Возачко Искустсво

Transit Chassis Cab во себе носи напредни технологии дизајнирани да ви помогнат да работите попаметно и поефикасно. На пример Електронската помош при контрола на управувач се самоподесува на различните услови кои го прават управувањето лесно при ниски брзини и цврсто на повисоки брзини. Додека интелегентниот адаптивен темпомат помага долгите патувања на автопат да бидат помалку заморувачки и поекномични. Со одбирање на некој од режимите за возење, вклучувајќи Normal (Нормален), Slippery (Лизгав), Mud/Rut (Земјен), Tow/Haul (Влечење), и најновиот EcoMode, вие можете да скроите како вашиот Transit перфектно да одговори на задачата.

Попаметен темпомат

Адаптивниот темпомат ја адаптира брзината на движење базирано на возилото пред вас. Едноставно внесете ја посакуваната брзина и растојание на кое би сакале да држите дистанца од возилото пред вас и Адаптивниот темпомат автоматски ќе го задржи растојанието доколку условите во сообраќајот не дозволуваат да се вози со посакуваната брзина од темпоматот.

Напреден систем кој ќе ви помогне да останете во вашата лента

Ако оцени дека вие несакајки ја напуштате вашата лента, системот за Предупредување за држење на лента може преку вибрации во воланот и прикажувајки визуелно предупредување да ве извести за вашето напуштање од коловозната лента. Автоматски ќе се деактивира при брзини помали од 70 км/ч за да не ви пречи при градско возење а има и опција да мануелно се деактивира.

Одбери го режимот на возење за да одговара на условите

Со одбирање на режимите на возење, може да одберете како вашиот Transit Chassis Cab ќе се однесува на специфичен терен или пат. Изберете еден од режимите како Normal (Нормален), Slippery (Лизгав), Mud/Rut (Земјен), Tow/Haul (Влечење), и најновиот EcoMode и добијте максимална ефикасност.

Автоматски предни светла со LED дневни светла

Ефикасните Bi-Xenon предни светла прават сјајно природно светло со прецизен сноп. Тие исто може да детектираат кога надвор е темно и автоматски да се подесат на различните услови, за да се добие оптимално осветлување. Корисна помош при ноќно возење се Автоматските долги светла кои детектираат сообраќај или возило пред вас и привремено ги спуштаат светлата за да не им сметате на останатите возачи. Потоа автоматски се подигаат давајќи ви максимална видливост.

Електрична асистенција при управување која се вклучува во секоја ситуација

Електричната асистенција при управување овозможува различни износи на асистенција во зависност од брзината на возилото. Системот исто така ја подобрува економичноста користејќи ја силата од електромоторот, наместо да ја одзема од регуларниот мотор.

Доверба во променливи услови

Интелигентниот погон на сите тркала AWD може да открие каков зафат, баланс и ажурност е потребна на тркалата во влажни, суви или замрзнати услови на различен терен. Технологијата може да испрати сила на предната оска во зависност од потребата. Овој систем со “вртежен момент по потреба“ обезбедува извонредно управување и подобрена ефикасност.

Технологија која ви кажува кога станувате уморни

Возачкото известување константно го надгледува возачкото однесување и е дизајнирано да детектира измени кои би биле предизвикани од умор. Доколку системот оцени дека станувате помалку будни, предупредувачка икона се појавува на дисплејот која ви предлага да направите пауза. Доколку вашата возачка будност продолжи да опаѓа пораката се повторува со звук.

Известување за погрешен правец

Предупредувањето за погрешен правец користи прена камера и информации од системот за навигација да открие дали возите спротивно од правецот во сообраќајот. Системот овозможува визуелни и аудио известувања доколку возите во погрешен правец, за да застанете и да преземете акција.

Поопуштени и поекономични возења

Темпомат со подесувачки ограничувач на брзината ви помага да го поставите ограничувањето на брзината која ја посакувате. Вака заштедувате гориво и ја намалувате шансата да возите со превисока брзина, како и сите останати темпомати ви дозволува да маневрирате со педалата за гас.

Максимална контрола при свиоци

Контролата на вртежен момент реагира на патот 100 пати во секунда. (Тоа е за 33 пати побрзо од трепкање со око.) Користејќи ја оваа информација, ја балансира снагата која доаѓа до секое од предните две тркала. Ова го максимизира зафатот и го изострува управувањето, помагајќи да поминувате во свиоците и нерамнините на патот.

Дополнителна помош при тргнување во нагорнина

Дополнителната помош при тргнување на нагорнина привремено го задржува возилото од одење наназад кога тргнувате на нагорнина. Системот работи со одржување на притисок во системот за сопирање за дополнителни 2-3 секунди, давајќи ви повеќе време и контрола додека ја менувате ногата од педалата за сопирачките до педалата за гас. Корисно е исто така кога сопирате и застанувате на лизгави поделоги.

Странична стабилизација при силен ветер

Му помага на возачот да остане во лентата при силни, магловити услови користејќи ја електронската програма за стабилност кога ќе се открие дека возилото е под влијание на силен ветер.