ВОЗАЧКО ИСКУСТВО

Ford Puma има палета од иновативни карактеристики дизајнирани да го подобрат Вашето задоволство во возењето. Како режими на возење кои можат да се селектираат и Ford Co-Pilot360, импресивен сет на асистирачки технологии кои работат заедно да помогнат во менаџирање на забрзувањето, сопирањето и дури и управувањето. Комплетот техонологии вклучува Адаптивен темпомат, Асистенција пред судир, Евазивна асистенција при управување, сите овие гледаат на патот пред вас и ве предупредуваат за потенцијалните опасности.

Твојот личен возачки асистент

Ford Co-Pilot360 комбинира технологии кои заедно работат да го направат твоето возачко искуство по комфорно и да обезбедат уживање во возењето. На пример, Адаптивниот Темпомат автоматски ја адаптира брзината на движење базирано на возилото пред вас. Системот може да препознае знаци за ограничување на брзината и да ја контролира вашата брзина сразмерно.

Попаметен темпомат

Адаптивниот темпомат ја адаптира брзината на движење базирано на возилото пред вас. Едноставно внесете ја посакуваната брзина и растојание на кое би сакале да држите дистанца од возилото пред вас и Адаптивниот темпомат автоматски ќе го задржи растојанието доколку условите во сообраќајот не дозволуваат да се вози со посакуваната брзина од темпоматот.

По респонсивно управување во итни случаи

Асистенцијата при управување во итни случаи ви помага да свртувате околу застаните возила или по спори возила за да се избегне судир. Системот користи радар и камера и ги детектира возилата пред вас кои или споро се движат или се застанати, и ви овозможува помош при свртување да се избегне возилото пред вас доколку судирот е неизбежен. Технологијата се активира доколку нема доволно простор да се избегне судир преку сопирање и доколку преземете нагло сопирање.

Возни динамики скроени за тебе

Персонализирај го твоето возачко искуство преку избирачките режими на возење преку менување на одговорот на гаста, управувањето дури и однесувањето при менување на брзини за да одговараат на вашиот стил на возење. Постојат пет различни режими на возење вклучувајќи Normal, ECO, Sport, Slippery и Trail. Клучните информации се прикажани преку 12.3” дигитална инструмент табла каде што се менуваат тематски боите во согласност со режимот на возење кој сте го одбрале.

Го прави паркирањето лесно...

Столбови, велосипеди, ниски ѕидови... Задната камера ви покажува што е зад вас на екран вграден во централната конзола. Како и ви ги претставува објектите кои би можеле да не ги видите, системот прикажува виртуелни линии да ви помогне да го паркирате возилото во најмалите простори. Камерата се активира автоматски кога ќе ставите во рикверц.

...или само оставете Puma сама да паркира

Паркирање на прометна улица или во тесен простор може да биде незгодно. Но со Активната помош при паркирање, Ford Puma го прави тоа полесно од што би помислиле. Еднаш штом се активира, системот може да идентификува пожелно паркинг место, и потоа автоматски да ве паркира во него. Може да ве маневрира за да излезете од паркинг местото. Се што треба Вие да направите е да работите со гаста, сопирачките и брзините.

Ви помага да се движите во правата насока

Предупредувањето за погрешен правец користи прена камера и информации од системот за навигација да открие дали возите спротивно од правецот во сообраќајот. Системот овозможува визуелни и аудио известувања доколку возите во погрешен правец, за да застанете и да преземете акција.

Предни светла кои ви помагаат да гледате околу свиоците

LED предните светла кај Puma овозможуваат прецизен и интензивен сноп на силна светлина. Овие исто така вклучуваат уникатно дизајнирани LED дневни светла, како и статични светла за свиоци за да го осветлат аголот кога го вртите воланот над 30 степени.

Екстра пар очи

Системот за откривање на слепа точка користи Радарски сензори за да го открие возилото кое би можело да биде скриено во вашата слепа точка. Тие се обично поставени на секоја страна на вашата Puma и ве предупредуваат со портокалово светло, јасно прикажано на страна на страничниот ретровизор.

Внимава за возила кога возиш во рикверц

Известувањето за вкрстен сообраќај е дел од системот за информирање на мртва точка. Кога излегувате од паркинг простор во рикверц и имате ограничен видик на сообраќајот, известувањето за вкрстен сообраќај може да открие возила кои одат накај вас и звучно да ве извести. Технологијата приклучува светло на страничниот ретровизор (лев или десен во зависност од насоката на движење на сообраќајот).

