Transit Van

Комплетно новиот Ford Transit е најголемото комбе во палетата. Со широк избор меѓуоскини растојанија, стилови на кабини, висини на покривот, мотори и многу повеќе ви овозможува долга палета на опции кои можете да ги одберете за вашето возило. Накратко, именувајте го вашиот бизнис, направете листа на вашите и потреби, и ќе наидете на Transit направен со причина точно за вашите потреби. Долга листа на најсовремени технологии вклучувајќи Ford SYNC со Итна Помош, Адаптивен Темпомат и Контрола при Свиоци. Сите се тука да го олеснат животот и многу од овие системи работат автоматски, оставајќи ве слободни да се концентрирате на поважни работи. Други технологии, како што е Паметно Регенеративно Полнење, исто така помага да се направат новите моќни мотори на Transit уште по потрошувачко-ефикасни. Како и за товарниот простр, колку ви треба? Новиот Transit има огромна максимално товарна површина до 15.1m3 и флексибилност да складирате предмети до 4.2m долги (со стандардна предрага на место). Исто така има максимална тежина на влечно возило до 3.5 T. И што и да носите, ултра цврстите брави и софистицираните аларми ќе го заштитат вашиот товар и вашето возило. Дознајте повеќе за Новиот Transi и откријте го неговиот: дизајн, возачко искуство, трошоци за користење,перформанис и ефикасност, безбедност и сигурност, каросерии и капацитет, и модели.

Дизајниран со причина

Секој милиметар од Новиот Transit е направен за да ви помогне да го водите вашиот бизнис ефективно, продуктивно и ефикасни трошоци. Комбето е поспособно, цврсто и по издржливо повеќе од било кога. Додека надворешниот дизајн остава впечатлив и современ имиџ, модерната слика и профил го прават возилото повеќе аеродинамично, и со подобрена потрошувачка ефикасност. Внатрешноста е стилска, комфорна налик на автомобил. Но ова е Transit, така што е практичен и направен да трае.

ВОЗАЧКО ИСКУСТВО

Останете поврзани во движење

Урбани улици, автопати, градски и селски патишта... Новиот Transit ќе ве чува комфорни и поврзани каде и да ве одведе работата. Палета од иновативни технологии го прави возењето и паркирањето полесно. И во вашата добро опремена, исполнета кабина можете да користите говорни команди да воспоставувате повици додека сте во движење. Додека ги држите рацете на воланот и очите на патот, можете да работите во движење.

ВОЗАЧКА ТЕХНОЛОГИЈА

Ford SYNC. Напредна хенд-фри технологија

Со гласовните команди на Ford SYNC може да ја контролирате вашата музика. Можете исто така да извршувате телефонски повици, без користење раце, користејќи едноставни гласовни команди. На пример ако “дома“ ви е во листатата на контакти на вашиот телефон. Само треба да кажете “Јави се Дома“ и системот автоматски ќе го заврти тој број. Може да користите говорни команди да пуштате песни од USB или MP3/iPod® исто така, или кога сте поврзани и пуштате музика од Bluetooth®-компатибилен телефон. Системот исто така може да ги чита вашите говорни пораки гласно.**

Помалку заморни и по економични патувања

Темпоматот со подесивиот ограничувач на брзина ви помага да останете во предходно поставената брзина. Преку копчињата на воланот исто така можете да ја подесувате брзината додека возите. Во продолжение , Подесивиот Ограничувач на брзината ви помага да возите во брзина која претходно сте ја одбрале Ова ќе ви заштеди гориво, намали шансата да ја прекорачите дозволената брзина и како секој темпомат, да ја оддржи брзината за вас за да немора цело време да мислите на неа.

Полесно движење во рикверц со задна паркинг камера

Столбови, канти, ниски зидови... задната паркинг камера ќе ви покаже се што е позади вас на екранот вграден во внатрешниот ретровизор и се вклучува кога ќе го поставите менувачот во рикверц. Не само што ќе ви помогне да ги видите работите кои инаку би ги пропуштиле, туки и ќе ви помогне да се паркирате преку прикажување виртуелни линии кои ќе ве водат до финалната паркинг позиција.

