ПОТПОЛНО НОВИОТ FORD TRANSIT CUSTOM

Меѓународен Ван на годината 2013

Потполно новиот Transit Custom претставува репер за економичност и носивост, ќе ви ја зголеми продуктивноста и ќе остави маркантен впечаток кај вашите клиенти. Со тоа целосно ја заслужи титулата Меѓународен Ван на Годината 2013. Потполно новиот Transit Custom е исто така првиот и единствениот Ван во својот сегмент кој има постигнато максимални 5-звезди оценка за безбедност кај Euro NCAP. Две од своите иновативни технологии, системот за Предупредување за држење лента и Ford SYNC со Итна Помош, исто така добија Euro NCAP Advanced награди за технологија: за првпат во историјата кај комерцијално возило. Овој среден по големина модел од потполно новиот Transit опсег, постигнува одлична економичност на гориво, благодарејќи на ECOnetic технологиите како Ауто-Старт-Стоп и Регенеративното полнење. Неговиот удобен и издржлив ентериер ќе ви го олесни работниот ден – посебно во кабината, која функционира како подвижна канцеларија. Товарниот простор е исто така извонреден. Дали ќе изберете Ван, Ван со двојна кабина или Комби; може многу да извлечете од многуте напредни технологии, вклучувајќи Ford SYNC со гласовна контрола и MP3/iPod и мобилната поврзаност. Дознајте повеќе за Transit Custom: и возачкото искуство, перформансите, цените за оддржување, безбедноста и сигурноста и дизајнот.

Современ изглед и исклучителена удобност

Потполно новиот Transit Custom ги соединува современиот надворешен стајлинг и внатрешната удобност кои не би очекувале да ги пронајдете во комерцијално возило. И внатрешноста и надворешноста се дизајнирани со практичност и дункционалност на ум. Погледнете подоле.

ВОЗАЧКО ИСКУСТВО

Конектиран работен ден, без стрес

Технологијата во Transit Custom одзема дел од секојдневниот стрес на работниот ден, едноставно правејќи го возењето по едноставно – посебно при возење во град. За уште повеќе да го поедностави работењето, кабината функционира како подвижна канцеларија, со мнногу паметни складишни зони и преклопна масичка, која е идеална за лаптоп. Истотака, Ford SYNC со гласовни команди постојано ве држи поврзани (преку мобилен телефон) и забавувани, без користење на раце. Дури и возачкото седиште е целосно подесиво, како и новиот волан, за да ви овозможи да ја пронајдете одличната, нај комотна возачка позиција.

ВОЗАЧКА ТЕХНОЛОГИЈА

Transit Custom поседува неколку напредни функции дизајнирани да го направат возењето што е можно полесно

Полесно движење во рикверц со задна паркинг камера

Столбови, канти, ниски зидови... задната паркинг камера ќе ви покаже се што е позади вас на екранот вграден во внатрешниот ретровизор. Не само што ќе ви помогне да ги видите работите кои инаку би ги пропуштиле, туки и ќе ви помогне да се паркирате преку прикажување виртуелни линии кои ќе ве водат до финалната паркинг позиција. Како дополнителна практичност, камерата автоматски се вклучува кога ќе го поставите менувачот во рикверц. Задната паркинг камера е достапна како опција со помош за придржување во лента. (погледнете во Безбедност и Сигурност).

Нови, покомотни предни седишта

Нови, покомотни предни седиштаВозачкото седиште е целосно прилагодливо, заедно со воланот, за да може да ја пронајдете идеалната возачка позиција. Има вгаден потпирач за рака и прилагодлива лумбарна поддршка како и загревани седишта кои се опција. Всушност, додека седиштата ви нудат издржливост која се очекува од комерцијално возило, тие истотака ви нудат комотитет кој може да го најдете во автомобил. Значи без разлика дали имате потреба од комбе за кратки релации или за долги патувања, вие ќе уживате во порелаксирачки ден во вашата подвижна канцеларија.

Се што ви е потребно за да работите додека патувате

Кабината на Transit Custom има многу функции кои се наменети да ви помогнат во вашиот работен ден. Доколку изберете двојно совозачко седиште, централното седиште е опремено со преклоплива масичка која е доволно голема за лаптоп. Вие исто така ќе имате корист од неверојатен волумен за складирање, нудејќи 93 литри простор, скриена преграда во инструмент таблата за вашиот мобилен телефон или MP3/iPod (вклучувајќи 12V приклучок), фиока која може да собере A4 папки и секако неколку држачи за шишиња и чаши.