Дополнителна помош при тргнување во нагорнина

Дополнителната помош при тргнување на нагорнина привремено го задржува возилото од одење наназад кога тргнувате на нагорнина. Системот работи со одржување на притисок во системот за сопирање за дополнителни 2-3 секунди, давајќи ви повеќе време и контрола додека ја менувате ногата од педалата за сопирачките до педалата за гас. Корисно е исто така кога сопирате и застанувате на лизгави поделоги.

Ви помага да гледате, без да ги заслепите другите

Корисна помош за ноќно возење, Автоматските долги светла привремено го спуштаат снопот кога ќе детектираат возило со кое се разминувате, за да не го заслепите возачот. Потоа автоматски го враќаат снопот повисоко, давајќи ви максимална видливост.

Сензори кои го тргаат стресот при паркирање

Сензорите за паркинг ви помагаат да ја процените далечината меѓу вашето возило и пречките околу вас. Кога сензорите ќе детектираат предмет или објект тие активираат звучно предупредување кое се забрзува како се доближувате.

Технологија која ви кажува кога станувате уморни

Возачкото известување константно го надгледува возачкото однесување и е дизајнирано да детектира измени кои би биле предизвикани од умор. Доколку системот оцени дека станувате помалку будни, предупредувачка икона се појавува на дисплејот која ви предлага да направите пауза. Доколку вашата возачка будност продолжи да опаѓа пораката се повторува со звук.

ЗАДОВОЛСТВО И УДОБНОСТ

Не само убава туку и паметна. Кабината на Ford Puma ве обвива со софистициран дизајн со украсни кожни елементи. Предните седишта вклучуваат лумбарна поддршка и масажер функција за дополнителна удобност. Светлите детали во ентериерот го надополнуваат чувството на софистициран дизајн, додека голем број на паметни карактеристики и иновативни технологии Ви овозможуваат целосна контрола. Од 12.3" дигитална инструмент табла, напреден 8" touchscreen display, до мноштво од дополнителни услуги и опции достапни преку SYNC 3 инфозабавниот систем и FordPass Connect модемот – секој елемент е дизајниран за Вашето возење да го направи што е можно попријатно.

Клучот за поповрзан свет

Ford Puma е достапна со FordPass Connect модемот*. Системот овозможува голем број на непроценливи придобивки, вклучувајќи и 4G LTE WiFi†† за најмногу десет уреди, како и ажурирање на тековниот сообраќај преку навигацијата во вашето возило. Во случај на незгода, FordPass Connect дури ќе воспоспостави конекција eCall** до итната служба давајќи им ја вашата локација.

Превземете ја FordPass апликацијата за уште повеќе опции

FordPass Connect станува уште помоќен откако ќе го поврзете со вашиот мобилен уред преку FordPass апликацијата. Откако ќе се поврзете, ќе отклучите голем број на иновативни нови функции.На пример, преку вашиот телефон можете да го лоцирате вашиот автомобил, да го отклучите и заклучите оддалечени од него. Можете да го следите нивото на гориво, километражата и притисокот во гумите, како и да добивате потсетувања за одржувањето на автомобилот директно на вашиот мобилен телефон. Исто така, можете да ја подесите навигацијата на возилото од дома испраќајќи дестинација директно од телефонот до вашиот автомобил.

ГИ ПРИКАЖУВА ВАШИТЕ ПРИОРИТЕТИ

Во фокусот на ентериерот во Ford Puma е новата дигитална инструмент табла. Овој паметен 12.3" LCD колорен дисплеј користи технологија на free-flow, дозволувајќи екранот да биде во форма на ликот на возилото за по беспрекорен тек на линијата на внатрешниот дизајн. Приказот е со висок квалитет и со икони кои се лесно препознатливи и лесни за толкување, покрај тоа се менува конфигурацијата и боите согласно одбраниот стил на возење. Можете да направите приоритет на информациите кои се прикажуваат, на пример навигациони предупредувања како и да ги подесите преферираните подесувањa на одредени возачи.

