Перформанси и ефикасност

Со бројните нови Хибрид верзии кои се достапни, Комплетно Новата Ford Kuga нуди понов, почист и поекономичен начин на уживање при возењето на SUV.

Чиста. Тивка. Способна

Подеднакво прилагодена за полните градски улици и закривените регионални патови. Напредната Plug-In технологија комбинира електромотор на батерија со 2.5-литарски Duratec бензински мотор – овозможувајќи комбинирана Hybrid излезна сила од 225 коњски сили, следено со извонредна потрошувачка и емисија на CO2 од само 26g CO2/km (NEDC). Можноста за избор на четири режими на електрично возење, значи дека може да изберете дали ќе возите комплетно на електричниот мотор (EV Now), бензинскиот мотор (EV Later), преку комбинација на двата (EV Auto), или да го користите моторот да ја наполни батеријата на Hybrid додека возите (EV Charge). За секое возење да ви биде претворено во лесно, чисто, тивко и рафинирано.

Дополнителна помош за вашиот мотор

Кај новата Ford Kuga достапен е EcoBlue Hybrid дизел мотор како опција која комбинира мал електричен мотор со 48-волтна батерија за да се подобри ефикасноста. Ова е Mild-Hybrid електричен мотор, кој не може да се движи само на електрична енергија. Туку, електро моторот овозможува дополнителна поддршка на согорувачкиот мотор кога му е потребно, за да ја подобри потрошувачката како и да ја намали емисијата на издувни гасови. Нема потреба да се поврзе возилото се надворешно напојување на струја, бидејќи разделените 48-волтни батерии кои му даваат моќ на електро моторот се полнат додека возите.

Безгрижно полнење

Новата Kuga Plug-In Hybrid доаѓа со два стандардни кабли за полнење: еден за регуларно домашно полнење и друг за полнење на јавни станици со полначи. Кога возите, комбинација на регенеративно сопирање и моќ кои доаѓаат од моторот помагаат во дополнувањето на батеријата. Доколку треба да дополните во движење, можете лесно да употребите полнач од мрежата на јавни полначи која секојдневно расте.

Бескомпромисни перформанси

1.5-литарскиот Ford EcoBoost бензински мотор користи комбинација на директно вбризгување на гориво со турбо-полнач, заедно со технологија за деактивација на цилиндрите, за да обезбеди врвна моќ со извонредна потрошувачка. Достапен за избор со 120 КС и 150 КС, ќе можете да уживате во бескомпромисните перформанси кои би ги очекувале од конвенционален 1.5-литарски мотор, но со поекономична потрошувачка и помала емисија на CO2.

Заштедете на гориво со Авто-Старт-Стоп

Кога ќе застанете на семафор, вашето возило работи во место, оваа технологија може автоматски да го изгаси моторот, додека сеуште овозможува напојувачка моќ до основните елементи на возилото. Кога сте спремни да се движите, само притиснете на кумплугот и ставете во прва брзина нормално, или притиснете на педалата за гас на возило со автоматски менувач, и системот беспрекорно стартува. Авто-Старт-Стоп е посебно ефективно во град и градски улици, каде заштедата на потрошувачката може да биде до 10% (во градски услови).

Дополнителна поддршка за вашиот мотор

EcoBlue Хибрид дизел опцијата кај Kuga инкорпорира мал електромотор со 48-волтна батерија за да ја подобри ефикасноста на моторот. Електричниот мотор овозможува дополнителна поддршка за моторот кога тоа е потребно, помагајќи да се намали потрошувачката на гориво и емисијата на штетни гасови во споредба со не-хибридните како и дизел мотори. Нема потреба да се поврзе возилото со надворешен извор на енергија, бидејќи 48-волтната батерија се полни додека возите.

Попаметна дизел опција

Преферирате дизел? Ford Kuga ви нуди избор од 1.5 и 2.0 литарски EcoBlue мотори, инкорпорирајќи ја последната дизел технологија за да се подобри моќноста, вртежниот момент и економичноста, додека се намалува емисијата на штетни издувни гасови. Овозможувајќи импресивна моќност од 120 КС или 190 КС од дизел моторот кој ќе го изберете.