Онолку забава колку што вие посакувате

Широк спектар од најновите инфо-забавни опции ви се достапни, вклучувајќи во највисокиот пакет: DAB радио, CD, USB приклучок, мулти-функционален екран, навигација за цела Европа, задна паркинг камера, Ford SYNC и софистицирано поставување на звучниците.

Брисачи кои автоматски се прилагодуваат на дождот

Брисачите со сензори за дожд се активираат во истиот момент кога ќе детектираат влага на вашето ветробранско стакло, потоа подесете го нивното темпо за да се справите со временските услови. Истотака може да изберете од шест нивоа на осетливост, со што ќе поставите на која количина на влага брисачите да се активираат. Брисачите со сензор за дожд се достапни како опција со автоматски предни светла.

Предни светла кои автоматски се вклучуваат кога ќе притребаат

Transit Custom е опремен со сензори кои детектираат светлина дури и кога се намалува, и тогаш автоматски се вклучуваат предните светла со што го намалуваат ризикот при возење за време на зајдисонце. Тие исто така се вклучуваат кога влегвате во тунел. Автоматските предни светла се достапни како опција со сензори за дожд.

Quickclear загревано ветробранско стакло

Само притиснете копче и вградените загревани елементи ќе го стопат мразот или снегот, за да немора вие да го гребете (достапно како опција).

Ford Easy-Fuel, за да неможе да го промашите горивото

Оваа карактеристика прави да е скоро невозможно да наточите погрешно гориво, поради тоа што погрешниот пиштол за точење нема да го собере. Плус со тоа што Ford Easy-Fuel е систем без капаче вие никогаш повеќе нема да бидете со валкани раце после точење гориво.

Надворешни електрично преклопливи ретровизори

Опционалните електрични надворешни ретровизори сами се преклопуваат со допир на копче со цел да се избегне несакана штета. Ти се и загревани за да имате јасен поглед наназад и при ниски температури. Тие исто така се и со странични индикатори.

Автоматско долго светло. Ви помага за подобра видливост без да им пречите на другите

Корисно при ноќно возење, системот за автоматско долго светло привремено ги спушта светлата доколку детектира дека се наближува возило од спротивната насока за да не им пречи. Потоа автоматски се активира повторно давајќи ви максимална видливост. Системот за автоматско долго светло е достапно како опција со системот за придржување во коловозна лента. *Мобилен телефон поддржан од SYNC Функцијата за текстуална порака не е достапна кај iPhone.

УДОБНОСТ И ПОГОДНОСТ

Паметен дизајн, осмислена внатрешност и врвна технологија се во комбинација да ви го направат работењето по комотно и по погодно како и повеќе поврзаност за возачот на Transit Custom.

Ford SYNC. Напредна хендс-фри технологија

Со гласовните команди на Ford SYNC може да ја контролирате вашата музика. Можете исто така да извршувате телефонски повици, без користење раце, користејќи едноставни гласовни команди. SYNC исто така ви овозможува да пуштате музика од USB или MP3/iPod, или да проследувате музика од вашиот мобилен користејќи ги истите едноставни гласовни команди. Се за да може константно да бидете со рацете на управувачот и пчите на патот. Уште една важна карактеристика е Emergency Assistance. Доколку вашиот телефон е поврзан со SYNC, оваа технологија може да го искористи да ви помогне да ги повикате итните служби доколку детектира дека сте имале сообраќајна несреќа

Сензори кои го одземаат стресот при паркирање

Опционалните паркинг сензори ви помагаат да процените колку слободен простор имате од позади и од напред. Кога ќе детектираат предмет, активираат звучен сигнал кој се засилува колку поблиску сте до предметот. Оваа опција е дизајнирана да ви помогне да се паркирате по самоуверено.

Полсено маневрирање навечер

Навечер, кога треба да свртите во тесен свиок, Transit Custom ви помага со новите свиочни светла (опција). Се активираат при брзини помали од 50км/ч, кога воланот е свртен или страничните трепкачи се активирани. Свиочното светло е позиционирано во горниот дел од предните светла и се вклучува автоматски да ја осветли адекватната страна од патот, да ви помогне по јасно да ја гледате. На тој начин може полесно да маневрирате.