Возете хендс-фри со SYNC 3

Ford SYNC 3 е напреден систем кој ви овозможува да бидете поврзани и да ги контролирате вашиот телефон, музика и навигациониот систем со говорни команди. Можете дури и да добиете листа на ресторани само кажувајќи “Гладен сум” ( анг. “I’m hungry” ), исто така, има опција да ги прочита вашите пораки. Екранот на допир во боја препознава гестикулации како повелкување и штипкање за по интиутивна навигација. SYNC 3 се поврзува со Apple CarPlay и Android Auto, и со AppLink, можете да пристапите до вашите омилени апликации на телефонот.

Музика, како што треба да се слушне

Каков и да е вашиот вкус на музика, заслужува да се слушне како што уметникот замислил. Тоа е точно она што можете да го очекувате од новата Ford Puma. Зошто? Бидејќи сето тоа е ви е достапно со B&O. Аудио системот со премиум ниво од 575-вати е дизајниран и подесен од страна на специјалирани инженери за B&O. Оваа богата, моќна поставка со 10 звучници вклучува субвуфер кој е поставен во задната преграда, за притоа багажниот простор на Пума да не биде зафатен. Па така, вклучете и уживајте со вашиот омилен бенд и песни како да сте во концертна сала која се наоѓа во кабината на вашиот автомобил.

Седишта со лумбарна поддршка и масажа

Предните седишта на Ford Puma се опремени со лумбарна поддршка со масажа за дополнителна удобност. Активирајќи се само со едно копче, подесувањата за масажа во 3 правци ги опушта вашите уморни мускули- идеално за долги патувања.

Истурени пијалоци? Валкани шепи? Нема проблем.

Животот во град може да биде хаотичен. Истурени пијалоци; Нечистотија и кал лесно се внесуваат со влажни стапала. И вие не сте тие кои треба да се грижите за тоа вашиот автомобил да е без дамка. And you’re not one to get too hung up on how spotless your car is. Токму затоа креиравме нов дизајн на седиштата за Puma, комплетно се отстрануваат навлаките на предните седишта, се перат во машина, имаат вграден патент со што се лесно отстрануваат. Или, доколку ви треба промена можете да одберете нов дизајн од нашата палета.

Дозволете малку светлина

Ford Puma e достапна со целосен панорамски покрив. Тоа овозможува природна светлина, за да се создаде природен, светол и свеж ентериер во кабината. Првата половина е електрично подесива, која може да се повлече или поткрене, исто така, има завеса за сонце која целосно се подесува, ви дозволува проток на свеж воздух и притоа ве штити од сончевите зраци.

Седишта и управувач кои ве топлат

Загреваните предни седишта се достапни кај возачот и совозачот. За ваша поголема удобност, можете да одберете три различни подесувања за обете седишта. Опцијата за загревање на управувачот е дизајнирана за да ги затопли вашите раце во замрзнатите утра, студените денови, или замрзнувачки студените ноќи.

Сочувајте ги ретровизорите

За да избегнете незгода, еликтричните преклопливи ретровизори се преклопуваат при заклучување на возилото (достапно во Titanium и ST-Line), воедно така ги штитат стилски вградените трепкачи. Исто така, ретровизорите се загревани што подразбира побрзо тргнување во замрзнатите утра.

Заштита од несакани гребаници

Во тесните паркинг места многу е лесно да ги оштетите вратите при влегување и излегување. Но, отворете ја било која врата и се појавува заштитна вградена преграда за да ја заштити каросеријата од вратите на вашиот автомобил и на оние околу вас.

Сензор за дожд

Брисачите со сензор за дожд се активираат секогаш кога ќе има мали капки дожд на вашата шофершајбна, потоа го подесуваат движењето согласно интезитетот на дождовните капки или снег. Дури можете да го подесите нивото на сензитивност, односно да одберете кога да се вклучат, зависно од интезитот на врнежите.

Температура која ви годи

Со електронската автоматска контрола на температура, вие само подесувате која температура сакате постојано да се одржува во вашиот автомобил, потоа системот постојано ја одржува истата со напредна климатизација. Со новото тристепено подесување, можете да го контролирате ладењето и греењето во автомобилот.