Брзо, рачно менување на брзини

6-брзинскиот мануелен менувач кај Kuga, има висок капацитет на вртежен момент и овозможува мазно, брзо и точно менување на брзините. За да се помогне во оптимизација на потрошувачката, индикаторот за промена на брзина во инструмент таблата ви кажува кога треба да промените брзина.

Беспрекорно менување на брзини

Кај моделите со автоматски менувач, постои Ротационен менувач на брзини(Rotary Gear Shift Dial) кој ви овозможува комплетна контрола на напредниот 8-степен менувач-овозможувајќи ви да ги менувате брзините со едноставно вртење на копчето за менувач. Замената на конвенционален менувач со автоматскиот отвара повеќе простор во внатрешноста и воедно ја по рафинирана во дизајн.

Скроти го секој терен

Мазни градски улици или карпест оff-road терен: каде и да возите, Kuga е направена да ја максимизира контролата. Одберете еден од петте достапни режими на возење, кои ги подесуваат перформансите на возилото перфектно на условите. Системот го менува забрзувањето, управувањето и осетливоста на суспензијата, додека исто така работи на тракцијата, стабилноста и системот за Ридска контрола, за да се обезбеди оптимална контрола во секоја ситуација. Одберете меѓу Normal, Sport, Slippery Deep Snow/Sand, или за максимална економичност Eco режим на возење. Клучните информации се прикажани преку дигиталната 12.3” инструмент табла, на која се менуваат боите согласно режимите на возење кои се селектирани.

Возачко искуство

Создадено да комбинира елегантен сил со цврсти SUV способности: Новата Ford Kuga со системите како интелигентниот адаптивен темпомат, погон на сите тркала и можноста за одбирање на режими на возење значи дека може да го адаптирате возачкото искуство на сите услови на патот.

Вашиот личен асистент за возење

Ford Co-Pilot 360 комбинира бројни технологии кои заедно, работат да го направат вашето возачко искуство по удобно и за уживање. Адаптивниот темпомат автоматски ја подесува брзината според возилото кое се движи пред вас. Системот може дури и да препознае знаци за брзина и да ја адаптира брзината на темпоматот според нив. Технлогијата за држење во лента може да ви овозможи асистенција при управување следејќи ги означените ленти на патот за да ве држи во средина на вашата лента.

Ти помага да останеш во лента

Системот за држење во лента користи предна камера за да детектира доколку не сакајќи се оддалечувате од вашата лента. Помошта за држење во лента ви овозможува нежна управувачка моќ при управувањето за да ве врати во вашата лента. Доколку воланот забележи дека ја допира линијата или работ на патот, Системот го вибрира воланот и ви покажува визуелно предупредување. Технологијата автоматски се деактивира на брзини под 64 km/h, или може да се исклучи рачно.

Ги забележува знаците на патот кои вие би ги пропуштиле

Доколку знаците се на страна од патот или над, трајно или привремено, системот за идентификација на знаци ќе ги идентификува. Ограничената брзина се појавува како икона и забранетото претркнување се прикажуваат на инструмент таблата, за да ве известуваат околу рестрикциите на патот.

Ви помага да гледате околу свиоците

Системот со адаптивни предни светла кај Kuga, ви овозможува извонредна видливост во различни услови. Овие примамливи за око LED предни светла користат камери да го надгледуваат патот пред вас и да го подесат снопот на светлина со оглед на различните ситуации, вклучувајќи вдлабнатини на патот или скршнувања пред вас. Не-блескачите долги светла го адаптираат аголот на светлосниот сноп за максимална илуминација и минимум блесок за да се заштитат оние кои возат спроти вас.

Лесно достапни битни информации

Head up – екранот прикажува клучни информации во вашето поле на видик, за да ги задржите очите на патот. Компатибилен со поларизирани очила за сонце, чистата и бистра слика покажува она што преферирате од информации – вклучувајќи брзина на движење, навигација, известувања од темпомат и податоци за препознавање на сообраќајни знаци.