Помалку заморни и по економични патувања

Темпоматот со подесивиот ограничувач на брзина ви помага да останете во предходно поставената брзина. Ова ќе ви заштеди гориво, намали шансата да ја прекорачите дозволената брзина и како секој темпомат, да ја оддржи брзината за вас за да немора цело време да мислите на неа.

ИСКОРИСТЛИВОСТ И ТРОШОЦИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ

Извонреден товарен простор и повеќе

Форд Транзит има високо заслужена репутација за способност и практичност. Потполно новиот Transit Custom е произведен со многу генијални и практични дизајнерски особини кои ќе ви помогнат да работите полесно и поефикасно – од исклучителниот товарен простор(и извонреден пристап до него) се до уникатен, интегриран багажник за на покрив. Идентично важно, возилото е дизајнирано за да ги задржи најниските можни трошоци за одржување, со сервисни интервали од 12500 километри или една година како и 5 години гаранција. Така Transit Custom не само што ќе ве поштеди од дополнителни обврски преку вашиот работен ден, туку и ќе ви заштеди значителни суми на пари на долг рок.

РАСПОРЕД НА ТОВАРОТ

Уникатен товарен простор

Transit Custom има уникатна карактеристика дизајнирана да го продолжи товарниот простор. Преграда со полна висина и ширина го дели товарниот дел од патничката кабина која исто така има средишен товарен ходник на нивото на подот. Ова ви овозможува товарна должина од 3 метри преку задните врати, се до просторот под двојните патнички седишта на комбето, дури и во верзијата со кратко меѓуоскино растојание. Оваа паметна карактеристика ви овозможува да чувате вредни материјали во внатрешноста на вашето возило, наместо видливо на покривот.

Интегриран багажник за на покрив ја подобрува погодноста, економијата и бучавата

Уникатен, иновативен багажник за покрив, се преклопува на исто ниво со покривот кога не се користи. Ве поштедува од непријатноста да го остранувате стандардниот багажник и ви дозволува да поминете под 2 метри висински забрани. Тој исто така ви помага да заштедите гориво, намалувајки го коефициентот на отпор на воздухот, и ја намалува бучавата од ветрот.

Извонреден товарен простор и пристап

Товарниот простор на Transit Custom е импресивен во сите три димензии: должина на товарот, ширина (од тркало до тркало) и искористлива висина во ентериерот. Како резултат на тоа, лесно може да пренесе стандардни штици со димензии 8x4 со лицето надолу или исправени, три евро палети и, благодарение на уникатниот товарен простор предмети долги и до 3 метри. Се на се комбето овозможува 6 метри кубни товарен простор со преграда- а тоа е само верзијата со кратко меѓуоскино растојание. Верзијата со долго меѓуоскино растојание нуди 6.8 метри кубни простор. Пристапот до товарниот простор е без конкуренција исто така, затоа што Transit Custom има најширока странична врата за внесување на товарот, исклучителна висина за отворање и најниската задна пристапна скала. Лизгачките врати исто така имаат нов механизам за проверка кој ги држи безбедно отворени при товарење.

Посебно дизајнирана заштита за вашиот товарен под

Опционален и лесен за чистење товарен под кој ве поштедува од поставување ваш сопствен покрив. Овој под го олеснува ставањето и вадењето на работи, го прави бришењето побрзо и полесно и ви помага да ја зачувате вредноста на вашето комбе.

Подобро осветлување за полесно и побезбедно товарање

Опционално супер јако, енергетски ефикасно ЛЕД осветлување во товарниот простор е непроценливо кога работите во темни услови. Тие се исто така едноставна, но практична иновација.

Попрактични и побезбедни ограничувања на товарот

Точки за врзување се вообичаено монтирани на подот. Но тие можат да бидат тешко достапни кога се обидувате да го фиксирате вашиот товар. Па така Transit Custom има точки за врзување поставени над подот на страничниот дел од товарниот простор. Ова го прави подот чист од препреки, го прави пристапот полесен, ги елиминара нечистите дамки и овозможува простор кој е нов и лесен за чистење . Додатни точки за врзување се спроведени во висина на половината и рамењата, вградени во структурата на возилото кои можат да поднесат импресивни 30 килограми товар.