Сензори кои го одземаат стресот при паркирање

Опционалните паркинг сензори ви помагаат да процените колку слободен простор имате од позади и од напред. Кога ќе детектираат предмет, активираат звучен сигнал кој се засилува колку поблиску сте до предметот.

КОМФОРТ И УДОБНОСТ

Како за обезбедување максимална корисност, новиот Transit е созададен да го направи вашиот професионален живот полесен. Возилото инкорпорира широк спектар на генијални опции и технологии, и штом ќе ги искусите, ќе се запрашате како сте можеле без нив.

Нови, покомотни предни седишта

Возачкото седиште е целосно прилагодливо, заедно со воланот, за да може да ја пронајдете идеалната возачка позиција. Има вгаден потпирач за рака и прилагодлива лумбарна поддршка како и загревани седишта кои се опција. Всушност, додека седиштата ви нудат издржливост која се очекува од комерцијално возило, тие истотака ви нудат комотитет кој може да го најдете во автомобил.

Се што ви е подребно да работите додека патувате

Кабината на Transit Custom има многу функции кои се наменети да ви помогнат во вашиот работен ден. Доколку изберете двојно совозачко седиште, централното седиште е опремено со преклоплива масичка која е доволно голема за лаптоп. Вие исто така ќе имате корист од неверојатен волумен за складирање, нудејќи 93 литри простор, скриена преграда во инструмент таблата за вашиот мобилен телефон или MP3/iPod (вклучувајќи 12V приклучок), фиока која може да собере A4 папки и секако неколку држачи за шишиња и чаши.

Систем кој ве забавува и информира

Широк спектар на напредни технологии и автомобилски опции за забавување и информирање вклучувајќи аудио/визуелен систем со DAB радио, CD плејер, USB приклучок, премиум звучници, мулти функционален дисплеј, навигација за цела Европа и Ford SYNC. Забелешка, Сателитската нНавигација ќе биде достапна од Септември 2014.

Странични ретровизори кои се заштитуваат сами себе

Лесно е да ги оштети страничните ретровизори кога возите и поминувате во тесни простори, или паркирате во тесни улички. Опционалните електричхо преклопливи ретровизори помагаат да се изнегнат овие моменти со внатрешно преклопување со стискање на едно копче. Бидејќи се загревани, можете да тргнете побрзо и побезбедно во оние студени и замрзнати утра.

Брисачи кои автоматски се прилагодуваат на дождот

Лесно е да ги оштети страничните ретровизори кога возите и поминувате во тесни простори, или паркирате во тесни улички. Опционалните електричхо преклопливи ретровизори помагаат да се изнегнат овие моменти со внатрешно преклопување со стискање на едно копче. Бидејќи се загревани, можете да тргнете побрзо и побезбедно во оние студени и замрзнати утра.Брисачите со сензори за дожд се активираат во истиот момент кога ќе детектираат влага на вашето ветробранско стакло, потоа подесете го нивното темпо за да се справите со временските услови. Истотака може да изберете од шест нивоа на осетливост, со што ќе поставите на која количина на влага брисачите да се активираат. Брисачите со сензор за дожд се достапни како опција со автоматски предни светла.

Предни светла кои автоматски се вклучуваат кога ќе притребаат

Новиот Transit е опремен со сензори кои детектираат светлина дури и кога се намалува, и тогаш автоматски се вклучуваат предните светла со што го намалуваат ризикот при возење за време на зајдисонце. Тие исто така се вклучуваат кога влегвате во тунел. Автоматските предни светла се достапни како опција со сензори за дожд.

Заштитен товарен простор кој е лесен за чистење

Издржлив товарен под поставен како стандард. Овој под не само што го заштитува подот на комбето туку помага и да се намали бучавата при возење. Бидејќи овој под е подигнат на краевите за 100mm е елсен за чистење, вакумирање и миење.

Ford Easy-Fuel, за да неможе да го промашите горивото

Оваа карактеристика прави да е скоро невозможно да наточите погрешно гориво, поради тоа што погрешниот пиштол за точење нема да го собере. Плус со тоа што Ford Easy-Fuel е систем без капаче вие никогаш повеќе нема да бидете со валкани раце после точење гориво.