Безгрижно споделување со MyKey

MyKey покрај многуте подесувања ви дозволува да поставите граница на максимална брзина, потсетник за појас, па дури и волуменот на аудио системот. Оваа технологија е дизајнирана да ви овозможи без грижи да го позајмите автомобилот на пријател или член од семејството бидејќи можете да подесите ограничувања на клучот. Можете да го задржите неограничениот клуч “ администратор” или да имате повеќе од истиот.

Без клуч-значи без грижи

Ford “KeyFree” системот ви овозможува да го отклучите и заклучите вашиот автомобил иако клучот е сеуште во вашата чанта, идеално за кога брзате или кога вашите раце се зафатени.

Стартување на копче

Puma автоматски го детектира клучот иако се наоѓа во вашата чанта. Само притиснете на Ford Power копчето за стартување и моторот е веднаш активен.

Исчистете го ветробранското стакло, со Quickclear

Оваа интелигентна алатка е дизајнирана за да ви помогне да тргнете побрзо во замрзнатите утра. Само со притискање на едно копче и ултра тенките линии ја одмрзнуваат и одмлаглуваат шофершајбната како и придонесуваат за побрзо одмрзнување на брисачите на вашиот автомобил.

ПЕРФОМАНСКИ И ЕФИКАСНОСТ

Новата ера на чисти електрични хибридни возила е тука, а новата Ford Puma ја отелотворува оваа насока.Нудејќи нови напредни размислувања, напредни EcoBoost хибридни бензински опции, Puma доаѓа со мотори кои нудат беспрекорен перформанс, пропратен со импресивна потрошувачка на гориво и значително мала емисија на CO2 споредбено со конвеционалните, не хибридни варијанти.

Што е Хибрид?

Хибридната EcoBoost технологија на Puma вклучува мал електричен мотор со батерија од 48 волти со цел да ја подобри ефикасноста. Овој благ хибриден погон не може да вози самостојно на електрична енергија, наместо тоа електричниот мотор обезбедува дополнителна поддршка на бензинскиот мотор кога е потребно и користи регенеративна сопирачка технологија за да ја наполни батеријата.

Наградуван перфоманс

Чисто не мора да подразбира компромис. 1.0 литарскиот EcoBoost бензински мотор е веќе шест пати наградуван на доделувањето на наградите за Интернационален Мотор на Годината. И не е ни чудно. Кај Puma e достапен со 125ks и 155ks во хибдридна опција Available on Puma with a choice of 125 PS or 155 PS hybrid options, ќе ги добиете сите безкомпромисни перфоманси кои ги очекувате од конвеционалниот 1.5- литарски мотор но со многу помала потрошувачка и намалена емисија на издувни гасови- правејќи го не само почист за животната средина туку и пријател за вашиот буџет.

Мануелен менувач- 6 степен

Мануелниот 6- степен менувач кај Puma e оптимизиран за да го олесни менувањето на брзини, тоа да биде попрецизно и побрзо. Специјално е дизајниран за подобрување на возните својства, како и за помала потрошувачка на гориво при што вашите патувања ќе бидат повозбудливи со помалку застанувања на бензинските станици.

Заштедете со Auto Start-Stop

Кога застанувате на семафори или кога вашето возило е во мирување, оваа технологија го исклучува моторот ( додека сеуште ги снабдува со енергија основните елементи како светлата, клима уредот , радиото и Ford Sync системот). Кога ќе бидете подготвени за тргнување, само притиснете на спојката (квачилото) и ставете во прва брзина или пак ослободете ја сопирачката кај автоматик при што системот веднаш се рестартира. Старт- Стоп системот е особено ефективен во градски услови каде што значително ја намалува потрошувачката.

БЕЗБЕДНОСТ И СИГУРНОСТ

Од предупредување за потенцијален судир, до паметни системи кои ви помагаат да одржите стабилност и правец: вашата безбедност е наша грижа. Токму затоа Ford Puma доаѓа со паметни технологии за помош, дизајнирани за да ви помогнатThat’s why the Ford Puma comes loaded with clever assistance technologies, all designed to help keep you, your family and other road users protected.

Систем кој ги заштитува пешаците

Асистенција за пред судир со детекција за пешаци ( анг. Pre-Collision Assist with Pedestrian Detection) користи технологија со камера која го скенира патот. uses camera technology to scan the road ahead. Доколку детектира ризик од судир со возило, пешак или велосипедист најнапред ќе ве предупреди на патниот компјутер. Ако не реагирате навремено, системот може автоматски да примени целосна сила на сопирање со цел да ја намали штетата од ударот или комплетно да спречи предни удари.

