Новиот Ford Focus со нов современ дизајн и технологии што го прават подобар од било кога.

Новиот и интуитивен екран на допир во боја од 33,5 центиментри (13,2 инчи) ја надополнува софистицираната технологија SYNC 4. Навигацијата која е поврзана со интернет и функцијата Ford Secure ви даваат беспрекорна поврзаност и пристап до високотехнолошки безбедносни карактеристики. Влезете во електрифицираниот свет на ефикасност и контрола со новиот EcoBoost Hybrid PowerShift автоматски менувач. За поголема флексибилност, новата „влажна област“ во караван верзијата на Focus ви овозможува безбедно да ја одделите влажната и сувата опрема. Направете избор од достапните изведби: Ford Focus Active со робусна практичност, Titanium со луксузен комфор, ST-Line со спортски стил или ST со возбудливи перформанси.

ПОВРЗАНА ТЕХНОЛОГИЈА

Со новиот Ford SYNC 4, останувате поврзани со светот околу вас. Вклучува екран на допир со висока резолуција од 33,5 сантиметри (13,2 инчи), навигација базирана на облак и напредна гласовна контрола со препознавање на природен јазик. Новиот Focus може да се поврзе и безжично со вашиот паметен телефон преку интерфејсот Android Auto Apple / Apple CarPlay, што го прави секое ново патување исклучително лесно и пријатно.

НОВ FOCUS ECOBOOST HYBRID

Новиот Focus EcoBoost Hybrid сега е достапен со вграден Powershift модул. Седумстепенскиот автоматски менувач со двојна спојка е прецизно дизајниран за поефикасно и поедноставно возење, дополнувајќи ги перформансите на електричниот хибриден мотор.