Подесив волан кој ќе ви одговара токму вас

Помагајќи да најдете идеалната најкомфорна позиција за возење, воланот се поставува на дофат и висина.

Quickclear загревано ветробранско стакло

Само притиснете копче и вградените загревани елементи ќе го стопат мразот или снегот, за да немора вие да го гребете (достапно како опција).

ИСКОРИСТЛИВОСТ И ТРОШОЦИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ

Новиот Transit ја има стекнато својата репутација преку способност и флексибилност. Независно која основа, висина на кров или стил на кабина ја одберете ќе ви биде загарантирано широк товарен простор и голема должина за товарање. Товарниот простор е дизајниран за да ви го максимизира капацитетот за товарање. Како резултат има простор за до 4 еуро палети и дури 5 еуро палети кај L4 (Jumbo) моделите. Страничните и задните врати се дизајнирани за лесно да може да го натоварите и растоварите Вашиот Transit. Додека економичноста и малите трошоци за одржување може да му заштедат пари на вашиот бизнис.

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ТОВАРЕН ПРОСТОР

Ефикасно искористен простор

Товарниот простор кај новиот Transit е подобар и полесен за користење него предходно. Аглите на страничните ѕидови се преправени за да исправени нагоре и кровот е поткренат за да го зголеми товарниот простор. Сите комбиња се 300мм подолги за да обезбеди товарен простор за цевки, талпи, килими, скали и тн.

Повеќе простор за долг товар

Вашиот Transit ќе собере долг товар кој во спротивно би требало да го пренесувате на кровни носачи. Transit има зголемена должина за товарање така да зависно од избраниот модел може да изберете помеѓу верзии од: 3.04м, 3.49м и 4.21м должина на под со целосно челична преграда.

Скаличка за лесен пристап во товарниот простор

Широка, ригидна скала е интегрирана во задниот браник за лесен пристап во товарниот простор.

Фиксирајте го вашиот товар за да биде побезбеден

Фиксирачки точки позиционирани лоцирани на страничните ѕидови дозволуваат да подот биде рамен и без препреки додека ги исполнуваат DIN и ISO стандардите, како и челичната преграда која доагја како стандардна опрема.

Осветлен товарен простор за лесно товарење

Напредните лампи со висок интензитет лоцирани во товарниот простор доаѓаат како стандардна опрема. Постои опција да одберете уште поквалитетни LED лампи доколку ви е потребно.

Цврсти странични врати, но лесни за ракување

Кога имате волку товарен простор на располагање страничните врати се витални и поради тоа што често се користат целиот механизам е направен да ја зголеми практичноста и издржливоста. Вратите се опремени со специјални рачки за отворање и затворање за лесно отворање/затворање како и аларм доколку вратата не е затворена целосно или не е заклучена.

Задни врати кои широко се отвараат

Цврсти задни врати кои се целосно изолирани за да се намали бучавата, направи затворањето по безбедно и спречи вода да навлезе во товарниот простор. Зависно од моделот, додатни шарки може да бидат отворени од страна на возилото за да вратите се заклучат при 90 степени отвореност, кои шарки потоа се складираат во вратата кога нема потреба за нив. Катадиоптери се лоцирани на внатрешните страни од вратите за да бидат видливи за другите учесници во сообраќајот кога се отворени.

ТРОШОЦИ ЗА ПОДЕСУВАЊЕ

Сервисни интервали кои ќе ви овозможат да останете подолго на пат

Секој дел и компонента кај Transit е направена да ја максимизира издржливоста за да може да изминете повеќе без потреба за сервис. Притоа сервисните интервали се поставени на 12,500 км или 1 година.

Долга анти-перфорирачка гаранција за додатна сигурност

Како мерка за квалитетот на возилото, Transit доаѓа со 12-годишна анти-перфорира.

