Возење

The Ford Tourneo Connect е дизајниран за совршено да се вклопи во вашиот стил на живот. Секоја технологија, од системот за одржување на брзина( анг. Intelligent Speed Assist), до системот за одржување на коловозна лента ( анг. Lane Keeping System), се дизајнирани за да го направат вашето патување полесно и пријатно од кога било. Ford Tourneo Connect interior with Speed Assist

Помош за одржување на брзина

Системот за одржување на брзина ( анг. Intelligent Speed Assist) е дизајниран за да ви помогне да ја подобри вашата контрола на брзината, овозможувајќи да се концентрирате на патот. Прво, камерата за препознавање на сообраќајни знаци ја детектира моменталната дозволена брзина ( кога е активирана), потоа системот ја прилагодува вашата максимална брзина според ограничувањето на патот.

Светла кои автоматски се вклучуваат кога ви е потребно

Новите автоматски фарови вклучуваат моќни ксенонски ламби и впечатливи LED дневни светла. Вградениот сензор го детектира намалувањето на светлината или кога настанува неочекувана промена на светлосните услови.Ова ги активира автоматските фарови да се вклучат, што го прави возењето полесно и побезбедно ( опционално).

Паркирањето станува уште полесно

Активна помош при паркирање ( анг. Active Park Assist), системот ви помага при паралелно или нормално паркирање. Едноставно, притеснете едно копче и сензорите на овој иновативен систем ќе лоцираат соодветно место за паркирање додека возите. Потоа, автоматски ве управува додека вие ги контролирате сопирачките, забрзувањето и брзините (следи инструкции на екранот и аудио сигнали). Ви помага и при излегување од паркинг позицијата.

Ги гледа сообраќајните знаци кои Вие можеби ќе ги пропуштите

Без разлика дали сообраќајните знаци се поставени на страна од патот или над него, привремени или постојани, системот за препознавање на сообраќајни знаци (анг. Traffic Sign Recognition) може лесно да ги идентификува. На патниот компјутер се појавува икона со дозволената брзина и се менува секогаш кога ќе детектира нова дозволена брзина.

Напреден систем кој ви помага да останете во коловозна лента

Системот за детекција при напуштање на коловозна лента ( Lane Keeping System) користи камера со која детектира доколку несакано ја напуштите коловозната лента во која се движите. Потоа, ве предупредува со вибрација на воланот и визуелен приказ на патниот компјутер. Доколку не реагирате системот ќе Ве врати во лентата.

Полесно возење во рикверц

Задната камера покажува што и да е позади вас на екранот во централната конзола. Покрај предметите кои можете да не ги видите, системот покажува и виртуелни линии кои ви помагаат да се паркирате и во најтесниот простор. (Опција)

Помош за одржување растојание

Инструмент таблата содржи индикатор за растојание. Ова постојано го прикажува растојанието со возилото кое е пред вас и прикажува систем од икони во боја зависно од вашите подесувања. Индикаторот за растојание ве предупредува со црвен симбол доколку се приближите на возилото пред вас.

Технологија која го гледа она што вие не можете

Системот за детекција на возила во мртов агол ( анг. Blind Spot Information System) користи радар сензори кои можат да ги детектираат возилата кои се наоѓаат во мртва точка и не можете да ги видите. Поставени се на двете страни на вашиот Tourneo Connect и ве предуваат со жолто светло, јасно поставено на страничните ретровизори. (Опција)

Сензори кои го отстрануваат стресот при паркирање

Предните и задни паркинг сензори ви помагаат во одредувањето на растојанието меѓу вас со возилата и препреките пред и зад вас. Кога сензорите ќе детектираат објект, активираат визуелно и аудио предупредување кое станува поинтезивно како што се приближувате. (Опција)

Поголема контрола при тргнување на нагорнина

Системот за помош при тргнување на нагорнина (анг. Hill Start Assist) привремено ве стопира од движење наназад кога тргнувате на нагорнина. Работи на принцип на одржување притисок на системот за сопирање за дополнителни 2.5 секунди, при што ви дава повеќе време и контрола при тргнувањето. Од помош е и кога ќе застанете и тргнувате на лизгави патишта.

Бришачи кои автоматски се прилагодуваат на дождот

Сензорот за дожд се вклучува кога ќе детектира влага на шофершајбната, потоа ја прилагодува брзината на движење на брисачите зависно од временските услови. Можете да одберете од неколку нивоа на чувствителност кои детектираат колку влага ќе се собере на шофершајбната пред да се активираат брисачите.