ТРОШОЦИ ЗА ОДДРЖУВАЊЕ

Извонредни сервисни интервали

Напредниот Duratorq дизел мотор на Transit custom е исклучително економичен, траен и доверлив. Компонентите кои се предмет на вообичаеното трошење и абење исто така се дизајнирани да издржат подолго без одржување.

Мир со анти перфорирачка гаранција

Transit Custom е подржан од уверувачки долга 12 годишна анти перфорирачка гаранција.

Перформанси, економичност и управување како автомобил

Transit Custom е придвижуван од напреден дизел мотор, кој може да ви понуди перформанси и економичност во различни комбинации. За да се обезбеди моќ под хаубата како и изврсно управување, фордовите инжињери не беа поштедени од напор. Додека разновидните ECOnetic технологии обезбедуваат да потрошувачката е што поекономична, со минимални CO2 емисии. За максимална ефикасност, има широк спектар на ECOnetic модели со избор од кратко (L1) или долго (L2) меѓуоскино растојание со 2700кг, 2900кг или 3100кг бруто маса на возило.

МОЌ

Потполно новиот Transit Custom ви овозможува да изберете колку моќ ви треба и кое ниво на економичност. Може да бидете сигурни дека има комбинација која одлично ќе ги задоволи вашитебарања.

Моќен и ефикасен дизел мотор

Transit Custom доаѓа со напреден и економичен 2.2 Duratorq TDCi дизел мотор, со шест степен мануелен менувач и погон на предни тркала. Постојат три нивоа на моќност од кои може да изберете: 100 КС/310 Nm, 125 КС/350 Nm или 155 КС/385 Nm. За било која опција да се одлучите, вртежниот момент и испорака на вртежниот момент се подобрени, за возилото да ви понуди моќност во изобилство независно дали е товарено или не – дури и кога поаѓате. И, комбинирано со Ford ECOnetic технологиите, моторот ги спушта трошоците за поседување, го намалува влијанието врз животната околина и ги исполнува строгите Еуро Ниво 5 стандарди.

УПРАВУВАЊЕ

Transit Custom комбинира неверојатно возење, управување и прецизно ракување со извонредна стабилност и контрола независно од натовареноста. Всушност, нуди слично ниво на уживање како кај Ford автомобилите.

Контролирана забава со добро подесена шасија

Прецизно подесена шасија, значително зајакната кај предната и задната оска, носи одлични нивоа на стабилност и контрола. Бенефитот е зголемен, благодарејќи на оптимизираната ултра-крута структура на возилото.

Максимална тракција за поголема контрола

Контролата на векторот на моментот реагира на патот 100 пати во секунда. (33 пати побрзо одколку да трепнете) Користејќи ги овие информации, ја балансира количината на моќ испорачана до секое од двете предни тркала. Ова го максимизира држењето на патот и го заоштрува управувањето, помагајќи во секаков вид на свиоци.

ЕКОНОМИЧНОСТ

Transit Custom постигнува извонредна економичност. ECOnetic моделот испорачува ниски CO2 емисии дури до 162г/км*. Како и самиот економичен мотор, голем број на ECOnetic технологии се комбинираат за да се постигнат овие извонредни резултати.

Користете помалку гориво користејќи Ауто-Старт-Стоп

Кога вашето комбе е во мирување, како на семафор или додека чекате во редица, оваа опционална технологија автоматски го исклучува моторот (додека сеуште обезбедува струја за важните направи како климатизацијата и радиото) каде потоа повторно го уклучува во истиот момент кога ќе одлучите да појдете. Овој систем е екстремно ефективен доколку поголемиот дел од вашето возење се одвива во град, каде може да ја скрати потрошувачката до 10% (потрошувачката во град).

Паметен начин да се наполнат батериите

За разлика од конвенционалните системи, паметното регенеративно полнење ги полни батериите кога е потребно и кога е возможно, избегнува да ги полни додека ја притискате гас педалата. Ова може да помогне да додатно ја намалите потрошувачката и издувните гасови.

Контрола на забзувањето ќе ви помогне да возите поекономично

Оваа иновативна нова опција ја контролира стапката на заврзување на возилото прилагодено според тоа дали е товарено или делумно товарено. Како резултат може да очекувате да се намали потрошувачката до 15% зависно од вашиот стил на возење. Оваа технологија може исто така да помогне да се намали количината на абење и трошење на моторот, кочниците, пневматиците и други компоненти.