Подобрена влечна моќност и економичност

Палета од нови 2.2 литарски TDCi дизел мотори со 6-степен менувач испорачуваат високи нивоа на моќ и вртежен момент со извонредно ниска потрошувачка. Комбинирано со технологии кој вклучуваат паметно регенеративно полнење, контрола на забрзување и ауто-старт-стоп, Transit е дизајниран да ви заштеди гориво, ги намали трошоците за поседување и максимизира повратокот на вашата вредна инвестиција.

МОЌ

Најнова генерација на моќни и економични дизел мотори

Transit е придвижуван од страна на три, напредни 2.2 литарски TDCi мотори. Преку 6-степен менувач, со погон на предни тркала, овие нови агрегати испорачуваат 100, 125 или 155 коњски сили и до 385Nm вртежен момент за максимална влечна моќност и помалку менување брзини. Генијалното инженерство резултира во неприкосновена економичност, ниски емисии и брзо, ефикасно постигнување на работна температура при најладните услови.

ЕКОНОМИЧНОСТ

Паметен и ефикасен начин да се наполни акумулаторот

Often, people mistakenly add diesel to their petrol tank – or vice versa. It’s easily done – but not in a Ford Focus. Ford Easy Fuel is a capless refuelling system with a mis-fuelling inhibitor that can tell the difference between the fuel pump nozzles used for petrol and diesel.

Користете помалку гориво користејќи Ауто-Старт-Стоп

Кога вашето комбе е во мирување, како на семафор или додека чекате во редица, оваа опционална технологија автоматски го исклучува моторот (додека сеуште обезбедува струја за важните направи како климатизацијата и радиото) каде потоа повторно го уклучува во истиот момент кога ќе одлучите да појдете. Овој систем е екстремно ефективен доколку поголемиот дел од вашето возење се одвива во град, каде може да ја скрати потрошувачката до 10% (потрошувачката во град).

Паметен инфо систем кој ви помага да возите поекономично

Иновативниот Ford Eco Mode систем постојано го проценува вашето возење и ефектот кој го има врз потрошувачката на гориво. Системот ја анализира вашата брзина, менување на брзини, сопирање и предвидување на сопирање како и бројот на кратки и долги релации на патување. Потоа, паметниот софтвер ве советува како да ја подобрите економичноста.

Подобрена економичност намалени емисии

Одберете “ECOnetic” модел и ќе добиете 7% подолги брзини кај менувачот што значи подолго во една брзина. Исто така ќе имате бенефит од подобрена економичност и намалени емисии, дури до 169g CO2/KM.

Контрола на забрзувањето ќе ви помогне да возите поекономично

Оваа иновативна нова опција ја контролира стапката на заврзување на возилото прилагодено според тоа дали е товарено или делумно товарено. Како резултат може да очекувате да се намали потрошувачката до 15% зависно од вашиот стил на возење. Оваа технологија може исто така да помогне да се намали количината на абење и трошење на моторот, кочниците, пневматиците и други компоненти.

Индикатор за промена на брзина за поголема економичност

Индикатор на инструмент таблата ви кажува кога е потребно да се промени брзината за најдобра економичност. Едноставно но ефективно за да ви помогне секое патување да биде поекономично.

УПРАВУВАЊЕ

Со помалку напов во секој свиок

Кругот на вртење кај L2 Transit Van е само 11.9 метри (11.4м кај L1 Chassis Cab). Па дури и подолгите модели се многу подвижни и лесни за управување, особено со напредниот серво управувач.

Сериозно безбеден и сигурен

Од помош при поаѓање во угорнина до систем кој може да ги повика итните служби за вас при случај на незгода: Transit е опремен со долга листа на технологии кои ќе ви го олеснат животот. Возилото исто така вклучува широка палета на системи кои ве чуваат вас и вашето комбе од било која несакана евентуалност па дури и од нај упорните крадци.

ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ

Emergency Assistance во сообраќајна несреќа

Во несакан случај на сообраќајна несреќа, наградуваната Фордова SYNC Emergency Assistance опција се активира преку отворање на воздушното перниче или при сопирање на дотокот на гориво од пумпата. Се додека вашиот мобилен телефон е поврзан со SYNC, технологијата може да го користи за директно да ги повика службите за итна помош, давајки им важни информации, како вашите GPS координати, и ви овозможува на вас да разговарате со нив.