Предупредувањето за возачот ве предупредува за замор

Системот за предупредување на возењето (анг. Driver Alert) постојано го следи вашето возење и е дизајниран за да детектира промени кои може да бидат предизвикани од замор. Ако системот идентификува дека сте помалку концентрирани, предупредувачки сигнал се појавува на инструмент таблата кој ви сугерира да направите пауза од возењето. Доколку не реагирате, сигналот станува поинтензивен и се комбинира со звук.

Ford SYNC итна помош

Важен дел од Ford SYNC е итната помош (анг. Emergency Assistance ). Во случај на незгода, кога воздушното перниче е отворено или пумпата за гориво е деактивирана, системот користи технологија со која преку Bluetooth® поврзување со телефонот воспоставува директен контакт со службата од итна помош. Можете да одберете дали да го прекинете повикот или да зборувате со нив. Најважно, системот може да даде обезбеди витални информации, како на пример GPS координати, доколку вие не сте во можност.

Удобност и Задоволство

Одличен за возење, одличен за патување и направен со исклучителни материјали со премиум завршетоци. Ford Tourneo Connect е релаксирачки, рафиниран и практичен. Напредните технологии во кабината вклучуваат SYNC 3 и полнење на безжичен уред за да се осигурате дека вашето возење е конектирано.

SYNC 3. За полесно без допир искуство

Ford SYNC 3 е напреден систем кој ви овозможува да останете поврзани и да го контролирате вашиот мобилен уред, музика и системот за навигација. Одберете меѓу гласовни команди или 6” колорен екран на допир за навигација. Сообрачајот во живо ви помага да го избегнете сообраќајниот метеж. Можете да одберете локални ресторани само со говорна команда “ Гладен сум” ( анг. “I’m hungry”).

Полнете го телефонот додека возите

Безжичното полнење е достапно за одредени телефони, што значи дека мобилниот телефон е секогаш достапен за користење. (Опција)

Клучот за поповрзан свет

За прв пат, Ford Tourneo Connect сега е достапен со FordPass Connect modem*, систем кој е дизајниран за да го направи секое ваше патување полесно и со поголемо уживање. Овозможува низа карактеристики, вклучувајќи Wi-Fi†† поврзување до 10 уред, за патниците да можат да ја вклучат својата омилена услуга за стриминг и да ги направат долгите патувања полесни и побрзо да поминат. Дополнително, со постојаните ажурирања на навигацијата, ќе пристигнете на дестинацијата порелаксирани и на време.

Превземете ја FordPass апликацијата за повеќе карактеристики

FordPass Connect станува помоќен кога е поврзан со вашиот мобилен уред преку FordPass апликацијата. Штом се конектирате, можете да користите низа иновативни функции, на пример да го лоцирате вашето возило кога не можете да се сетите каде сте го паркирале и да го отклучите и заклучите од далечина. Тоа ви овозможува двојно да проверите дали сте заклучиле или ќе ви овозможи да дозволите некој да има пристап кога сте на друго место. (Опција) Дополнително, доколку е со автоматски менувач, можете да го стартувате моторот па така возилото ќе биде стоплено и подготвено за патување. Исто така, можете да ја подесите навигацијата од дома со подесување на дестинацијата од вашиот мобилен до возилото.

Исчистете го ветробранското стакло, со Quickclear

Оваа интелигентна алатка е дизајнирана за да ви помогне да тргнете побрзо во замрзнатите утра. Само со притискање на едно копче и ултра тенките линии ја одмрзнуваат и одмлаглуваат шофершајбната како и придонесуваат за побрзо одмрзнување на брисачите на вашиот автомобил.

Стартување на копче

Tourneo Connect автоматски го детектира клучот иако е во вашиот џеб или чанта. Само притиснете го Старт копчето и моторот ќе се стартува. ( Стандард во Титаниум ниво на опрема)

Флексибилно седење

Без разлика колку е долго патувањето, удобните задни седишта нудат одличен комфор и поддршка за најмногу пет патници. Кога не се користат, задните седишта можат лесно да се преклопат и да се спуштат за уште поголем багажен простор.

Безгрижно споделување со My Key

MyKey ви овозможува да поставите максимална брзина, потсетник за ненаместен појас, па дури и јачината на звукот на аудио системот, покрај многуте други подесувања. Технологијата е дизајнирана за да ви овозможи без грижи да го позајмите вашиот автомобил на пријател или член на семејството, бидејќи можете да подесите ограничувања за дадениот клуч. Можете да го задржите “ админ” клучот па дури да имате и повеќе примероци од двата клуча.