Индикатор за промена на брзина за поголема економичност

Индикатор на инструмент таблата ви кажува кога е потребно да се промени брзината за најдобра економичност. Едноставно но ефективно за да ви помогне секое патување да биде поекономично. * Наведените бројки се за ECOnetic модел со кратко меѓуоскино растојание опремен со ограничувач на брзината на 100 км/ч.

СИГУРНОСТ И БЕЗБЕДНОСТ

Нови нивоа на заштита

Потполно новиот Transit Custom поставува нови стандарди за комерцијално возило заштитувајки ги своите патници и пешаците. Впрочем, тоа е првото и едниствено возило во својот сегмент што некогаш го постигнало максимумот од 5 звезди за безбедност од Euro NCAP. Тоа е исто така првото комерцијално возило кое има добиено Euro NCAP Advanced награди за своите технологии. Тоа се две иновативни технологии: Предупредување за Држење Лента и Ford SYNC® со Emergency Assistance, кој може да ги повика службите за помош во случај на незгода.

ПОМОШ ЗА ВОЗАЧОТ

Emergency Assistance во сообраќајна несреќа

Во несакан случај на сообраќајна несреќа, наградуваната Фордова SYNC Emergency Assistance опција се активира преку отворање на воздушното перниче или при сопирање на дотокот на гориво од пумпата. Се додека вашиот мобилен телефон е поврзан со SYNC, технологијата може да го користи за директно да ги повика службите за итна помош, давајки им важни информации, како вашите GPS координати, и ви овозможува на вас да разговарате со нив. Emergency Assistance ја освои наградата за Најдобра Мобилна Иновација во Автомотивниот транспорт или алатка при Глобалните Награди за Мобилна телефонија 2012.

Додатна контрола при поаѓање на угорници

Системот за помош при тргнување во нагорнина привремено спречува да се вратите наназад кога поаѓате по угорница. Системот работи така што одржува притисок на системот за кочење до 3 секунди, давајки ви повеќе време и контрола додека го движите вашето стапало од кочницата до педалата за гас. Исто така системот е корисен кога застанувате или поаѓате на лизгави површини.

Напреден систем кој ќе ви помогне да останете во вашата лента

Ако оцени дека вие несакајки ја напуштате вашата лента, системот за Предупредување за држење на лента може преку вибрации во воланот и прикажувајки визуелно предупредување да ве извести за вашето напуштање од коловозната лента. (Можете да ги подесите вибрациите на едно од трите нивоа на осетливост).

Системот за Будност на возачот ве предупредува кога ке забележи дека сте уморни

Системот за Будност на возачот константно го набљудува вашето однесување во возењето и е дизајнирано да забележи било какви промени кои би можеле да бидат предизвикани од страна на замор. Ако детектира дека сте се помалку подвижни, икона за предупредување се појавува на дисплејот која ви сугерира дека треба да направите пауза. Форд доби престижна Euro NCAP Advanced Reward за оваа технологија.

Предупредување за итно сопирање

Системот за Предупредување за итно сопирање (EBL) автоматски ги вклучува сите трепкачи за да ги обавести останатите учесници во сообраќајот дека извршувате нагло сопирање.

БЕЗБЕДНОСТ НА ВОЗИЛОТО

Безбедност од 5 звезди за да ве заштитат

Потполно новиот Transit Custom е првото и единствено комбе во својот сегмент кое ја освои максималната оцена од 5 звезди од водечката организација за безбедност Euro NCAP.

ESP ви помага да останете под контрола без разлика на условите

Електронската програма за стабилност (ESP) константно го набљудува движењето на вашето комбе. Системот чувствува било какви девијации од вашата линија на движење, и при излизгување автоматски ја корегира вашата позиција на патот, помагајки ви да ја задржите контролата над возилото. Технологијата исто така помага да се намали патот на сопирање во критични ситуации.

Контролна опција која се прилагодува на вашиот товар

Приспособлива контрола на товарот (LAC) го прилагодува ESP системот според тоа дали вашиот Transit Custom e товарен или нетоварен. Ова обезбедува контрола и стабилност во сите услови на натовареност.