Го зголемува сопирањето во итни случаи

Системот за сопирање во итни случаи (анг. Emergency Brake Assist) е дизајниран за да препознае ситуација во која е потребно предвремено сопирање и го оптимизира притисокот во системот за да обезбеди максимална сопирачка енергија.

Предвремено предупредување за притисокот во гумите

Доколку една од гумите почнува да го намалува притисокот во текот на вашето патување, сензорот за следење на притисок во гумите ( анг. Tyre Pressure Monitoring System) ве предупредува со појавување на сигнал на патниот компјутер.

Ве одржува во контрола

Електронската контрола на стабилност (анг. Electronic Stability Control) постојано го следи погресот на вашиот автомобил. Користејќи напредни сензори од системот за сопирање и системот за контрола на пролизгување, може да препознае кога автомобилот ја губи контролата и автоматски да примени пулсирачко сопирање на поединечни тркала за да помогне во стабилизацијата.

Максимален зафат со минимален напор

Напредниот систем на контрола за влечење ( анг. Traction Control System- TCS) го елиминира прекумерното вртење на тркалото обезбедувајќи ви поголема стабилност и перфоманс кога тоа најмногу ви е потребно. Системот постојано ја следи и прилагодува силата која се пренесува на секое тркало обезбедувајќи максимум стабилност кога ја зголемувате брзината.

Воздушни перничиња кои ве штитат од сите страни

Покрај воздушните перничиња кај возач и совозач, страничните воздушни перничиња обезбедуваат заштита на градниот кош и дизајнирани се да го задржат патникот подалеку од ударот. They’re also able to raise the arm of the occupant providing better space between them and the intruding structure. Воздушните завеси обезбедуваат максимална заштита додека наслоните за глава ве штитат од повреда на вратот.

Безбедност за деца

Ford Puma e дизајнирана да ви помогне да ги заштитите и обезбедите малите деца на секое. Доаѓа со задни ISOFIX приклучоци со што лесно може да се вклопат две детски седишта.

Не го заборавајте вашиот сигурносен појас

Потсетникот за сигурносен појас на возач и совозач ве потсетува доколку заборавите да го приклучите појасот.

Аларм за дополнителна сигурност

Сигурносниот систем на Ford Puma од прва категорија вклучува аларм и двојно заклучување. Доколку активирате двојнозаклучување вратата нема да може да се отвори и од внатрешноста иако натрапникот го скрши страничниот прозор.

ФУНКЦИОНАЛНОСТ

Модерното живеење честопати бара инвентивно планирање на просторот. Со најдобриот во класата багажен простор, Ford Puma го истакнува тој начин на размислување. Покрај стилскиот изглед, Ford Puma е балансирана со промислена функционалност нудејќи голема разноликост со деталите на дизајнот.

Поим за уредност!

Багажниот простор на Ford Puma вклучува иновативен простор (анг. MegaBox ) под багажникот. Покрај тоа што обезбедува дополнителни 80 литри во багажот и можност за предмети со висина до 115 cm, MegaBox, исто така е воодтпорен што го прави лесен за чистење и претставува идеално место за водени чизми или каллива спортска опрема.

Сето место кое ви е потребно

Која опција и да ја одберете, Ford Puma ви го дава целиот багажен простор кој ви е потребен. Задната клупа е деллива 60/40 за да го максимизира просторот, можете да ја преклопите при што се израмнува со подот за да се добие поголем багажен простор.

Прилагодлива полица

Ford Puma содржи прилагодлива полица над багажниот простор која не е фиксирана за задната клупа, што подразбира поголем адаптивен простор за големи предмети.

Нема повеќе да губите време барајќи го клучот

Електричното отварање на задната врата го прави полесен пристапот до багажниот простор на Ford Puma. Додека е вашиот KeyFree клуч во вашата чанта или џеб, со мало движење на стапалото под задниот браник и задната врата се отвара без притиснете ниту едно копче. Може да се отвори и затвори додека сте во вашиот автомобил.

Треба да носите нешто повеќе?

Доколку имате потреба да преносувате поголеми и потешки предмети, на располагање секогаш Ви стојат кровни носачи или отстранлива кука за влечење.