар [линк до видео] ја подесува Електронската програма за стабилност во насока на тоа дали Ranger е товаре или нетоварен, со паметно реагирање на вртењето на воланот. Ова овозможува контрола и стабилност под сите товарни услови.

Максимална заштита со супер-јака надоврешна школка

Супериорната конструкција на Ranger обезбедува штит кој ја редиректира силата на удар подалеку од патниците. Додатно, подигнатото седење и страничните решетки во вратата ја зголемуваат заштитата при страничен удар.

Напредни системи за контролирано сопирање

Ranger ги комбинира анти-заклучувачки сопирачки (ABS) со системот за електронско пренасочување на сопирање (EBD), распоредувајќи го напорот при сопирање помеѓу предницата и задницата, зависно од тоа дали возилото е товарено или не. Резултатите се ефективно сопирање и стабилност при вртење, од особена важност кога сопирате во средина на свијок и подобрена и пократка патека на сопирање без разлика на условите.

Воздушни перничиња за да ве заштитат од сите страни

Покрај предните воздушни перничиња за возачот и совозачот, има и странични перничиња за заштита на градниот кош и воздушни завеси за заштита на главата. Има дури и воздушно перниче за заштита на колената на возачот. Доколку е потребно може да се деактивира совозачкото воздушно перниче.

Деактивирање на совозачкото воздушно перниче

Достапна ви е опцијата да го деактивирате воздушното перниче на совозачкото седиште во случај на превезување на дете со детско седиште.

Напредна технологија за понапредни безбедносни ремени

Безбедносни ремени се поставени на сите седишта кај Дупла Кабина. Ремените кај возачот и совозачот се опремени со пре-затегачи со цел да воздушните перничиња бидат поефикасни при несакана незгода.

Потсетник за безбедносен појас

Доколку возилото е во движење и некој од безбедните ремени на возачот или совозачот не е наместен ќе бидете известени преку звучен сигнал и индикатор на инструмент таблата.

Побезбедни седишта за помали патници

Безбедност, комфор и заштита за вашите деца се на врвот. Затоа ќе пронајдете ISOFIX додатоци на седиштата како стандард. Тие вклучуваат и точки за фиксирање во горниот дел од седиштето со што значајно се намалува шансата за повреда.

Склопувачки управувачки столб кој спречува повреда на возачот

Управувачкиот столб се склопува во управувачката табла со што го намалува ризикот од повреда при судир.

Предни светла кои автоматски се вклучуваат кога ќе притребаат

Ranger е опремен со сензори кои детектираат светлина дури и кога се намалува, и тогаш автоматски се вклучуваат предните светла со што го намалуваат ризикот при возење за време на зајдисонце. Тие исто така се вклучуваат кога влегвате во тунел. Автоматските предни светла се достапни како опција со сензори за дожд.

БЕЗБЕДНОСТ

Благодарени на неговиот сеопфатен сигурносен пакет може да имате мирна глава независно каде го паркирате.

Низа безбедносни мерки

Достапно е централно заклучување кај сите три стилови на кабина како и заклучување на бравата за стартување. Нашиот Пасивен Систем Против Кражба (PATS) го онеспособува моторот додека уникатниот кодиран клуч не е детектиран во бравата за стартување, за да не може да се стартува возилото и доколку некој успее да влезе внатре. И доколку некој успее да го украде возилото, Ranger е опремен со видливо поставена идентификација на шасија (VIN) за да може лесно да се пронајде.

Нов врвен алармен систем

Пософистициран Thatcham Category 1 алармен систем е достапен. Овој систем автоматски се активира кога ќе го заклучите возилото и моќен алармирачки звук е емитуван ако насилно се влезе, возилото е подигнато или сензорите за движење забележат било какво движење внатре.

Додатен, независен помошен аларм

Додатен помошен звучен аларм е достапен кој доаѓа со Thatcham аларм опцијата. Ова ќе ја активира сирената кога алармот е активиран. Има своја батерија па така ќе се активира дури и ако некој го извади акумулаторот.

КАРОСЕРИЈА И КАПАЦИТЕТ

Избор од кабини и повеќе простор

Новиот Ranger нуди избор од три стила на кабини, плус опција за шасија со кабина, каде сите се пошироки и по просторни него претходно. Така да ќе најдете повеќе простор кај главата, нозете и рамената. Додатно; е најдолгиот, најширокиот и највисокиот пикап во својата класа.

Регуларна кабина

Регуларната Кабина со две врати овозможува исклучителен и високо практичен простор со извонреден капацитет на товарање. • Кабина со две врати и седишта за до два патника • Товарна површина со димензии 2280 x 1456 mm • 1336 кг максимална носивост (1182 кг кај 4x2)

Обезбедувајќи стандардизирана пренамена на Ranger

Доколку имате основен Ranger модел кој е за пренамена на каросерија од трета страна тогаш би сакале да бидете сигурни дека промените во каросеријата и опремата се во согласност со стандардите за безбедност и производство. Притоа изработивме Упатство за Монтирање на Каросериска Опрема (BMM). Овој детален документ помага при дизајн и изведба на пренамената за да биде извршена со највисок квалитет.