Континуирана заштита против превртување

Системот за Спречување на превртување (ROM) го набљудува Transit Custom и идентификува опасни услови за возење кои можат да предизвикаат превртување. Системот тогаш го активира ESP системот да интервенира, да ја контролира брзината и да ја поврати стабилноста.

Ја одржува вашата приколка безбедно во лента

Помош против нишање на приколката (TSA) детектира кога вашата приколка бега од својата траекторија и ја намалува брзината на Transit Custom за да го реши проблемот, правејки го влечењето по контролирано. Го забавува возилото со намалување на влечната сила на моторот и постепено зголемувајки го притисокот на кочниците на сите тркала.

Максимум држење на патот со минимален напор

Нашиот напреден систем за Контрола на влечењето (TCS) го елиминира непотребното вртење на тркалата во место и ви го дава најдоброто можно држење на патот, перформанси и стабилност, токму тогаш кога ви е најпотребно. Системот константно ја набљудува и ја прилагодува моќта која е испорачана до индивидуалните тркала на возилото обезбедувајќи максимален контакт и држење на патот кога забрзувате.

Побезбедно кочење, со товар или без

Тransit Custom ги комбинира анти-заклучувачки сопирачки (ABS) со системот за електронско пренасочување на сопирање (EBD), распоредувајќи го напорот при сопирање помеѓу предницата и задницата, зависно од тоа дали возилото е товарено или не. Резултатите се ефективно сопирање и стабилност при вртење, од особена важност кога сопирате во средина на свијок и подобрена и пократка патека на сопирање без разлика на условите.

Додатна моќ за итно сопирање

Системот за Помош при итно сопирање (EBA) му помага на Transit Custom да постигне максимум ефективност на сопирање во итна ситуација. Системот чувствува колку ја притискате сопирачката и автоматски го зголемува притисокот доколку е потребно. За и повеќе се скрати дистанцата на запирање, новиот заден хидраулички засилувач создава дополнителен притисок на задните сопирачки за време на ургентно запирање кога ABS системот е активиран.

Напреден airbag систем

Потполно новиот Transit Custom е достапен со воздушна завеса, возачки, патнички и странични воздушни перници и со подобрен систем на активација.

Максимална заштита со супер-јака надоврешна школка

Целосно новиот Transit Custom е првиот Transit со школка која содржи ултра високо јак челик од бор. Бор и други високи или ултра високо јаки видови на челик составуваат повеќе од 40% од школката вклучувајки делови на патничката безбедносна келија. Ова го прави екстремно лесен и отпорен на судири. Дизајнот на школката исто така е оптимизиран, користејки преку 4500 компјутерски симулации и 30 тестови на судар со вистински возила.

БЕЗБЕДНОСТ

Побезбеден далечински систем за централно заклучување

Transit Custom има далечински систем за централно заклучување како стандрад, Овој нов систем за заклучување е побезбеден од било кога. Тоа е затоа што вие можете да отворите една индивидуална врата без автоматски да ги отклучите другите. Другите врати остануваат безбедно заклучени, се додека не го активирате копчето на возачката врата. Впрочем вие може да го користите ова копче за да го контролирате закључувањето или отклучувањето на сите врати на возилото.

Брави против пробивање на вратите

Сите брави на вратите се заштитени со против пробивен штит дизајниран да спречи тие да бидат скршени со бушење или со пробивање.

Напредниот преклоплив клуч го прави централното заклучување два пати побезбедно

Нов напреден преклоплив клуч го прави Transit Custom двојно потежок за крадење, поради тоа што приемникот има два канала, што значи дека е буквално невозможно крадец да го скенира и ископира кључот. Овој неподесувачки клуч со повторно полнење е и водоотпорен за да ги поднесе стресовите на работната средина.

Целосно челична преграда ги држи крадците надвор

Со полна висина и должина, челична преграда ги спречува крадците да имаат пристап до вашиот товарен простор при провалување во кабината. Исто така има и безбедносна улога, заштитувајки ве од удар од вашиот товар или алат во случај на незгода.

Две високи нивоа на опции за аларм

Потполно новиот Transit Custom е достапен со опционален периметарски аларм систем, кој е активиран ако вратите или хаубата се насилно отворени. Пософистициран Thatcham Category 1 алармен систем е исто достапен. Овој систем автоматски се активира кога ќе го заклучите возилото и моќен алармирачки звук е емитуван ако насилно се влезе, возилото е подигнато или сензорите за движење забележат било какво движење внатре.