Напреден систем кој ќе ви помогне да останете во вашата лента

Ако оцени дека вие несакајки ја напуштате вашата лента, системот за Предупредување за држење на лента може преку вибрации во воланот и прикажувајки визуелно предупредување да ве извести за вашето напуштање од коловозната лента. Автоматски ќе се деактивира при брзини помали од 70 км/ч за да не ви пречи при градско возење а има и опција да мануелно се деактивира.

Системот за будност на возачот ве предупредува кога ќе забележи дека сте уморни

Системот за Будност на возачот константно го набљудува вашето однесување во возењето и е дизајнирано да забележи било какви промени кои би можеле да бидат предизвикани од страна на замор. Ако детектира дека сте се помалку подвижни, икона за предупредување се појавува на дисплејот која ви сугерира дека треба да направите пауза. Форд доби престижна Euro NCAP Advanced Reward за оваа технологија.

Светла кои се вртат кога и вие се вртите

Системот за Будност на возачот константно го набљудува вашето однесување во возењето и е дизајнирано да забележи било какви промени кои би можеле да бидат предизвикани од страна на замор. Ако детектира дека сте се помалку подвижни, икона за предупредување се појавува на дисплејот која ви сугерира дека треба да направите пауза. Форд доби престижна Euro NCAP Advanced Reward за оваа технологија.

Додатна контрола при поаѓање на угорници

Доколку го активирате страничниот индикатор за вртење или при паркирање оваа карактеристика ќе го направи процесот побезбеден. Предните светла ја осветлуваат страната на која сакате да свртите за да имате подобрена видливост при вртењето.

ESC ви помага да останете под контрола без разлика на условите

Системот за помош при тргнување во нагорнина привремено спречува да се вратите наназад кога поаѓате по угорница. Системот работи така што одржува притисок на системот за кочење до 3 секунди, давајки ви повеќе време и контрола додека го движите вашето стапало од кочницата до педалата за гас. Исто така системот е корисен кога застанувате или поаѓате на лизгави површини.

БЕЗБЕДНОСТ

Ја одржува вашата приколка безбедно во лента

Контрола против нишање на приколката (TSC) детектира кога вашата приколка бега од својата траекторија и ја намалува брзината на Transit за да го реши проблемот, правејки го влечењето по контролирано. Го забавува возилото со намалување на влечната сила на моторот и постепено зголемувајки го притисокот на кочниците на сите тркала.

Предупредување за итно сопирање

Системот за Предупредување за итно сопирање (EBL) автоматски ги вклучува сите трепкачи за да ги обавести останатите учесници во сообраќајот дека извршувате нагло сопирање.

Додатна моќ за итно сопирање

Системот за Помош при итно сопирање (EBA) му помага на Transit Custom да постигне максимум ефективност на сопирање во итна ситуација. Системот чувствува колку ја притискате сопирачката и автоматски го зголемува притисокот доколку е потребно. За и повеќе се скрати дистанцата на запирање, новиот заден хидраулички засилувач создава дополнителен притисок на задните сопирачки за време на ургентно запирање кога ABS системот е активиран.

Континуирана заштита против превртување

Системот за Спречување на превртување (ROM) го набљудува Transit Custom и идентификува опасни услови за возење кои можат да предизвикаат превртување. Системот тогаш го активира ESP системот да интервенира, да ја контролира брзината и да ја поврати стабилноста.

Возачки и соваозачки, странични и предни воздушни перници

Новиот Transit е достапен со возачки и совозачки, странични и предни воздушни перници. Напредни сензори се позиционирани на клучни точки да обезбедат брза и контролирана реакција. Исто така, постои можност за исклучување на совозачкото воздушно перниче. Додека е исклучен, ќе биде прикажано предупредување за самото перниче.

Максимум држење на патот со минимален напор

Нашиот напреден систем за Контрола на влечењето (TCS) го елиминира непотребното вртење на тркалата во место и ви го дава најдоброто можно држење на патот, перформанси и стабилност, токму тогаш кога ви е најпотребно. Системот константно ја набљудува и ја прилагодува моќта која е испорачана до индивидуалните тркала на возилото обезбедувајќи максимален контакт и држење на патот кога забрзувате.