Загревани седишта

Загревано предно седиште е достапно за возачот. A heated seat is available for the driver. За ваша удобност, има три подесувања на греење за да ја одржи топлината во студените денови.

Подесете ја идеалната темперетура за Вас и вашиот совозач

Со двозонската автоматска клима можете да подесите различна температура за вас и вашиот сопатник, системот ја одржува температурата со напредна климатизација. (Опција)

Панорамски покрив за посвеж воздух

Електронскиот панорамски покрив Ви е достапен со притискање на едно копче при што ви овозможува проток на природна светлина. Во исто време, соларното рефлективно стакло ве заштитува од штетните UV зраци. (Опција)

Ford Easy-Fuel, за безгрижно полнење

Речиси е невозможно да ставите погрешно гориво во вашиот автомобил бидејќи погрешната млазница едноставно нема да одговара. Ford Easy- Fuel е систем без затварач, па така веќе никогаш нема да морате да задржите валкано капаче.

Електрични преклопливи ретровизори

За да избегнете незгода, еликтричните преклопливи ретровизори се преклопуваат при заклучување на возилото (достапно во Titanium и ST-Line), воедно така ги штитат стилски вградените трепкачи. Исто така, ретровизорите се загревани што подразбира побрзо тргнување во замрзнатите утра. ( Опција)

Перфоманс и ефикасност

The Ford Tourneo Connect е достапен со повеќепати наградуваниот Ford EcoBoost бензински мотор, или надградениот EcoBlue дизел мотор. Двете опции нудат извондреден перфоманс и мала потрошувачка на гориво. Комбинирани со нашите нови, порафинираниот 6- степен менувач и 8- степениот автоматски менувач, ќе уживате во менувањето брзини без напор и полесните патувања.

1.5 engine

Нашите дизел мотори со 100кс и 120кс импресионираат со нивната рафинирана моќ и одлична ефикаснот. Во град или долги патувања на отворен пат, нивниот вртежен момент е непроценлив при угорнини и престигнување.

1.0 Ford EcoBoost турбо бензински мотор

Нова 8- степена автоматска трансмисија

Tourneo Connect е достапен со нов напреден автоматски менувач. Со подобрено забрзување, дизајниран е да го подобри вашето возење, да ја оптимизира ефикасноста на гориво и да ги зголеми перфомансите на автомобилот.

Заштедете гориво со Auto Start-Stop

Кога застанувате на семафори или кога вашето возило е во мирување, Auto Start Stop системот овозможува автоматско исклучување на моторот (додека сеуште обезбедува електрична енергија до основите, како на пример фарови, клима уред, и Ford Sync системот). Кога сте подготвени за тргнување, системот повторно се активира само со повторно пристикање на спојката и менувачот во прва брзина како и вообичаено, или притиснете го забрзувачот кај автоматски менувач. Auto Start-Stop е ефективен во градски услови каде што ја намалува потрошувачката на гориво до 10% (урбан).

Полнете ја батеријата поефикасно

За разлика од традиционалните системи, Smart Regenerative Charging ја полни батеријата само кога е потребно и можно, избегнувајќи додека го притискате забрзувачот за да избегне голема потрошувачка на гориво и да ја намали емисијата на штетни гасови.

Безбедност и сигурност

Ford Tourneo Connect e опремен со низа напредни технологии за безбедност, кои се создадени за да ве заштитат вас и вашите сопатници. Исто така, постојат и безбедносни системи кои се дизајнирани за да бидете сигурни дека вашето возило и вашите работи се добро заштитени.

Систем кој помага во заштита на пешаците

Системот за можен преден судир (анг. Pre-Collision Assist ) детектира возила и пешаци напред при што ве предупредува за нивното присуство. Доколку не реагирате навремено, системот автоматски сопира. Оваа технологија е дизајнирана за да помогне во намалувањето во штетата при сообраќајните незгоди, или целосно да гиизбегне, функционира на брзина до 80km/h.

Подобрена стабилност во тешки услови на возење

Електронската контрола на стабилност (анг. Electronic Stability Control) постојано го следи напредокот на вашето возило. Кога ќе почне да губи контрола автоматски применува пулс сопирање на индивидуалните тркала, помагајќи да се стабилизира. Користејќи на напредни сензори од системите за сопирање и заклучување и Traction Control го следи однесувањето на возилото.

Подобрен систем на воздушни перничиња

Tourneo Connect е достапен со воздушни завеси за возач, совозач и странични воздушни перничиња. Напредните сензори се позиционирани во важните точки на возилото за да обезбедат брз и контролиран одговор.

Одржување безбедно во линија