Додатен, независен помошен аларм

Додатен помошен звучен аларм е достапен кој доаѓа со Thatcham аларм опцијата. Ова ќе ја активира сирената кога алармот е активиран. Има своја батерија па така ќе се активира дури и ако некој го извади акумулатор.

ИЗГЛЕД И КАПАЦИТЕТ

Изберете ја правата изведба за вашиот бизнис

Потполно новиот Transit Custom е достапен во три изведби (Ван, Ван со двојна кабина и Комби), со две меѓуоскини растојание и палета на различни носивости од извонредниот волумен на товарен простор. Ова значи дека може да ја изберете совршената комбинација за вашиот бизнис. Исто така постои избор на различни внатрешни ентериери во изведбите, плус многу додатна опрема. За уште по специјализирани опции, може да ви понудиме широк спектар, од уникатни бои до различни системи за товарење. Дознајте повеќе за товарниот простор тука...

ВАН

Transit Custom Ван е функционален носач на товар, со полна висина, полна ширина на преграда (застаклена или незастаклена), која го одделува товарниот простор од кабината, и опцијата за две или три седишта напред. Може да изберете од една до две лизгачки врати и да изберете задни врати на отварање под агол или по висина.

Опции на меѓуоскино растојание

Кратко меѓуоскино растојание

(L1) Кратко меѓуоскино растојание (SWB): 2.93m (вкупна должина 4.97m)

Долго меѓуоскино растојание

(L2) Долго меѓуоскино растојание (LWB): 3.3m (вкупна должина 5.34m)

Опции на бруто маса на возило

Бруто масата на возилото (GVM) е максималната тежина на возилото кога е целосно товарено. Варира од 2500кг до 3325кг за да обезбеди 683кг до 1484кг носивост.

Висина на кров

Моментално достапно само со една висина, ransit Custom нуди 1406mm внатрешна висина на товар.

Маса на влечна приколка

Зависно од моторот и GVM, Transit Custom може да влече до два тона целосно оптоварен.

ВАН СО ДВОЈНА КАБИНА

Како и со Ван, може да изберете помеѓу две и три седишта во предниот ред. Додатно, Ван со двојна кабина ви нуди додатен ред со три фиксирани седишта, позади предниот ред. Потоа фиксирана застаклена преграда го дели вториот ред седишта од товарниот простор.

Опции на меѓуоскино растојание

Кратко меѓуоскино растојание

Долго меѓуоскино растојание

(L2) Долго меѓуоскино растојание (LWB): 3.3m (вкупна должина 5.34m)

Опции на бруто маса на возило

Бруто масата на возилото (GVM) е максималната тежина на возилото кога е целосно товарено. Варира од 2700кг до 3325кг за да обезбеди 776кг до 1305кг носивост.

Висина на кров

Моментално достапно само со една висина, ransit Custom нуди 1406mm внатрешна висина на товар.

Маса на влечна приколка

Зависно од моторот и GVM, Transit Custom може да влече до два тона целосно оптоварен.

КОМБИ

Transit Custom Комби нуди повеќе од 30 различни комбинации на поставување на седишта. Поседува флексибилен заден систем на седење каде седиштата може да се преклопат и постават заедно да за завземаат помалку простор. Ова е брз и лесен начин да се ослободи голем слободен простор; едноставно преклопете некое или сите од седиштата на задниот ред и поместете ги нанапред, додека не дојдат веднаш позади вториот ред. Доколку преферирате, седиштата може целосно да се отстранат, давајќи ви максимален товарен простор.

Опции на меѓуоскино растојание

Кратко меѓуоскино растојание

(L1) Кратко меѓуоскино растојание (SWB): 2.93m (вкупна должина 4.97m)

Долго меѓуоскино растојание

(L2) Долго меѓуоскино растојание (LWB): 3.3m (вкупна должина 5.34m)

Опции на бруто маса на возило

Бруто масата на возилото (GVM) е максималната тежина на возилото кога е целосно товарено. Варира од 3100кг до 3325кг за да обезбеди 913кг до 1112кг носивост.

Висина на кров

Моментално достапно само со една висина, ransit Custom нуди 1406mm внатрешна висина на товар.

Маса на влечна приколка

Зависно од моторот и GVM, Transit Custom може да влече до два тона целосно оптоварен.