Ви помага да гледате околу свиоците

Kuga е опремена со комплетен LED Quad проектор предни светла кои овозможуваат извонредно осветлување во повеќе услови. Овие убави на око LED предни светла користат камери за да го надгледуваат патот пред вас и да ги приспособуваат сноповите на светло по него. Предвидувачките светла за свиок користат маркери на лентите за да ги осветлуваат свиоците на патот пред да влезете во нив. Светлото базирано на знаци ги препознава доколку пристапувате на кружен свиок или СТОП знак и ги адаптира светлата да одговараат на патот. Не-заслепувачкиот сноп го адаптира аголот за максимална светлина. Додека предната камера помага системот да ги заштити другите возачи од блесокот.

Сензори кои го тргаат стресот при паркирање

Сензорите за паркинг ви помагаат да ја процените далечината меѓу вашето возило и пречките околу вас. Кога сензорите ќе детектираат предмет или објект тие активираат звучно предупредување кое се забрзува како се доближувате.

Екстра пар очи

Системот за откривање на слепа точка користи латерални сензори за да го открие возилото кое би можело да биде скриено во вашата слепа точка. Доколку друго возило се детектира, системот ве предупредува преку дискретно светло вградено во страничниот ретровизор. Сообраќајното предупредување работи заедно со системот за информација на слепа точка за да ја зголеми прегледноста кога излегувате во рикверц од паркинг и имате ограничена видливост. Системот ќе ги детектира возилата кои доаѓаат од страните и звучни ќе ве извести за нивното присуство.

Дополнителна помош при тргнување во нагорнина

Дополнителната помош при тргнување на нагорнина привремено го задржува возилото од одење наназад кога тргнувате на нагорнина. Системот работи со одржување на притисок во системот за сопирање за дополнителни 2-3 секунди, давајќи ви повеќе време и контрола додека ја менувате ногата од педалата за сопирачките до педалата за гас. Корисно е исто така кога сопирате и застанувате на лизгави подлоги.

Ви помага да се движите во правата насока

Предупредувањето за погрешен правец користи прена камера и информации од системот за навигација да открие дали возите спротивно од правецот во сообраќајот. Системот овозможува визуелни и аудио известувања доколку возите во погрешен правец, за да застанете и да преземете акција.

Удобност и задоволство

Од рафиниран ентериер со кожни завршетоци, до широк поглед овозможен од панорамскиот покрив- чувството на енергично движење циркулира низ секој дизајн на Новата Ford Kuga. Додека голем број на софистицирани технологии го помагаат и разубавуваат секое возење.

Манипулирајте ги системите на Вашиот автомобил без раце со SYNC 3

Ford SYNC 3 е систем кој ви овозможува да останете поврзани и да го контролирате вашиот мобилен телефон, музика и навигација само со говорна команда. Можете дури и да добиете листа на ресторани само кажувајќи “Гладен сум” ( анг. “I’m hungry” ), исто така, има опција да ги прочита вашите пораки. d-swipe gestures for intuitive navigation. SYNC 3 се поврзува со Apple CarPlay и Android Auto, и со AppLink, можете да пристапите до вашите омилени апликации на телефонот.

Отклучете свет на поврзаност

Новата Ford Kuga е сега достапна со вграден модем Ford Pass Connect, ви нуди цела низа на нови функции кои ги издигнуваат вашите патувања на повисоко ниво. 4G LTE Wi-Fi‡ е достапен за десет уреди, можете да подесите навигација од вашиот мобилен директно на навигацијата во автомобилот и постојано добивате ажурирања за тековниот сообраќај. Напредните далечински управувачи ви овозможуваат да ја надгледувате и контролирате вашата нова Ford Kuga од каде и да сте. Преку вашиот мобилен можете да го лоцирате вашето возило, да го отклучите и заклучите, дури и да го стартувате моторот од далечина за да го стоплите автомобилот во студените денови. Ако одберете Plug-in Hybrid, можете проверите статусот на полнење на вашето возило директно од вашиот мобилен телефон, да добивате известувања поврзани со EV и да ги разгледувате поставките за подесување.