Шасија

Ranger Шасија нуди робусна шасија изработена од високо-квалитетен челик која овозможува пренаменување за различни типови на каросерија.

КАБИНА СО ЗАДЕН ПРИСТАП

RAP Кабина со Заден Пристап

Кабината со Заден Пристап содржи две конвенционални врати и две обратно поставени панели овозможувајќи лесен пристап во задниот дел од кабината и простор зад предните седишта. Овој тип на кабина има повремено седење во задниот дел со складишен простор вклучувајќи две остави со поклоп. • Кабина со четири врати (две задни со отворање во обратна насока) и седишта за до четири патника • Товарна површина со димензии 1753 x 1456 mm • 1254 кг максимална носивост

Дупла кабина

Новиот Ranger со Дупла Кабина има четири врати во полна големина. Обезбедува простран ентериер за до пет луѓе, со поголеми врати овозможувајќи полесен пристап за патниците назад. Тие исто така ќе уживаат во простор за нозете кој е најголем во оваа класа. • Товарна површина со димензии 1530 x 1456 mm • 1152 кг максимална носивост

МОДЕЛИ

Одбери го правиот Ranger модел за тебе

Широка палета на специјализирани кабини, мотори и модели што значи постои нов Ranger кој е дизајниран и конструиран за Вас – од добро опремениот XL до спортскиот и динамичен Wildtrack. Ако сте заинтересирани за конкретен Ranger модел погледнете ја нашата брошура или ценовник. За повеќе информации обратете се кај Вашиот Ford застапник.

RANGER XL

Практичен, вреден и крут. А воедно и комотен.

Стилови на кабина и опции за пренос:

Регуларна, Дупла или Кабина со Заден Пристап: 4x4 Регуларна или Кабина со Заден Пристап: 4x2 Шасија со Реглуарна или Кабина со Заден Пристап: 4x4

Главни карактеристики:

• • 6-степен мануелен менувач • • Ford Easy Fuel систем за точење гориво без капаче • • Електронска Програма за Стабилност (ESP) • • Електронско вклучување на погон на сите тркала при движење • • 16-инчни челични тркала кај 4x2 и 4x4 • • Мануелно заклучување на товарен простор • • Внатрешни и надворешни фиксирачки позиции во товарен простор (согласно со DIN) • • Затворање на возачки прозор со едно копче • • Осветлување при приоѓање и театарско затемнување на светла • • Високо поставено централно стоп светло • • CD/Радио со AUX и мулти-функционален екран • • Дополнителен втор приклучок за струја • • Загревани ретровизори • • Заден заоблен одбојник • • Високо ниво на безбедносна заштита • • Потсетник за безбедносен ремен • • Возачко и совозачко воздушно перниче со опција за исклучување • • Странични воздушни перници, странични завеси и перниче за колена • Опции • • Климатизација • • Челичен одбојник со опција за кука

RANGER XLT

Конструирано да Ве однесе секаде во луксузен комфор.

Стилови на кабина и опции за пренос:

Дупла кабина или Кабина со Заден Пристап: 4x4

Главни карактеристики:

• Електрично подесувано (4 насоки)и загревано возачко седиште со лумбарна поддршка • Загревано ветробранско стакло, електрохроматски внатрешен ретровизор и сензор за дожд • CD/Radio и Bluetooth® со гласовна контрола, USB поврзување и голем 'dot matrix' мулти-функционален екран • Темпомат • Команди на волан • Електрично преклопливи ретровизори • Држач за очила • Волуметрички аларм • 12-волтен приклучок во товарен простор • Климатизација Опција • Челичен одбојник со опција за кука • Челичен рол бар

RANGER LIMITED

Конструирано да Ве однесе секаде во луксузен комфор.

Стилови на кабина и опции за пренос:

Дупла кабина или Кабина со Заден Пристап: 4x4

Главни карактеристики:

• 17-инчни алуминиумски тркала • Електрично подесувано (8 насоки) и загревано возачко седиште со лумбарна поддршка Поддршка • Автоматски светла и сензор за дожд • Затемнето задно стакло • Електрично придвижувани, преклопливи и загревани надворешни ретровизори со индикатори и прилазно осветлување • Двозонска автоматска климатизација (EATC) • Голем мулти-функционален екран во боја • Задни паркинг сензори • Систем за фиксирање на товар • Трет 12-волтен приклучок во задна централна конзола • Хромиран челичен одбојник • Кожен декор на седишта Опции • Заден челичен одбојник со опција за кука • Сателитска навигација

RANGER WILDTRAK

Врвни перформанси на пат и на терен, луксузна Алкантара кожен ентериер и препознатлив спортски стајлинг.

Стилови на кабина и опции за пренос:

Дупла Кабина или Кабина со Заден Пристап: 4x4

Главни карактеристики:

• 18-инчни алуминиумски тркала • Голем мулти-функционален екран во боја и сателитска навигација • Паркинг камера интегрирана во внатрешен ретровизор • Покрив за товарен дел со лесно извлекување и заклучување • 'Ice Blue' амбиентално осветлување со подесување на светлина • Обоен челичен одбојник Опција • Заден челичен одбојник со опција за кука