Контролна опција која се прилагодува на вашиот товар

Приспособлива контрола на товарот (LAC) го прилагодува ESP системот според тоа дали вашиот Transit Custom e товарен или нетоварен. Ова обезбедува контрола и стабилност во сите услови на натовареност.

СИГУРНОСТ

Може да одберете кои врати да ги отклучите а кои да ги заклучите

Transit има далечински систем за централно заклучување како стандрад, Овој нов систем за заклучување е побезбеден од било кога. Тоа е затоа што вие можете да отворите една индивидуална врата без автоматски да ги отклучите другите. Другите врати остануваат безбедно заклучени, се додека не го активирате копчето на возачката врата. Впрочем вие може да го користите ова копче за да го контролирате закључувањето или отклучувањето на сите врати на возилото.

Брави против пробивање на вратите

Сите брави на вратите се заштитени со против пробивен штит дизајниран да спречи тие да бидат скршени со бушење или со пробивање.

Врати кои самите се заклучуваат кога сте во движење

Кога поаѓате со комбето вратите автоматски ќе се заклучат во самиот момент на придвижување. Системот е стандардна опрема и може да се деактивира преку инструмент таблата. За ваша заштита, опремено е со опција за автоматско отклучување при случај на незгода. .

Две опции за алармни системи

Опционалниот периметарски аларм го заштитува вашето комбе доколку некој проба да ги отвори вратите или хаубата на сила. За уште поголема сигурност и заштита одберете Thatcham Category 1 алармен систем. Овој софистициран систем автоматски се активира кога ќе го заклучите возилото и може да биде предизвикан при провала, кога возилото е подигнато, или пак сензорите детектираат движење внатре во комбето.

Додатен, независен помошен аларм

Сирената за движење во рикверц служи како додатен, секундарен алармен систем кој доаѓа со Thatcham аларм опцијата. Ова ја активира сирената кога алармот е предизвикан и има сопствено напојување со што ќе биде активен иако некој го исклучи од главниот акумулатор.

ИЗГЛЕД И КАПАЦИТЕТ

Едно комбе, Безбројни варијанти

Еден, двајца или повеќе патници. Средно, Долго, Долго Продолжено или Jumbo Долго Продолжено меѓуоскино растојание. Висок, среден или низок кров. Изберете го новиот Transit и може да го конфигурирате вашето комбе да биде уникатно изработено за вашиот бизнис.

Van

Меѓуоскино растојание: L2 (Средно), L3 (Долго), L4 (Долго Издолжено) Висина на покрив: H2 (Среден Кров) и H3 (Висок Кров) GVM: 2900-4700kg Седишта: 2-3

KOMBI

Меѓуоскино растојание: L2 (Средно), L3 (Долго), L4 (Долго Издолжено) Висина на покрив: H2 (Среден Кров) и H3 (Висок Кров) GVM: 3100-4300kg Седишта: 2-9

Kombi Van

Меѓуоскино растојание: L2 (Средно), L3 (Долго), L4 (Долго Издолжено) Висина на покрив: H2 (Среден Кров) и H3 (Висок Кров) GVM: 3100-3500kg Седишта: 2-7

Chassis Cab

Меѓуоскино растојание: L1 (Кратко), L2 (Средно), L3 (Долго), L4 (Долго Издолжено), L5* (Jumbo Долго Издолжено) Висина на покрив: H1 (Низок Кров) Седишта: 2-3

Double Chassis Cab

Меѓуоскино растојание: L2 (Средно), L3 (Долго), L4 (Долго Издолжено), L5* (Jumbo Долго Издолжено) Висина на покрив: H1 (Низок Кров) Седишта: 2-7

BUS M2

Ford Easy Fuel

Меѓуоскино растојание: L2 (Средно), L3 (Долго), L4 (Долго Издолжено), Висина на покрив: H2 (Среден Кров) и H3 (Висок Кров) GVM: 3500-4600kg Седишта: 11-18