Пристап до полнач преку вашиот мобилен

Доколку одберете Plug-in Hybrid, ви овозможивме да ја одржувате вашата Нова Ford Kuga постојано полна. Ford соработува со NewMotion, најголемата јавна мрежа во Европа. Ова партнерство ви овозможува пристап до низа дополнителни решенија за полнење преку вашиот мобилен телефон. Можете да ги лоцирате и да навигирате најблиските јавни места за полнење, дури можете да извршите плаќање од апликацијата.

Полнењето на Вашата Kuga

Полнењето на вашата Kuga Plug-In Hybrid од дома е многу лесно. Користејќи кутија прикачена на ѕидот (анг. wall box), батеријата на автомобилот може да биде наполнета за само 3.5 часа. Како алтернатива, може да користите надворешен приклучок со кабелот за полнење кој е обезбеден со возилото, за што се потребни 6 часа за комплетно полнење.

Веќе нема потреба да губите време барајќи ги клучевите

Електричното отварање на задната врата ви овозможува лесен пристап до багажниот простор кога не сте во можност рачно да отворите. Со вашиот KeyFree клуч во вашиот џеб или чанта, отварањето е едноставно со лесно движење со ногата под задниот браник, задната врата се отвара без да притиснете ниту едно копче. Исто така, може да отвори и затвори додека седите во автомобилот.

Вашиот свет се отвара

Уживајте повеќе во убавините на природата од удобноста на вашата Ford Kuga. Електрично управуван, двојниот панорамски покрив ви овозможува да се чувствувате вклопени со околината. Покривот се простира од предните до задните седишта при што го исполнува внатрешниот простор со многу светлина и чист воздух кога е отворен. Подвижното стакло има соларна рефлективна обвивка за да ја задржи свежината во кабината, додека завесата за сонце ви овозможува сенка кога ви е потребно.

Со овој систем, имате можност да се слушнете како мислите

Active Noise Control системот е дизајниран за да го исклучи секој несакан звук во кабината. Користи технологија слична на исклучувањето слушалки, детекција на микрофон и мерењето на специфични звуци. Потоа, системот креира нечуен “ бел звук” за да ги исклучи несаканите звуци и да ви обезбеди пријатно и спокојно возење.

Полнете го Вашиот телефон додека патувате

Ентериеот на Kuga е дизајниран за да ви обезбеди максимален простор и удобност. На пример, медија оставата во централната конзола е доволно голема и за најголемите паметни телефони. Дополнително, со безжичното полнење достапно за компатибилни телефони, уредите секогаш ќе ви бидат подготвени за употреба.

Дополнителна удобност

Загреваните седишта се достапни за возачот и совозачот. За поголема удобност, загреваниот волан на Ford Kuga ги загрева вашите раце во студените зимски утра.

Музика, како што треба да се слушне

Каков и да е вашиот вкус на музика, заслужува да се слушне како што уметникот замислил. Тоа е точно она што можете да го очекувате од новата Ford Kuga. Аудио системот со 10 звучници и 575-вати дизајниран и подесен од страна на специјалирани инженери за B&O. Па така, вклучете и уживајте со вашиот омилен бенд и песни како да сте во концертна сала која се наоѓа во кабината на вашиот автомобил.

Исчистете го ветробранското стакло, со Quickclear

Оваа интелигентна алатка е дизајнирана за да ви помогне да тргнете побрзо во замрзнатите утра. Само со притискање на едно копче и ултра тенките линии ја одмрзнуваат и одмлаглуваат шофершајбната како и придонесуваат за побрзо одмрзнување на брисачите на вашиот автомобил. Системот функционира за неколку секунди, иако температурата надвор е под нулата.

Паметен, удобен и заштедува простор

Електричната рачна сопирачка на Ford Kuga e едноставен додаток кој има изненадувачки предности. На пример, ви дава повеќе простор во кабината, полесна е за активирање и поретко ќе ги сервисирате сопирачките. За да ја активирате рачната сопирачка, се што треба да направите е да пристиснете едно копче во централната конзола.

Безбедност и сигурност

Од предупредување од можен удар, до паметни системи кои ви помагаат да одржите стабилност: вашата безбедност е наша грижа. Токму затоа, Новата Ford Kuga доаѓа со голем број на паметни технологии за асистенција при возењето во стандардна опрема, сите дизајнирани за да ви помогнат на Вас, Вашето семејство и другите учесници во сообраќајот да останете безбедни.

5- Ѕвезди за безбедност

Не сме само ние кои го кажуваме тоа. Не е изненадување за нас тоа што како доказ од извонредната способност да ве заштити Вас и вашите сопатници, Новата Ford Kuga доби 5 ѕвезди за безбедност од страна на Euro NCAP- водечката независна организација за безбедност во Европа. Нивната улога е да направат евалуација на безбедноста на сите возила држејќи ги на највисоко ниво на тестирање и преглед.

Систем кој ги заштитува пешаците

Системот за предупредување од можен преден судир ( анг. Pre-Collision Assist) со детекција за пешаци користи технологија со камера за да го скенира патот пред вас. Ве предупредува доколку детектира опасност од судир со возило, пешак или велосипедист. Доколку не реагирате навремено, системоt If you don’t respond in time, the system can automatically apply up to full braking force to help reduce the severity of, or even eliminate, some frontal collisions.

Го зголемува сопирањето во итни ситуации

Помош за сопирање итни случаи ( анг. Emergency Brake Assist) е дизајниран за да препознае итна ситуација за сопирање и да го оптимизира притисокот во сопирачкиот систем за да обезбеди максимална сила на кочење.

Ве одржува во контрола

Електронса контрола на стабилност ( анг. Electronic Stability Control) constantly monitors your vehicle’s progress. Using advanced sensors from the anti-lock braking and Traction Control Systems, it can detect when a vehicle is losing grip and automatically apply a braking pulse to individual wheels to help stabilise it.

Ги обезбедува децата

Ford Kuga е дизајнирана за да помогне во безбедноста и сигурноста на децата при секое патување. Доаѓа со задни ISOFIX приклучоци, со што лесно може да прикачите две детски седишта.

Употребливост

Рафиниран, современ изглед однадвор. Прилагодлив, разноврсен простор одвнатре. Новата Ford Kuga e совршено возило да ви помогне да го изнесете вашето внатрешно чувство на авантура. Ви нуди импресивна влечна сила од 2.100kg со 2.0 литарскиот дизел мотор, и 1.200kg со Plug-in Hyubrid. Со широкиот опсег на кровни додатоци, Ford Kuga е повеќе од способна да го носи вашиот викенд.

Флексибилна, подесива задна клупа

Динамичниот ентериер на новата Ford Kuga ви овозможува брзо да се прилагодите на секое патување. Потребен ви е поголем багажен простор за големо патување или преферирате луксузност со екстра простор кај нозете на задната клупа? Подвижните задни седишта се поместуваат напред-назад за да одговорат на вашите потреби, зголемувајќи го капацитетот на багажникот за 67 литри (вкупно 645 литри) кога се нанапред подесени- со тоа немате проблем да сместите се што ви е потребно.

Кровни носачи

Стилските алуминиумски или црните кровни носачи го нагласуваат SUV карактерот на новата Ford Kuga; додека во меѓувреме формираат база за монтирање на бројни кровни транспортни додатоци.

Пространа и практична

Шопинг патувањата и превезувањата до училиште направете да бидат лесна работа. Make easy work of shopping trips and school runs. Или зошто да не закачите неколку велосипеди и да се впуштите на авантура? Or why not throw a couple of bikes in the back and head out to explore? Флексибилната задна клупа на Ford Kuga и 1530 литри багажен простор ве уверуваат во просторот кој секогаш ви е достапен.

Сериозна влечна моќ

Од мала приколка до голем караван: со импресивниот капацитет за влечење од 2.100 kg , Новата Ford Kuga е повеќе From small trailer to sailboat or large caravan: with its impressive towing capacity of up to 2,100 kg†, Ford Kuga е повеќе од способна да го носи вашиот викенд. Опционално, електричната влечна кука може мануелно да се отстрани кога не ви е потребна. Се активира со допир на едно копче, повлекувањето е со брзо и лесно дејство. Во опција е и влечна кука која може да се отстрани.